Василево

Градоначалникот Андонов најави градежна офанзива во општина Василево

„Денешната активност е вовед во градежната офанзива кој следува во наредните десетина денови  кога ќе бидат асфалтирани над 3 км  локални улици и патишта во вкупна вредност од околу 30 000  000 денари“, изјави градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, кој во придружба на дел од пратениците во Републичкото собрание и членови на Советот на општина Василево присуствуваше на почетокот на асфалтирањето на улицата во Градашорци која води од Домот на културата кон индустриската зона.

Градежната компанија ангажирана од Општина Васиево започна со асфалтирање на улицата во населеното место Градашорци, која води од Домот на културата кон индустрискта зона во должина од 432 метри и ширина од 5 метри од кои 3,5 се асфалтна лента и банкини од двете страни по околу 0,75 м.

Вкупниот буџет за реализација на овој проект изнесува 2 493 495 денари, средства кои општина Василево ги обезбеди преку Проектот за поврзување на локални патишта кој се реализира од страна на Министерството за транспорт и врски со финансиска поддршка од Светска Банка.

„На терен, преку  конкретни дела ствараме подобри услови за нашите сограѓани. Нивните потреби, барања и приоретите се наша обврска на чие реализирање, посветено работам од првиот ден на мандатот“, изјави градоначалникот Андонов на стартот,  на како што ја нарече, градежната офанзива во општина Василево.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago