Радовиш
Одземени бесправно исечени дрва и возила натоварени со дрва во радовишко
Објавено на
Од
Media Press
Одземени бесправно исечени дрва и возила натоварени со дрва во радовишко. Во неделата околу 22.00 часот во дворно место на жител во село Раклиш, радовишко, полициски службеници од Полициската станица Радовиш пронашле моторно возило „голф“ со штипски регистарски ознаки, натоварено со бесправно исечени дабови огревни дрва, како и други огревни дрва кои претходно биле оставени во дворното место, а кои, исто така, биле без соодветна документација.
Дрвата и возилата биле предадени на вработени во Шумска полиција Радовиш.
Поврзани содржини

ОВР Радовиш поднесе кривична пријава против физичко и правно лице за фалсификување документи при продажба на дрва

Трактор кој влечел приколка натоварена со дрва, паднал во реката Тркање, починало едно лице

Кривична пријава против двајца вработени во ПШС „Кожуф“ – Гевгелија за „несовесно работење во службата“ и „фалсификување службена исправа“

Групна ликовната изложба на уметниците од „ДЛУР РАДА“ отворена во Радовиш

Изгореле пет стари куќи во село Шипковица, на планина Плачковица, радовишко

Кривична пријава против едно лице од радовишко кое се сомничи за полови дејствија над малолетничка
Радовиш
Малолетник физички ја нападнал неговата мајка
Published
3 недели agoна
октомври 27, 2026By
Media Press
На 26.10.2026 во 13:40 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш лишија од слобода 16-годишен малолетник од Радовиш. Според пријавеното, тој во семејниот дом физички ја нападнал неговата мајка. Извршен е службен разговор во присуство на родител и службени лица од Центар за социјални работи Радовиш. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Радовиш
ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ: МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА
Published
3 недели agoна
октомври 26, 2026By
lence
МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА има потреба од вработување на работно место:
ХИГИЕНИЧАРКА (за територија на Општина Радовиш)
УСЛОВИ ЗА РАБОТА:
Пријатна и колегијална работна средина
Целосно обезбедени материјали и реквизити за работа
3 слободни дена во неделата
Одлична / Екстра плата
Заинтересираните кандидати можат да се информираат и аплицираат на:
078/314-801
МАРТИ ХИГИЕНА – Професионална фирма за чистење и одржување на приватни и деловни објекти.
Радовиш
„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ самостојна изложба на уметникот Душан Коцев, во Радовиш
Published
2 месеци agoна
септември 17, 2026By
Media Press
„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ 8-ма самостојна изложба на уметникот Душан Коцев од Радовиш која ќе се одржи во Музеј на љубовта и уметноста во Радовиш. Изложбата ќе биде отворена на 21.09 во понеделник, со почеток во 20:00 часот. Истата се организира во соработка со Центар за култура „Ацо Караманов“, Радовиш и Општина Радовиш.
Душан Коцев е сликар од Радовиш, роден 1959 година каде живее и работи. Рударски инженер кој активно 35 години работел во рудник Бучим, во моментот пензионер.
Како ликовен уметник активно работи 33 години, апстрактен експресионизам, кој претставува негов личен израз, а исто така успешно работи реализам и импресионизам.
Душан Коцев е главен иницијатор за обновувањето на Друштвото на ликовни уметници во Радовиш. Во 2014 година е избран за претседател на „Рада ДЛУР“ – Радовиш.
Како претседател на друштвото досега органзирал 11 меѓународни ликовни колонии во Радовиш од кои произлегле бројни ликовни дела.

Поевтинуваат горивата

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

