Политика
Вучиќ прогласи победа во Србија, Орбан во Унгарија
Published
10 месеци agoна
By
Media Press
Вучиќ прогласи победа во првиот круг од претседателските избори, во Србија а унгарскиот премиер, Виктор Орбан, прогласи победа на изборите во Унгарија
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој изборниот ден го помина во штабот на Орбан, синоќа по полноќ, јавно му ја честита победата на социјалните мрежи.
Тој се фотографираше со унгарскиот премиер, Виктор Орбан, по победата на изборите во Унгарија.
„Голема победа за Виктор Орбан. Со среќа и успех нека е петтиот премиерски мандат, четврти по ред“, напиша Мицкоски.

Лидерот на ВМРО -ДПМНЕ му ја честита победата и на српскиот претседател Александар Вучиќ.
„Честитки и за убедливата победа на нашата сестринска партија СНС во Србија. Голема победа за Претседателот на Србија Александар Вучиќ“, напиша Мицкоски.
Претседателски кандидат на СНС, Александар Вучиќ, синоќа соопшти дека според податоците на неговата партија, од обработениот материјал освоил меѓу 59,9 и 60,1 отсто.

Поврзани содржини
Мицкоски за отварањето на клубот „Ванчо Михајлов” ја повика Меѓународната заедница и Брисел да стави крај на овие, неевропски егзибиции
Мицкоски до младите: Државниот апарат е сигурно најгласниот убиец на соништата на младите луѓе
Мицкоски: Ќе поднесеме Декларација во македонското Собрание за да го зацврстиме темелот за ликот и делото на Гоце Делчев
Чифлиганец го отвори прашањето – Вучиќ нареди да се потпише договор со кој македонските и српските граѓани ќе можат да купуваат недвижен имот во двете земји
Заборавете на привилегиите кои ги носи функцијата и од утре на работа, им порача Мицкоски на новите градоначалници
На одбележувањето на Илинден, Заев од Пелинце, Мицкоски од Ташмаруниште испратија пораки
Македонија
Од денеска Ковачевски нов премиер на Влада, ја презеде функцијата и кабинетот од Заев
Published
1 година agoна
јануари 17, 2022By
Media Press
Новоизбраниот претседател на Владата Димитар Ковачевски денеска ги презеде функцијата и кабинетот од досегашниот премиер Зоран Заев.
Премиерот во заминување Зоран Заев на претседателот на Владата на Република Македонија Димитар Ковачевски и на новите министри им посака успех во работата и исполнување на програмата и приоритетите на новата Влада за наредниот период.
„Функцијата која ја преземам денеска е голема обврска и одговорност кон граѓаните. Пред нас се предизвици на енергетски, социо-економски, здравствен план кои мора итно да почнеме да ги решаваме“, вели новиот премиер Ковачевски кој на досегашниот претседател на Владата Зоран Заев му се заблагодари за соработката.

