Гевгелија
Апел за помош на Перо Рујковски од Миравци која донираше крвна плазма за болни од ковид а сега му е потребна помош за лекување

Published
2 месеци agoна
By
Media Press
Перо Рујковски од гевгелиско Миравци кој во неколку наврати донираше крвна плазма за болни од Ковид-19 во земјава, бара помош за физикална терапија. Како што ни изјави потребни му се средства за лекување со оглед на проблемот со левиот бубрег но и силните болки во пределот на половината заради што тешко се движи. Како што вели тој е невработен и има четири деца и тешко врзува крај со крај па се замолува сите добронамерни луѓе и институции да донираат за помош
,, Не сум во можност да ги набавам ниту потребните лекови а камоли да одам на физикална. Затоа се обраќам за помош до сите оти верувам дека постои хуманоста и верувам во неа,, ни изјави Рујковски кој ја приложи и својата трансакциска сметка за донации.
Перо вели дека во Гевгелија на државно немало физикална, па затоа морал да оди до Негорски бањи, а секое одење до таму го чинело 500 денари, а рој самиот и семејството живеат од социјална помош.


Поврзани содржини
Гевгелија
Активности со боева муниција на место викано „Караорман“, Општина Гевгелија

Published
2 дена agoна
мај 16, 2022By
Media Press
Одделението за внатрешни работи Гевгелија ги информира жителите на Гевгелија и околните населени места дека во деновите 19.05.2022 и 22.05.2022 година во времето од 07.00 до 15.00 часот ќе спроведе активности со боева муниција на место викано „Караорман“.
Гевгелија
Приведени четворица разбојници во Гевгелија, определен притвор

Published
3 недели agoна
април 27, 2022By
Media Press
На 26.04.2022 во Гевгелија, полициски службеници од Полициската станица Гевгелија ги лишиле од слобода А.К.(23) од село Прдејци, гевгелиско, Л.Б.(23) од Гевгелија, Р.В.(28) од село Стојаково, гевгелиско и С.М.И.(29) од Гевгелија. Тие, вчера околу 01.00 часот на улица „Миле Пецанов“ во Гевгелија физички го нападнале Ј.К.(22) од Неготино и одзеле патничко моторно возило „бмв“ со неготински регистарски ознаки, пари, мобилен телефон и други предмети кои биле во возилото.
За настанот бил запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, а во текот на вчерашниот ден против лицата била поднесена кривична пријава поради сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“ по член 237 став 4 од Кривичниот законик, по што од судија на претходна постапка им била определена мерка домашен притвор, информира МВР.
Гевгелија
При претрес кај осудено лице била пронајдена марихуана

Published
3 месеци agoна
март 2, 2022By
Media Press
Вчера во 10.00 часот во ОВР Гвгелија, од Казнено-поправната установа „Затвор Гевгелија“ било пријавено дека при претрес кај осудено лице била пронајдена марихуана. Полициски службеници извршиле увид и ја одзеле дрогата за понатамошна постапка.
По целосно документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава, информира СВР Струмица.

Промоција на трудот „ГАЈДАРСКАТА ТРАДИЦИЈА ВО РАДОВИШКО“ на авторот М-р Александар Ицов

Расчистено разбојништво во Радовиш, наместо пари од казино украле коверти со исплатени тикети

Околу 300 дечиња од ДГ„ Ацо Караманов“ од Радовиш се подготвуваат за одржување на големата завршна приредба

Активности со боева муниција на место викано „Караорман“, Општина Гевгелија
