Радовиш
Како дел од проектот „Волонтерска порака 2022“ волонтерите од Црвен крст- Радовиш, денеска го уредија дворот на ДЦ Порака

Published
1 месец agoна
By
Media Press
Како дел од проектот „Волонтерска порака 2022“ волонтерите од Црвен крст Радовиш реализираа активност за хортикултурно уредување на дворот пред влезот на Дневниот центар Порака.
Корисниците на Дневниот центар Порака заедно со уште 10 волонтери од Клуб на млади поминаа неколку часа прекрасна дружба, како и разубавување на дворот со пролетни цвеќиња.

„Сите со голема желба да го дадат својот придонес во разубавување на ова катче вредно работеа од припрема на земјиштето во жардинериите чистење копање садење на садниците до нивно наводнување и расчистување на цело дворно место.Оваа заедничка дружба на корисниците и волонтерите на Црвен крст во ваков вид на активности ,е само еден пример дека сите можеме, знаеме и умееме заеднички да ставиме личен белег во создавање на пријатно катче за престој и работа на лицата со попреченост од нашата општина“ вели раководителот на дневниот центар Порака, Тања Костадинова.
„Со нетрпение очекуваме сите да видиме како ќе изгледа овој дел од дворот за неколку недели“, велат младите волонтери од Црвен крст, Радовиш и корисниците од дневниот центар Порака.


Поврзани содржини
Вредна парична донација за дневниот Центар Порака од рудниците Бучим и Боров Дол, како и новогодишни подароци за корисниците
Заеднички концерт на ФА Китка и децата од ДЦ Порака од Радовиш, во носии донација од Николајчо Николов
Незаборавно искуство на средношколците и на корисниците од ДЦ Порака кои беа дел од заеднички проект
Дедо мраз, за прв пат оваа година ги посети корисниците на ДЦ Порака во Радовиш
Одиграна премиерата на претставата ,,Волшебникот и пријателите” во која беа вклучени и дел од лицата со попреченост
Министерот Милевски во посета на Радовиш, градоначалникот Конзулов изрази благодарност за поддршката на ДЦ Порака
Радовиш
Промоција на трудот „ГАЈДАРСКАТА ТРАДИЦИЈА ВО РАДОВИШКО“ на авторот М-р Александар Ицов

Published
15 часа agoна
мај 17, 2022By
Media Press
Народното творештво отсекогаш било плодна почва за научни и теоретски истражувања од повеќе аспекти. Едно од таквите научни истражување е магистарскиот труд „ГАЈДАРСКАТА ТРАДИЦИЈА ВО РАДОВИШКО“ на М-р Александар Ицов од Радовиш, со што гајдаџиството од радовишко како културно наследство конечно е сместено во книга.

Во рамките на Саемот на книги кој вчера беше отворорен во ОНБ Браќа Миладиновци, беше извршена промоција на првата книга од ваков вид во Радовиш.

Промотор на овој исклучително значаен труд за радовишкото фолклорно богатство беше Проф, д-р Драган Даутовски, а свој осврт за авторто даде и Томе Постолов професор по Македонски јазик и литература.

Во својот музички настап, м-р Александар Ицов беше поддржан од професор Александар Таушанов на гитара.
Радовиш
Расчистено разбојништво во Радовиш, наместо пари од казино украле коверти со исплатени тикети

Published
16 часа agoна
мај 17, 2022By
Media Press
Одделението за внатрешни работи Радовиш денеска поднесе кривична пријава против К.К. (27) од Радовиш поради сомнение дека сторил кривични дела разбојништво и спречување на докажување и против М.Т. (22) и О.А. (21), двајцата од радовишкото село Покрајчево, поради сомнение за разбојништво.
Како што информираат од МВР, на 9 мај годинава, во 4 часот, М.Т. и О.А. со закана со пиштол и нож кон вработени во казино на улица Свети Спасо Радовишки одзеле два коверта со исплатени тикети за кои сметале дека има пари.
По тоа, К.К. ги фрлил предметите со кое било извршено делото во канал во близина на селото Раклиш. По преземени мерки, полициски службеници од ОВР Радовиш ги пронашле предметите. Исто така, при претрес во домот во кој М.Т. живее под наем, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и две дробилки со остатоци од марихуана.
На 16 мај лицата биле лишени од слобода и во службен разговор со полициски службеници го признале делото. Во текот на денот тие ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка од Основен суд Струмица.
Радовиш
Околу 300 дечиња од ДГ„ Ацо Караманов“ од Радовиш се подготвуваат за одржување на големата завршна приредба

Published
2 дена agoна
мај 16, 2022By
Media Press
Околу 300 дечиња од ДГ „Ацо Караманов“ од Радовиш се подготвуваат за одржување на завршната приредба која традиционачно секој година се одржува по повод испраќањето на идните првачиња во прво одделение.
Овие денови односно на 16 и 18 мај се одржуваат генерланите проби за дечињата подготвени да се претстават пред своите родители и роднини.
„Завршната приредба ќе се одржи во четврток на 19 мај, со што на свечен начин околу 170 дечиња ќе бидат испратени во прво одделение“ рече диркеторката на градинката Љупка Тренчева, која активно беше вклучена во подготовките и генералните проби.


Промоција на трудот „ГАЈДАРСКАТА ТРАДИЦИЈА ВО РАДОВИШКО“ на авторот М-р Александар Ицов

Расчистено разбојништво во Радовиш, наместо пари од казино украле коверти со исплатени тикети

Околу 300 дечиња од ДГ„ Ацо Караманов“ од Радовиш се подготвуваат за одржување на големата завршна приредба

Активности со боева муниција на место викано „Караорман“, Општина Гевгелија
