Радовиш
Известување од Здружението МОБИЛНОСТ РАДОВИШ

Published
1 месец agoна
By
Media Press
MЕЃУОПШТИНСКОТО ЗДРУЖЕНИЕ НА ТЕЛЕСНО ИНВАЛИДИЗИРАНИ ЛИЦА НА ОПШТИНИТЕ РАДОВИШ И КОНЧЕ МОБИЛНОСТ РАДОВИШ Радовиш, ГИ ИЗВЕСТУВА СВОИТЕ ЧЛЕНОВИ КОИ СЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ОДМОР И ОПОРАВОК ВО АПАРТМАНИТЕ ВО ОХРИД ЗА СЕЗОНАТА 2022 ГОД. СВОИТЕ МОЛБИ ЌЕ МОЖАТ ДА ГИ ДОСТАВАТ ВО ПРОСТОРИИТЕ НА ЗДРУЖЕНИЕТО од 15.04 – 30.04.2022 год.
ЗА КОРИСНИЦИТЕ НА СОЦИЈАЛНА ПОМОШ КЕ СЕ ИСПЛАКА НАДОМЕСТ ЗА ХРАНАРИНА , НО ПРИТОА СО ДОСТАВЕНАТА МОЛБА, ПОДНОСИТЕЛОТ ТРЕБА ДА ДОСТАВИ И ПОТВРДА ОД ЦЕНТАРОТ ЗА СОЦИЈАЛНИ РАБОТИ ДЕКА Е КОРИСНИК НА СОЦИЈАЛНА ПОМОШ.
СМЕНАТА ЗА КОРИСТЕЊЕ НА АПАРТМАНИТЕ ЗА ОДМОР И ОПОРАВОК ВО ОХРИД, ЗА ЧЛЕНОВИТЕ НА МОБИЛНОСТ РАДОВИШ Е ОД 21.09 до 29.09.2022 година, стои во соопштението од Меѓуопштинското здружение на телесно инвалидизирани лица на Општините Радовиш и Конче Мобилност Радовиш.
Просториите на здружението се отворени во ПОНЕДЕЛНИК, СРЕДА И ПЕТОК од 10 – 13 ч.
Поврзани содржини
Општина Радовиш додели новогодишни пакетчиња на Здружението „Мобилност“
Важна информација за членовите и корисниците на сервисните служби на РЦПЛИП – ПОРАКА!!!
385 лица не ја почитувале мерката за лична заштита на лице
ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ПРАВОСЛАВНИТЕ ВЕРНИЦИ ОД РАДОВИШ ПО ПОВОД ДУХОВДЕНСКАТА ЗАДУШНИЦА
Општина Радовиш донесе одлука за затворање на Градскиот Пазар
Мерки и активности преземени од градоначалникот Конзулов за заштита од Корона вирус
Радовиш
No backpack day – Ден без ранци. Настан на средношколците од СОУ “Коста Сусинов” Радовиш

Published
1 месец agoна
април 3, 2022By
Media Press
По повод денот „Први април – ден на шегата“ во Средното општинско училиште Коста Сусинов во Радовиш се одржа “anything but backpack day” настан во кој задача учениците беше да носат книги во сѐ освен ранци.
Погледнете ги креативните решенија на овој предизвик
Радовиш
Приведени двајца разбојници од Радовиш, кај нив е пронајдена и бела прашкаста материја

Published
2 месеци agoна
април 2, 2022By
Media Press
Полициски службеници од Полициската станица Радовиш, денес ги лишиле од слобода Д.Ц од Радовиш и А.Ѓ. од село Ораовица, радовишко, поради сомнение дека околу 05.00 часот на раскрсница од улиците „22-ри Октомври“ и „Коста Сусинов“ во Радовиш од В.Ѓ. присилно одзеле пари.
„По извршен преглед, кај А.Ѓ. била пронајдена бела прашкаста материја, а при претрес во дом и други простории кои ги користи А.Ѓ., извршени по Наредба на Основен суд Радовиш, било пронајдено уште едно пакување со бела прашкаста материја и ќесе со марихуана.
Лицата се задржани во Полициската станица Радовиш и по целосно документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.“ – стои во соопштението од Министерството за внатрешни работи
Радовиш
ЈАВЕН ПОВИК до невработените лица од Општина Радовиш за вклучување во обуки за асистенти за нега на лица со Алцхајмерова болест

Published
2 месеци agoна
март 4, 2022By
Media Press
ЈАВЕН ПОВИК до евидентирани невработени лица од Општина Радовиш за вклучување во бесплатни обуки за: Асистент за нега на лица со Алцхајмерова болест. Од Црвен Крст од Радовиш кој е давател на услугата ги повикуваат сите заинтересирани лица да се се пријават во работниот клуб на Центарот за вработување најкасно до 15 март, или до исполнување на предвидениот опфат.
За Црвен Крст – општинска организација Радовиш се предвидени 9 позиции за асистенти за нега на лица со Алцхјмерова болест со завршено минимум основно образование.
Обуките ќе се спроведуваат од страна на верификувани спроведувачи на обуки, и ќе започнат од месец април. За време на спроведувањето на обуката која ќе трае три месеци лицата ќе добиваат и паричен надомест.
“Лицата вклучени во обуките ќе добијат месечен надомест од 9 000 мкд, со вклучено осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионалнa болест и данок на личен доход за времетраењето на обуката.
-Невработените лица кои ќе ја завршат обуката и успешно ќе го положат предвидениот испит, ќе се стекнат со Сертификат издаден од верификуваните спроведувачи на обука пропишан од Министерство за образование и наука.
-Невработените лица кои ќе ја завршат обуката ќе се стекнат со можност за вработување како давател на социјални услуги кај селектираниот правен субјек/работодавач, согласно стручната обука со минимален износ на месечна бруто плата од 30 780 мкд“, стои во Јавниот повик.
При селекција на пријавените кандидати во обуките критериумите ги утврдуват селектираните субјекти/работодавачи во соработка со Центарот за вработување и УНДП.
Условите, правата и обврските ќе бидат уредени со склучување на договор помеѓу Агенцијата за вработување на Република Македонија, селектираниот правен субјект/работодавач, спроведувачот на обука и селектираните кандидати.
Заинтересираните невработени лица можат да го изразат својот интерес и/или да поднесат Пријава во Центарите за вработување, секој работен ден од 09:00 до 14:00 часот.
Детални информации за мерката може да се добијат во надлежниот Центар за вработување, на контакт телефоните: 070 384 046 и 071 329 534 или на е-маил адреса rabotaimoznosti.mk@undp.org

Промоција на трудот „ГАЈДАРСКАТА ТРАДИЦИЈА ВО РАДОВИШКО“ на авторот М-р Александар Ицов

Расчистено разбојништво во Радовиш, наместо пари од казино украле коверти со исплатени тикети

Околу 300 дечиња од ДГ„ Ацо Караманов“ од Радовиш се подготвуваат за одржување на големата завршна приредба

Активности со боева муниција на место викано „Караорман“, Општина Гевгелија
