По повод меѓународниот ден на шегата 1 -ви Април,
Општина Радовиш и ЦК „Ацо Караманов“ од Радовиш и годинава ќе ја организираат
традиционалната Априлијада на радост на сите дечиња од општината.
Априлијадата ќе биде организирана на 1-ви
Април, петок со почеток од 10:30 часот.
Според програмата почетното дефиле ќе
започне од пред зградата на Општина Радовиш
во 10:30 часот и ќе продолжи по улица 22 Октомври се до плоштадот Свети
Спасо Радовишки, каде во 11 часот
поздравно обраќање на манифестацијата ќе има градоначалникот Ацо Ристов.
Потоа ќе следува поединечно претставување на поединечни и групни маски по
претходно утврден редослед и доделување на признанија.
Во годинашната Априлијада ќе бидат вклучени
дечињата од ДГ „Ацо Караманов“ од Радовиш и дечињата од сите основни училишта
од општината, од Никола Карев и Крсте Петков Мисирков од Радовиш, Кирил и Методиј
од Ораовица, Коста Рацин од Подареш и Орце Николов од Ињево.
Оваа активност е предвидена согласно донесените годишни Програми и ативности на Општина Радовиш во областа на културата.
Традиционално Меѓународниот ден на шегата 1-ви Април или „Априлијада“ се одбележуваше секоја година, но поради пандемијата од Ковид- 19 во изминатите две години оваа манифестација се сведе на одбележување во градинките и училиштата, без групирање и масовност.