Connect with us

Радовиш

Годинава во Радовиш ќе се одржи традиционалната манифестација „Априлијада 2022“

Avatar

Published

на

По повод меѓународниот ден на шегата 1 -ви Април, Општина Радовиш и ЦК „Ацо Караманов“ од Радовиш и годинава ќе ја организираат традиционалната Априлијада на радост на сите дечиња од општината.

Априлијадата ќе биде организирана на 1-ви Април, петок со почеток од 10:30 часот.

Според програмата почетното дефиле ќе започне од пред зградата на Општина Радовиш  во 10:30 часот и ќе продолжи по улица 22 Октомври се до плоштадот Свети Спасо Радовишки, каде во 11 часот  поздравно обраќање на манифестацијата ќе има градоначалникот Ацо Ристов. Потоа ќе следува поединечно претставување на поединечни и групни маски по претходно утврден редослед и доделување на признанија.

Во годинашната Априлијада ќе бидат вклучени дечињата од ДГ „Ацо Караманов“ од Радовиш и дечињата од сите основни училишта од општината, од Никола Карев и Крсте Петков Мисирков од Радовиш, Кирил и Методиј од Ораовица, Коста Рацин од Подареш и Орце Николов од Ињево.

Оваа активност е предвидена согласно донесените годишни Програми и ативности на Општина Радовиш во областа на културата.

Традиционално Меѓународниот ден на шегата 1-ви Април или „Априлијада“ се одбележуваше секоја година, но поради пандемијата од Ковид- 19 во изминатите две години оваа манифестација се сведе на одбележување во градинките и училиштата, без групирање и масовност.

Радовиш

Винарија Кукутанов е нова радовишка винска приказна

Avatar

Published

на

Долгoгодишното искуство за правење на вино, силната винска страст и поволните климатски услови во радовишкото поднебје, придонесоа за отворањето на Винарија Кукутанов, која веќе на самиот почеток со своите високо квалитетни вина се наметнува на домашниот и регионалниот пазар.

Со капацитет за производство од 30.000 шишиња годишно, Винарија Кукутанов е нова радовишка винска приказна за која тек ќе се зборува. За почеток, фокусот е на добропознатите Шардоне и Р’кацители, уникатното Розе, добиено од автохтоната сорта на грозје Радовишка (Ж’та) прачка и елегантното Мерло „зачинето“ со радовишки тероар, вина наменети за страсните љубители на винoто. Уникатноста и квалитетот на Кукутанов вината се нивен заштитен знак, а оние кои еднаш ќе ги пробаат им остануваат верни.

Прочитај повеќе

Радовиш

Изложбата на фотографии „Рурална жена низ објективот“ на Лејла Куртов, за прв пат се одржа во Радовиш, во организација на Центар за култура „Ацо Караманов“ Радовиш

Avatar

Published

на

Изложбата на фотографии „Руралната жена низ објективот“ на авторката Лејла Куртов од Конче, за прв пат се одржа во Радовиш. На изложбата посветена на руралната жена, која предизвика голем интерес во јавноста, присуствуваа голем број радовишани. Во интервју за телевизија Кобра, Лејла вели дека пораката која ја испраќа преку објективот е да се срушат стереотипите за руралната жена.

Лејла доаѓа од урбана средина односно од Скопје, но го наоѓа својот мир и спокој во рурална средина како што е Конче каде е мажена и има свое семејство и работа. Работи како воспитувач во детската градинка во Конче.

Изложбата беше во оргaнизација на Центарот за култура Ацо Караманов од Радовиш, а беше заокружена со музика како изненадување од модераторот Златко Јанкулов кој ја најави изложбата.

Изложбата е составена од 19 фотографии кои опишуваат 17 животни приказни на руралните жени од Општина Конче, од македонска и турска националност, секоја со своите традиции.

Прочитај повеќе

Радовиш

Обука за препознавање и воспитно-образовна работа со деца во социјален ризик, се одржа во Радовиш

Avatar

Published

на

Општинскиот совет за превенција на детско престапништво во Општина Радовиш вчера организираше еднодневна обука за препознавање и воспитно-образовна работа со деца во социјален ризик, која се одржа во ресторан Леона Лукс во Радовиш. Самата обука беше наменета за наставници,професори и други стручни лица од образовните институции, а целта на обуката беше препознавање и третман на децата во социјален ризик.

Предавачи беа проф. д-р Зоран Киткањ и проф. д-р Ана Фрицханд.

Обуката ја отвори претседателката на Општинскиот совет за превенција на детско престапништво во Општина Радовиш, Наталија Дединец, а свое обраќање имаше и претседателката на Советот на Општина Радовиш Моника Трајанова.

Прочитај повеќе