Радовиш
Професорите се на работа, но настава не се одржува во средното училиште во Радовиш

Published
1 месец agoна
By
Media PressПрофесорите и наставниците се на работа, но настава не се одржува во средното и основните училишта во Општина Радовиш.
Празни училници и без ученици во училиштата. Учениците денеска немаат настава поради најавениот штрајк на професорите наставниците и воспитувачите кој денеска го започнаа големиот штрајк во образованието.
Генералниот штрајк во училиштата и градинките СОНК го организира бидејќи не е исполнето нивното барање веднаш да се зголемат платите на вработените во образованието и градинките за 18,4 проценти, односно нивно усогласување со порастот на миниманата плата, која од овој месец е зголемена од 15.200 на 18.000 денари, како и дополнително – минималната плата да биде основица со која ќе се множат коефицинетите на сложеност на работни места. Денеска штрајкуваа и вработените во СОУ „Коста Сусинов“ во Радовиш, од каде ни ги потврдија нивните барања поради кои се организира овој штрајк.

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири ќе повика на брзо решение, за штрајкот да заврши и наставата да продолжи.
„Го почитувам синдикалното право на штрајк, но тој треба да биде крајна одлука и последен чекор“, изјави министерот Шаќири и додаде дека социјалниот дијалог ќе продолжи и дека денеска или утре со СОНК ќе имаат средба.
Додека вицепремиерот Фатмир Битиќи вели дека СОНК се согласил дека мора да има шест месеци за усогласувањето на платите во образованието и не го испочитувал договорот.
Претседателот на СОНК Јаким Неделков вели дека уште од пред пет години платите морало да бидат усогласени со Законот за минимална плата но досега не биле усогласени.
Денеска штрајкуваа и вработените во ДГ Ацо Караманов во Радовиш, но според она што го дознаваме сите дечињата донесени во градинка сепак беа згрижени од вработените кои беа организирани.

Поврзани содржини
Штрајк на регионалните и локалните радиодифузери – прекин на програмата на секој час и неследење настани
Училишните клупи сè уште празни, учениците трета недела не одат на училиште
Владата го повикува СОНК да го прифати покачувањето на платите од 10%, учениците треба да се вратат во училиштата
МТСП: Згрижувањето и воспитанието на децата во градинките продолжува непречено
Штрајкуваат и вработните во основните училишта во Општина Радовиш
Ученици, вработени и останати граѓани дел од денешната крводарителска акција во СОУ ”Коста Сусинов” во Радовиш
Радовиш
Промоција на трудот „ГАЈДАРСКАТА ТРАДИЦИЈА ВО РАДОВИШКО“ на авторот М-р Александар Ицов

Published
16 часа agoна
мај 17, 2022By
Media Press
Народното творештво отсекогаш било плодна почва за научни и теоретски истражувања од повеќе аспекти. Едно од таквите научни истражување е магистарскиот труд „ГАЈДАРСКАТА ТРАДИЦИЈА ВО РАДОВИШКО“ на М-р Александар Ицов од Радовиш, со што гајдаџиството од радовишко како културно наследство конечно е сместено во книга.

Во рамките на Саемот на книги кој вчера беше отворорен во ОНБ Браќа Миладиновци, беше извршена промоција на првата книга од ваков вид во Радовиш.

Промотор на овој исклучително значаен труд за радовишкото фолклорно богатство беше Проф, д-р Драган Даутовски, а свој осврт за авторто даде и Томе Постолов професор по Македонски јазик и литература.

Во својот музички настап, м-р Александар Ицов беше поддржан од професор Александар Таушанов на гитара.
Радовиш
Расчистено разбојништво во Радовиш, наместо пари од казино украле коверти со исплатени тикети

Published
17 часа agoна
мај 17, 2022By
Media Press
Одделението за внатрешни работи Радовиш денеска поднесе кривична пријава против К.К. (27) од Радовиш поради сомнение дека сторил кривични дела разбојништво и спречување на докажување и против М.Т. (22) и О.А. (21), двајцата од радовишкото село Покрајчево, поради сомнение за разбојништво.
Како што информираат од МВР, на 9 мај годинава, во 4 часот, М.Т. и О.А. со закана со пиштол и нож кон вработени во казино на улица Свети Спасо Радовишки одзеле два коверта со исплатени тикети за кои сметале дека има пари.
По тоа, К.К. ги фрлил предметите со кое било извршено делото во канал во близина на селото Раклиш. По преземени мерки, полициски службеници од ОВР Радовиш ги пронашле предметите. Исто така, при претрес во домот во кој М.Т. живее под наем, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и две дробилки со остатоци од марихуана.
На 16 мај лицата биле лишени од слобода и во службен разговор со полициски службеници го признале делото. Во текот на денот тие ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка од Основен суд Струмица.
Радовиш
Околу 300 дечиња од ДГ„ Ацо Караманов“ од Радовиш се подготвуваат за одржување на големата завршна приредба

Published
2 дена agoна
мај 16, 2022By
Media Press
Околу 300 дечиња од ДГ „Ацо Караманов“ од Радовиш се подготвуваат за одржување на завршната приредба која традиционачно секој година се одржува по повод испраќањето на идните првачиња во прво одделение.
Овие денови односно на 16 и 18 мај се одржуваат генерланите проби за дечињата подготвени да се претстават пред своите родители и роднини.
„Завршната приредба ќе се одржи во четврток на 19 мај, со што на свечен начин околу 170 дечиња ќе бидат испратени во прво одделение“ рече диркеторката на градинката Љупка Тренчева, која активно беше вклучена во подготовките и генералните проби.


Промоција на трудот „ГАЈДАРСКАТА ТРАДИЦИЈА ВО РАДОВИШКО“ на авторот М-р Александар Ицов

Расчистено разбојништво во Радовиш, наместо пари од казино украле коверти со исплатени тикети

Околу 300 дечиња од ДГ„ Ацо Караманов“ од Радовиш се подготвуваат за одржување на големата завршна приредба

Активности со боева муниција на место викано „Караорман“, Општина Гевгелија
