Македонија
Владата и СОНК го продолжуваат дијалогот за изнаоѓање решение за раст на платите во образование

Published
1 месец agoна
By
Media Press
Владата и претседателството на СОНК, придружено со претставници на дел од регионалните одбори на синдикатот во текот на претстојниот викенд остануваат во комуникација за да се најде взаемно прифатливо и достоинствено решение за одредено зголемување на платите во образованието и предучилишното воспитување и згрижување.
На состанокот во Владата, претставена од премиерот Димитар Ковачевски, и претставниците на СОНК се договорија во наредните денови да се утврди процентот за зголемување на платата кое ќе се испланира и потенцијално реализира со ребалансот на Буџетот, по што учениците од основното и средното образование од понеделник би се вратиле во училишните клупи, а децата од предучилишното воспитување и згрижување во градинките.
На состанокот во Владата дополнително се разговараше веднаш да започне сеопфатен дијалог, со активно учество на синдикатот, за трајно решавање на континуираниот раст на платите.
Владата, истакна на состанокот премиерот Димитар Ковачевски, е отворена за дијалог за постигнување систем за раст на платите кој нема да биде условен и предизвикуван од штрајкови и незадоволства и со кој ќе се обезбеди модел за раст на платите во јавниот сектор, кој како со договорот за минималната плата, ќе се врзе за порастот на просечната плата и со порастот на трошоците за живот.
Поврзани содржини
Дијалогот со СОНК продолжува договорена следна средба на 17 мај
Училишните клупи сè уште празни, учениците трета недела не одат на училиште
Се укинуват Ковид-19 ограничувањата, влез и излез во земјава без приложување сертификат
Владата го повикува СОНК да го прифати покачувањето на платите од 10%, учениците треба да се вратат во училиштата
Владата одобри влез и престој на странски вооружени сили во Македонија за учество во вежбата „Swift Response – 22“
Владата го ограничи извозот на одделни житарици, брашно, сончоглед и сончогледови масла
Македонија
Платите во образование од септември ќе бидат зголемени во просек од над 3.500 денари

Published
1 ден agoна
мај 18, 2022By
Media Press
Дијалогот помеѓу Владата и Синдикатот за образование, наука и култура успешно заврши. Постигнат е договор за зголемување на платите во образованието во висина од 15 отсто, од септември оваа година, односно зголемување во просек од над 3.500 денари, во време на најголема светска економска криза, информираат од СДСМ.
„Ова зголемување на платите е најголемото досега и заедно со досегашните 21% зголемување е историски најголемата поддршка на вработените во образованието.
До пред само 5 години, максималното зголемување на платите беше 4%, без глобални кризи.
Сега, во услови на најголема економска и енергетска криза, покрај огромното процентуално зголемување, на вработените во образованието, преку колективните договори ќе им се овозможи и усогласување со минималната плата како и други придобивки. Воедно, ќе се дефинира методологија за континуиран раст на платите со што ќе се заштити стандардот на наставниците и ќе се овозможи континуирано зголемување на плата без потреба од дополнителна владина, институционална или политичка интервенција“, вели премиерот Ковачевски во својата објава на социјалните мрежи.
Тој апелираше до СОНК за брзо и целосно прифаќање на договорените услови и одговорност, за да можат надлежните институции да продолжат со потребните активности за реализација на покачувањето
Македонија
Дијалогот со СОНК продолжува договорена следна средба на 17 мај

Published
6 дена agoна
мај 13, 2022By
Media Press
Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска вчера оствари средба со претседателот на СОНК, Јаким Неделков, на која присуствуваа и претставници на синдикатот и Министерството за труд и социјална политика.
На средбата како што информираат од МТСП се разговарало за барањата кои се дел од одлуката за штрајк на вработените во детските градинки, а за кои во изминатиот период не бело отворена дискусија.
Исто така, се отворило и прашањето за платите на вработените за време на штрајк.
На состанокот било договорено дека дијалогот продолжува и воедно се договорила следна средба на 17.мај со цел изнаоѓање на решенија во рамки на позитивните законски прописи.
Страните разговарале и за формирање на работна група за нов Колективен договор за предучилишните установи, чија важност истекува со месец јуни.
„Новиот Колективен договор треба да понуди нови решенија кои ќе значат унапредување на предучилишното згрижување и воспитување“, вели министерката Тренчевска.
Македонија
Македонската претставничка Андреа Коевска не успеа да се избори за пласман во големото финале на Евросонг

Published
6 дена agoна
мај 13, 2022By
Media Press
Македонската претставничка на Евровизија 2022 Андреа Коевска не успеа да се пласира во финалето по настапот синоќа на евровизиската сцена во Торино.
Во второто полуфинале на Евровизија 2022 настапија 18 земји а само десет се изборија за место во финалето.
Македонската претставничка ја испеа „Circles“ во рамките на втората полуфинална вечер, но за жал не успеа да се избори за пласман во големото финале на Евросонг во Торино и се враќа дома.
Андреа настапи под реден број 11 и ја претставуваше Македонија.
Нејзиното учество беше неизвесно откако таа случајно или не, го фрли знамето на тиркизниот килим на отворањето на Евровизија за да се фотографира без него. Тоа предизвика лавина негативни коментари и осуда од јавноста, но и од Македонската Радио Телевизија.

ООУ Крсте Петков Мисирков од Радовиш потпиша договор за збратимување со училиште од Ташкопру, Општина Јалова од Турција

Пожарникарите од ТППЕ од Радовиш одржаа показна вежба за брза интервенција при појава на пожар

ОО на СДСМ, Радовиш: Поминаа шест месеци локална власт на ВМРО -ДПМНЕ во Радовиш, нови проекти нема

Платите во образование од септември ќе бидат зголемени во просек од над 3.500 денари
