Connect with us

Регион

Минатата година со најмал број на жртви во сообраќајот во последните 15 години

Media Press

Published

на

Министерството за внатрешни работи 2021 година ја прогласи за година со најмал број на жртви во сообраќајот во последните 15 години.

„Министерството за внатрешни работи, а со тоа и Секторот за внатрешни работи Струмица, во чија надлежност се СВР Струмица и Одделенија за внатрешни работи Радовиш, Гевгелија и Валандово безбедноста на учесниците во сообраќајот ја третира како приоритетен сегмент во работењето“, вели портпаролот на СВР Струмица Александра Трајанова.
„Како резултат на ваквото работење и преземањето на активностите 2021 година беше прогласена за година со најмал број на жртви во сообраќајот во последните 15 години, а ова беше случај и на подрачје на СВР Струмица.
Имено, во 2021 година бележиме намалување бројот на жртви во сообракајот за 50% споредбено со претходната година, односно за разлика од 2020 година кога на подрачје на овој сектор имало 16 жртви при случени сообраќајни незгоди, во 2021 година овој број изнесуваше 8, што претставува двојно намалување. Посебно би го нагласила фактот дека во 2021 година на подрачјето на Одделението за внатрешни работи Радовиш нема ниту една жртва при случени сообраќајни незгоди.
Позитивниот тренд во врска со бројот на жртви во сообраќајни незгоди го задржуваме и годинава, односно во првото тромесечје од 2022 година на подрачјето на секторот има 3 жртви,исто како и 2021 година, а во месец Март 2022 година нема ниту една жртва при случена несреќа, за разлика од Март минатата година кога имавме 2 жртви„ вели Трајанова во изјавата.
Воедно Секторот за внатрешни работи упатува благодарност до граѓаните и сите учесници во сообраќајот кои со своето однесување даваат придонес за поголема безбедност, која е во интерес на сите.

„Тоа е наша заедничка одговорност и сите заеднички мораме да го подигнеме нивото на сообраќајна култура, а како министерство тоа го правиме секојдневно, како преку превентивните, така и преку репресивните мерки спрема прекршителите на сообраќајните правила и прописи“ додава портпаролот Александра Трајанова.

Регион

Според полицискиот билтен, во казино во Радовиш закани кон вработена, во Конче нарушен јавниот ред и мир…

Media Press

Published

на

На 09.05.2022 во 04.00 часот во Полициската станица во Радовиш вработената А.Е. (33) пријавила дека во казино во Радовиш две лица со закани кон неа се обиделе да одземат пари од касата. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 08.05.2022 во 20.30 часот во Гевгелија полициски службеници од Полициската станица Гевгелија го лишиле од слобода Д.С. (19) од Гевгелија, кој агресивно се однесувал кон нив додека вршеле службени дејствија. За настанот бил запознаен Јавен обвинител од основното јавно обвинителство Гевгелија. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 08.05.2022 во 21.05 часот во Полициската станица Гевгелија Т.В. (71) од Гевгелија пријавил дека околу 21.00 часот во неговото дворно место бил физички нападнат од М.С. и Д.С. и двајцата од Гевгелија. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 08.05.2022 во 19.30 часот во Полициска станица Радовиш е пријавено дека во село Конче, радовишко, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помегу Е.А. (36) и К.У. (29) и двајцата од село Конче. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

На 08.05.2022 во 18.20 часот во Полициската станица Валандово З.З. (54) од село Грчиште, валандовско, пријавил дека во нива на место викано „Пештера“ во атар на село Грчиште бил физички нападнат од П.З. (58) од истото село. По целосно расчистување на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 08.05.2022 во 15.30 часот во Полициската станица Радовиш, В.М.(76) од Радовиш пријавила дека на улица „Јане Сандански“ во Радовиш била касната од куче скитник

Прочитај повеќе

Регион

Во акциска контрола на СВР Струмица констатирани 18 прекршоци за пешаци во сообраќајот

Media Press

Published

на

Вчера во периодот од 08.00 до 12.00 часот на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Струмица била спроведена акциска контрола за прекршоците што ги прават пешаци во сообраќајот.

Притоа, биле констатирани 18 прекршоци – преминување улица надвор од пешачки премин, од кои 8 во Струмица, 4 во Радовиш и по 3 во Гевгелија и Валандово. Сите констатирани прекршоци биле соодветно санкционирани.

Прочитај повеќе

Регион

Онлајн средба на медиумските работници од Југоисточниот регион: Почитување и унапредување на етичката рамка на известување

Media Press

Published

на

Подобрување и унапредување на етичката рамка за известување за поголема кредибилност на медиумите на пазарот и стекнување поголема доверба кај јавноста беше основата за дискусија на денешната онлајн средба на медиумските работници од Југоисточниот регион во земјава, заедно со Советот за етика во медиумите. На Средбата присуствуваа новинари, дописници и уредници кои дадоа свои видувања и размислувања за тоа како да се подобри етичкиот пристап на известување во услови кога медиумскиот простор е опкружен со контуинирани дезинформации и лажни вести.

,,Подобрување на етичкиот кодекс на известување значи и подобрување на бизнисот на медиумот. Со пласирање на информации кои се базирани на етичкиот кодекс добива кредибилитет и го подобрува угледот на пазарот, а паралелно ја зајакнува соработката со заедницата. Како Совет на етика овде сме да ги слушнеме мислењата од директните чинители, како што се новинарите за да укажат со кои проблеми се соочуваат и во која насока треба да се движиме за да ја подобирме етичката рамка, кажа Марина Тунева, извршна директорка на СЕММ

За етичките предизвици во медиумите и саморегулацијата зборуваше Мирче Адамчевски, претседател на Комисијата за жалби при Советот за етика. Тој повтонро укажа дека етичкиот кодекс најмногу се крши од страна на онлајн меидумите, каде што и понатаму се шират дезинформации, лажни вести, при што авторите најчесто го нарушуваат членот 1 од Кодексот, односно неетичко, нефер и неточно информирање.

,,Осумдесет проценти од претставките до нас во Комисијата се однесуваат на известување од онлајн меидуми. И понатаму има текстови со лаги, непроверени извори, сè почесто наидуваме на изразот  „се дознава“, без да се каже изворот, одат со сензационалистички наслови и на тој начин се манипулира јавноста и деградира новинарството“ рече Мирче Адамчевски.

Со наведување на неколку примери за кои добиле поплаки и претставки, Теофил Блажевски од Комисијата за жалби при СЕММ посочи на кои точки од етичкиот кодекс треба да се работи за да се унапреди начинот на известување.

,,Кај нас Кодексот е донесен во 2001 година. Но, секоја рамка треба да се унапредува. Анализирајки ги поплаките, сфативме дека треба да се размислува за да се подобрат членовите 1, 3, 7, 8, 9, 13 од Кодексот, за да нема заблуди при известувањето. Медиумите имаат голема улога, но притоа мора да се заштити јавноста од дезинформации, непрофесионално известување, посебно сега кога сè уште сме во пандемија, но и во услови кога има агресија над Украина“, рече Блажевски

Медиумските работници од Југоистокот се согласија дека етичката рамка треба да се унапреди, да се известува професионално без лажни вести и сензационализам. Паралелно побараа да се зајакне Регистарот на професионални онлајн медиуми, за да се укаже на заедницата кои интернет портали работат според етичкиот кодекс.

Онлајн средбата беше организиран во рамките на проектот ,,Поддршка на слободата на изразување во медиумите во Северна Македонија“, што го имплементира СЕММ а го финансира ЕУ и со поддршка преку програмата Цивика Мобилитас.

Прочитај повеќе