Радовиш
АПЕЛ за заштита од пожари на отворен простор
Published
2 години agoна
By
Media Press
Во пресрет на подготовка на земјоделските површини за претстојната пролетна сеидба, кога ризикот од предизвикување на пожар на сува трева и стрништа е поголем, Општина Радовиш апелира до жителите во населените места и до сите земјоделски производители да бидат посебно внимателни и да не палат оган на отворен простор за да не се предизвикуваат пожари.
„Територијата на нашата држава се соочува со зачестеност на полски и шумски пожари кои се помогнати од зголемувањето на температурите и сушниот период, а човечкиот фактор е посочен како причинител на истите, кои освен што ја загрозуват животната средина се закануваат и по животот на граѓаните.
Општина Радовиш, упатува предупредување и апел до сите лица кои работат или се движат на отворен простор,особено на земјоделците кои интензивно се подготвуваат за пролетна сеидба и се палат отпадоци и стрништа на нивите: Да не се пали оган на отворен простор и на необезбедени места. Да не се палат стрништа, земјоделски и други површини. Да не се врши палење на отпад и друг горлив материјал. Да не се фрлат отпушоци од цигари и догорчиња.
Доколку се забележи пожар на отворен простор, граѓанска должност на секој граѓанин е најбрзо што може да го пријави во надлежните институции.
Кон апелот се приклучуваат и од ТППЕ од Радовиш и од СВР Струмица, Полициска станица Радовиш.
„Од брзината и точноста на информациите зависи и успехот на акцијата за гасење и контрола на пожарот.Доколку се затекнати лица кои палат оган на отворен простор, односно предизвикуваат пожари поради палење на стрништа, истите ќе подлежат на високи законски санкции“, стои во апелот.
Во случај на пожар јавете се на следните телефони:
192- Полиција
193 -ТППЕ –Територијална противпожарна единица
195 -РЦУК –Регионален центар за управување со кризи
635-397 –ТППЕ Радовиш
634-105 – ОВР Радовиш
632-274 – РЦУК Радовиш
617-700 – Општина Радовиш
Поврзани содржини
Приведен радовишанец кој подметнал пожар во зграда на булевар „Александар Македонски“
Општина Радовиш со АПЕЛ за заштита од пожари на отворен простор
ТППЕ Струмица интервенираше на гасење на запалено товарно возило
Предупредување од МВР: Не наседнувајте на лажни електронски пораки во име на директорот на БЈБ, станува збор за обид за измама во меѓународни рамки
УЈП со апел да граѓаните за лажна веб страница: НЕ ОТВАРАЈТЕ СМС ПОРАКИ КОИ ПОВИКУВААТ НА ЗАДОЛЖИТЕЛНА ПРИЈАВА ОД УЈП
Едно лице загинало во опожарена куќа во Струмица
Радовиш
Реконструкција и санација на плафонот во Центарот за култура „Ацо Караманов“ во Радовиш
Published
5 дена agoна
ноември 27, 2023By
Media Press
Започна реконструкцијата и санацијата на плафонот во Центарот за култура „Ацо Караманов“ во Радовиш, каде се одржуваат сите културни манифестации од општината и други јавни собири.

Градоначалникот Ацо Ристов, кој изврши увид во работните активности рече дека наредната година целосно ќе се реконструира внатрешноста на овој дом со комплетно ентериерно уредување, бидејќи како што рече радовишани се емоционално поврзани со овој дом и затоа ќе се реконструира но ќе ја задржи автентичноста.

Плафонот на ЦК „Ацо Караманов“ се реконструира со средства обезбедени од донација од рудникот Бучим.
Радовиш
Жител нa село Дедино бил физички нападнат од едно лице од село Конче
Published
5 дена agoна
ноември 27, 2023By
Media Press
Жител нс село Дедино бил физички нападнат од едно лице од село Конче и случајот бил пријавен во Полициска станица Радовиш од трето лице.
Имено вчера во Полициската станица Радовиш, В.К. од село Дедино, општина Конче, пријавил дека на 26.11.2023 околу 22.00 часот во село Дедино И.Ј. од село Дедино бил физички нападнат од С.Ѓ. од село Конче.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот информира СВР Струмица, ОВР Радовиш.
Радовиш
Јавна регионална дебата „Креирање инклузивна локална средина“ ќе се одржи утре во библиотеката во Радовиш
Published
5 дена agoна
ноември 27, 2023By
Media Press
Јавна регионална дебата „Креирање инклузивна локална средина“ ќе се одржи утре во ОНБ Браќа Миладиновци“ во Радовиш, а во организација на Општина Радовиш и Здружението „Отворете ги прозорците“.
Ова е дел од проектот „Инклузија на деца со посебни образовни потреби“ подржан од „Детската Фондација Песталоци“.
Целта на оваа дебата е претставници од различни институции од областа на образование и социјална заштита, локални самоуправи, организации, сервисни служби, родители и бизнис заедницата, заеднички да продискутираат за предизвиците и иницијативите за креирање поинклузивни практитки и можности за секое дете.
На Јавната дебата покрај Општина Радовиш учество ќе земат и училишта и претставници од локалните самоуправи од општините Радовиш и Конче.
Јавната дебата ќе започне со почеток во 12 часот и ќе трае до 14 часот.

МЗШВ: Објавен јавен повик преку програмата за рурален развој за поддршка при набавка на комбајни за жито

Општинската библиотека ,,Браќа Миладиновци” во Радовиш одбележа 66 ГОДИНИ ПОСТОЕЊЕ

Трансформација на салата Борис Трајковски за одржување на 30-от министерски состанок на ОБСЕ

Посебен режим на сообраќај на 29 и 30 ноември во Скопје
