Connect with us

Радовиш

Шаренило од маски и бои на традиционалната Априлијада денеска во Радовиш

Media Press

Published

на

Шаренило од маски и бои на традиционалната„ Априлијада“ денеска во Радовиш, манифестација која во изминатите две години се одбележуваше скромно, во образовните институции, поради пандемијата со Ковид-19. На радост и на дечињата и на возрасните годинава повторно заживеа по улиците и на плоштадот во Радовиш.

Дечињата од ЈОУДГ „Ацо Караманов“ како и учениците од општинските основни училишта, беа дел од денешната манифестација која заличи на карневал на детската фантазија. Дефилето започна од пред општинската зграда, по улица „22 Октомври“ се до плоштадот Свети Спасо Радовишки, каде се претставија сите маски.

Плоштадот во Радовиш буквално беше претворен во пролетен мозаик и кошница исполнета со разнобојни цветови, пчелички, кловнови, волшебници, и многу други маски, коишто беа дел од традиционалната „Априлијада“.

Во име на Градоначалникот на општина Радовиш, присутните ги поздрави Секретарот на општина Радовиш, Љупче Почивалец изразувајќи благодарност и упатувајќи честитки до сите учесници за нивната креативност како и до нивните ментори, наставници, воспитувачи и негователи.

Дечињата од градинките главно беа маскирани од рециклирани материјали со што се даде акцент за заштита на животната средина, а учениците од ООУ „Кирил и Методиј“ беа маскирани во „Вреќа брашно и подарок масло“, инспирирани од актуелната тема во овој период на економска криза кога граѓаните масовно купуваа брашно и масло.

Радовиш

Промоција на трудот „ГАЈДАРСКАТА ТРАДИЦИЈА ВО РАДОВИШКО“ на авторот М-р Александар Ицов

Media Press

Published

на

Народното творештво отсекогаш било плодна почва за научни и теоретски истражувања од повеќе аспекти. Едно од таквите научни истражување е магистарскиот труд  „ГАЈДАРСКАТА ТРАДИЦИЈА ВО РАДОВИШКО“ на  М-р Александар Ицов од Радовиш, со што гајдаџиството од радовишко како  културно наследство конечно е сместено во книга.

 Во рамките на Саемот на книги кој вчера беше отворорен во ОНБ Браќа Миладиновци, беше извршена промоција на првата книга од ваков вид во Радовиш.

Промотор на овој исклучително значаен труд за радовишкото фолклорно богатство беше Проф, д-р Драган Даутовски, а свој осврт за авторто даде и Томе Постолов професор по Македонски јазик и литература.

Во својот музички настап, м-р Александар Ицов беше поддржан од професор Александар Таушанов на гитара.

Прочитај повеќе

Радовиш

Расчистено разбојништво во Радовиш, наместо пари од казино украле коверти со исплатени тикети

Media Press

Published

на

Одделението за внатрешни работи Радовиш денеска поднесе кривична пријава против К.К. (27) од Радовиш поради сомнение дека сторил кривични дела разбојништво и спречување на докажување и против М.Т. (22) и О.А. (21), двајцата од радовишкото село Покрајчево, поради сомнение за разбојништво.

Како што информираат од МВР, на 9 мај годинава, во 4 часот, М.Т. и О.А. со закана со пиштол и нож кон вработени во казино на улица Свети Спасо Радовишки одзеле два коверта со исплатени тикети за кои сметале дека има пари.

По тоа, К.К. ги фрлил предметите со кое било извршено делото во канал во близина на селото Раклиш. По преземени мерки, полициски службеници од ОВР Радовиш ги пронашле предметите. Исто така, при претрес во домот во кој М.Т. живее под наем, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и две дробилки со остатоци од марихуана.

На 16 мај лицата биле лишени од слобода и во службен разговор со полициски службеници го признале делото. Во текот на денот тие ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка од Основен суд Струмица.

Прочитај повеќе

Радовиш

Околу 300 дечиња од ДГ„ Ацо Караманов“ од Радовиш се подготвуваат за одржување на големата завршна приредба

Media Press

Published

на

Околу 300 дечиња од ДГ „Ацо Караманов“ од Радовиш се подготвуваат за одржување на завршната приредба која традиционачно секој година се одржува по повод испраќањето на идните првачиња во прво одделение.

Овие денови односно на 16 и 18 мај се одржуваат генерланите проби за дечињата подготвени да се претстават пред своите родители и роднини.

„Завршната приредба ќе се одржи во четврток на 19 мај, со што на свечен начин околу 170 дечиња ќе бидат испратени во прво одделение“ рече диркеторката на градинката Љупка Тренчева, која активно беше вклучена во подготовките и генералните проби.

Прочитај повеќе