Македонија

Влада: Платите во образование зголемени од 3.200 до 6.400 денари

Вработените во образованието и во детската заштита и воспитание и денеска штрајкуваат.  Еден од врвните приоритети на Владата е

Од Владата реагираат дека еден од врвните приоритети име е континуиран раст на платите на наставниците и воспитувачите и негователите, но  барањата треба да бидат реални и да произлегуваат од чувството кое го налага моментот.

„Со конструктивен дијалог со синдикатите кои се наш силен партнер, платите на вработените во образованието и во детската заштита во периодот од 2017 до 2022 година се зголемени за 21%. Со последните зголемувања, наставник/чка во основно образование сега зема плата од 24.786 денари, плус минат труд, што е зголемување за 3.267 денари плус минат труд, за разлика од 2016 година кога неговата плата изнесувала 21.521 денар. Кај наставниците во средно образование платата сега изнесува 25.642 денари и е зголемена за 4.353 денари плус минат труд.  

Изминатиот период од 2017 до 2022 година со воведувањето на новата методологија за пресметка беше постигнато најголемото зголемување на платите на вработените во градинките.

Во 2017 година неговател/ка во градинка земаше 14.493 денари плата. Во 2022 просечно исплатена плата за месец февруари на неговател/ка е 19.560 денари плус минат труд. Разликата е 5.067 денари повеќе на сметката на овие вработени, плус додатокот за минат труд. Платата на воспитувач/ка во градинка во 2017 година изнесувала 19.200 денари, додека во 2022 година, 25.642 денари плус додатокот за минат труд. Зголемувањето овде е 6.442 денари, плус минатиот труд, информираат од Влада од каде додаваат дека  Владата е отворена за дијалог за постигнување систем за раст на платите кој нема да биде условен и предизвикуван од штрајкови и незадоволства.

„Барањата треба да бидат реални и да произлегуваат од чувството кое го налага моментот. Во услови на исклучителна светска економска криза која не заобиколи ниту една земја, па ниту нашата, Владата во заеднички дијалог со репрезентативните синдикати продолжува да обезбедува системски решенија со кои ќе го продолжи зголемувањето на платите за вработените во училиштата и градинките“, додаваат од Влада.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

ЈП „Паркиралишта Струмица“ започнува со активности за обновување и одржување на семафорската сигнализација

ЈП „Паркиралишта Струмица“ започнува со активности за тековно одржување, санација и подобрување на функционалноста на…

3 часа ago

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

1 ден ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

1 ден ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

1 ден ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

4 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

4 дена ago