Македонија
Ковачевски ги соопшти предлозите за членови на новата Влада
Published
1 година agoна
јануари 11, 2022By
Media Press
Претседателот на СДСМ и мандатар за состав на новата Влада, Димитар Ковачевски ги претстави кадровските решенија кои на негов предлог беа усвоени од страна на Централниот одбор на СДСМ на синоќешната седница.
За вицепремеир за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси е предложена Славица Грковска, поранешна пратеничка на СДСМ, за вицепремир задолжен за економски прашања коориднација на еконсмките ресори и инвестиции – актуелниот Фатмир Битиќи, а за вицепремиер за европски прашања е предложен Бојан Маричиќ.
За министер за одбрана е предложена Славјанка Петровска, пратеничка во СДСМ, порнаешен заменик министер за внатрешни работи во техничката влада, за министер за внатрешни работи – актуелниот Оливер Спасовски, за министер за правда проф. д-р Никокла Тупанчевски од Правниот факултет во Скопје, за министер за земјоделство Љупчо Николовски, кој и порано раководеше со овој ресор.
За министер за труд и социјална политика – Јована Тренчевска – директорка на Државниот инспекторат за труд. Министер за култура Бисера Костадинова-Стојчевска, актуелна пратеничка на СДСМ и претходно порофесор на Педагошкиот факултет при Универзитетот во Битола. За министер за транспорт и врски е предложен актуелниот Благој Бочварски.
Од сите нив, како што рече Ковачевски, очекува максимално посветена работа во интерес на граѓаните и остварување на ветеното.
Тој најави дека составот на Владата и владината програма денеска напладне ќе ги достави во Собранието до претседателот Талат Џафери.
– Новата влада ќе биде високо продуктивна во работењето, посветена на економските предизвици, како и на зајакнување на животниот стандард на граѓаните. Поставуваме навистина високи цели, но сигурен сум дека со многу работа и труд можеме да ги реализираме, изјави синоќа Ковачевски.
Избори 2021
ДИК ги објави конечните резултати од вториот изборен круг
Published
1 година agoна
ноември 4, 2021By
Media Press
Државната изборна комисија на вчерашната седница го донесе заклучокот за известување за конечност на резултати од гласањето за Избор на градоначалници на општините и Градоначалник на Град Скопје, по одржан втор изборен круг на ден 31.10.2021, за соодветните општини.
На гласањето во вториот изборен круг одржано на 31.10.2021 година се избрани градоначалници во следните општини:
Општина | Подносител на листа на кандидат за градоначалник | Име и презиме на избран градоначалник |
Арачиново | Демократска унија за интеграција – ДУИ | Ридван Ибраими |
Битола | ВМРО-ДПМНЕ и коалиција „Обнова на македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ | Тони Коњановски |
Боговиње | Демократска унија за интеграција – ДУИ | Бесник Емши |
Василево | ВМРО-ДПМНЕ и коалиција „Обнова на македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ | Славе Андонов |
Вевчани | ВМРО-ДПМНЕ и коалиција „Обнова на македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ | Спасе Кочовски |
Врапчиште | Коалиција алијанса за албанците и алтернатива | Исен Шабани |
Гевгелија | ВМРО-ДПМНЕ и коалиција „Обнова на македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ | Андон Сарамандов |
Гостивар | Коалиција алијанса за албанците и алтернатива | Арбен Таравари |
Дебрца | Група избирачи „Зоран Ногачески“ | Зоран Ногачески |
Демир Капија | Коалиција „Најдоброто за мојата општина“ предводена од СДСМ | Лазар Петров |
Демир Хисар | ВМРО-ДПМНЕ и коалиција „Обнова на македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ | Никола Најдовски |
Долнени | Демократска унија за интеграција – ДУИ | Урим Ибески |
Зелениково | ВМРО-ДПМНЕ и коалиција „Обнова на македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ | Коста Маневски |
Карпош | Граѓанска опција за Македонија – ГРОМ | Стевчо Јакимовски |
Кичево | Демократска унија за интеграција – ДУИ | Фатмир Дехари |
Кратово | ВМРО-ДПМНЕ и коалиција „Обнова на македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ | Тодорче Николовски |
Куманово | Група избирачи „Максим Димитриевски“ | Максим Димитриевски |
Лозово | ВМРО-ДПМНЕ и коалиција „Обнова на македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ | Бошко Цветковски |
Македонска Каменица | ВМРО-ДПМНЕ и коалиција „Обнова на македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ | Димчо Атанасовски |
Македонски брод | ВМРО-ДПМНЕ и коалиција „Обнова на македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ | Жарко Ристески |
Ново Село | ВМРО-ДПМНЕ и коалиција „Обнова на македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ | Ѓорѓе Божинов |
Охрид | ВМРО-ДПМНЕ и коалиција „Обнова на македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ | Кирил Пецаков |
Пехчево | ВМРО-ДПМНЕ и коалиција „Обнова на македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ | Александар Китански |
Радовиш | ВМРО-ДПМНЕ и коалиција „Обнова на македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ | Ацо Ристов |
Ранковце | ВМРО-ДПМНЕ и коалиција „Обнова на македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ | Борче Спасовски |
Ресен | ВМРО-ДПМНЕ и коалиција „Обнова на македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ | Јован Тозиевски |
Росоман | Коалиција „Најдоброто за мојата општина“ предводена од СДСМ | Стојан Николов |
Струга | Демократска унија за интеграција – ДУИ | Рамис Мерко |
Теарце | Демократска унија за интеграција – ДУИ | Нухи Незири |
Тетово | Движење БЕСА | Биљал Касами |
Центар | Коалиција „Најдоброто за мојата општина“ предводена од СДСМ | Горан Герасимовски |
Чаир | Демократска унија за интеграција – ДУИ | Висар Ганиу |
Чашка | Коалиција „Најдоброто за мојата општина“ предводена од СДСМ | Горан Стојановски |
Чучер Сандево | Коалиција „Најдоброто за мојата општина“ предводена од СДСМ | Сашко Комненовиќ |
Град Скопје | Група избирачи „Данела Арсовска“ | Данела Арсовска |

Започна реновирањето на ПУ „Атанас Нивичански“ во Висока Маала, Општина Василево

Повторно пријава за физичка пресметка помеѓу две лица во Калаузлија

Дискусија на седница на Совет на Општина Радовиш, се бара решение на проблемот околу погребалните услуги

Двајцата министри се договорија за мирно чествување на роденденот на Гоце Делчев на 4 февруари
