Connect with us

Конче

Учениците и родителите заеднички ќе го уредуваат училишниот двор во ООУ „Гоце Делчев“, Конче

Avatar

Published

на

ООУ „Гоце Делчев“ од Конче реализира проект со кој ќе го уредува училишниот двор кој се наоѓа позади училишната зграда. Овој прокет произлегол  како иницијатаива на учениците од ученичкиот парламен во училиштето, а е поддржан и од Општина Конче и ЈП Лакавица со механизација за расчистување на дворот. Од тие причини од училиштето апелираат и до родителите активно да се вклучат во завршната фаза на проектот.

„Сакаме да ве информраме дека проектот е во завршна фаза , фаза во кој треба да се вклучат и родителите. Потребна ни е Ваша помош во уредувањето. За таа цел организираме акција на ден 06.04.2022 година со почеток од 08:00 чаот. Поканети се сите родители кои сакаат да им помогнат на учениците и наставниците, во уредувањето на училишниот двор. Родителите кои ќе дојдат на акција со себе да си донесат мотика, лопата ,гребло или други сретства за работа. Од голема помош за уредувањето ќе биде ако ни донирате стари гуми, палети , растенија и слично кои ќе придонесат за поквалитетно уредување на училишниот двор“, апелираат од училиштето.

-Ајде заедно да ја поддржиме иницијативата на учениците и да си создадеме едно убаво место во кое сите ќе уживаме, а учениците ќе бидеме горди бидејќи е плод на нивна иницијатива! се додава во апелот.

Пред неколку дена во уредување на дел од училишниот двор во ООУ ,,Гоце Делчев”, активно се вклучи Општина Конче во соработка со ЈПКД ,,Лакавица” – Конче. При оваа акција беа расчистени сите растенија и дрвја кои неконтролирано го обраснале дворот, при што се створени услови за хортикултурно уредување.

Конче

Во завршна фаза е уредување на Улица ,,1″ во село Горни Липовиќ, Општина Конче

Avatar

Published

на

Општина Конче продолжува со изградба и уредување на пристапни патеки и улици во наслените места во општината. Во завршна фаза е уредување на Улица ,,1″ во село Горни Липовиќ, објави градоначалникот Златко Ристов на социјалните мрежи.

Претходно е завршено со изградба и уредување на прстапни патеки и улици во Конче, а сега продолжува овој проект по останатите населени места.

Прочитај повеќе

Конче

Ваучер од по 6.000 денари додели Општина Конче на сите првачиња од ООУ “Гоце Делчев” Конче

Avatar

Published

на

Ваучер од по 6.000 денари додели Општина Конче на сите првачиња од ООУ “Гоце Делчев” Конче, на првиот училишен ден, кој останува за паметење кај повеќе првоодделенчиња.

Со пригодна програма од учениците вработените во училиштетото им посакаа добредојде на првачињата.

Среќен почеток во новата учебна година на сите дечиња кои го прават првиот чекор во училишните клупи, посака и градоначалникот Златко Ристов, кој беше присутен на свеченоста за прием на првачињата.

„За таа цел заедно со Советот на општина Конче доделуваме ваучери по 6 000 денари кои денеска ги исплативме на сметките на родителите.Тука нема да застанеме и продолжуваме со подршка на учениците од ООУ “Гоце Делчев” Конче. Децата се нашата иднина“ вели градоначалникот Ристов.

Прочитај повеќе

Конче

Општина Конче ги известува граѓаните дека во четврток ќе се врши прскање против комарци

Avatar

Published

на

Општина Конче ги известува граѓаните дека во четврток ќе се врши ларвицидна дезинсекција и дезинсекција против возрасни комарци.

„Ве известуваме дека на ден 27.07.2023 година (Четврток) со почеток од 18 часот ќе се изврши ларвицидна дезинсекција, а дезинсекција против возрасни комарци во 20 часот. Се известуваат сопствениците на пчелни семејства да превземат соодветни мерки за заштита, односно да ги затворат истите во најавениот временски период. Благодариме за разбирањето!!“ стои во соопштението од Општина Конче.

Прочитај повеќе