Македонија
Владата одобри влез и престој на странски вооружени сили во Македонија за учество во вежбата „Swift Response – 22“
Published
2 години agoна
By
Media Press
Владата на последната седница ја разгледа
и усвои Информацијата, и донесе одлука за одобрување на влез и престој на
странски вооружени сили на територијата на Република Македонија заради учество
на вежбата „Swift Response – 22“.
Со оваа одлука Владата ги задолжи надлежните институции
да преземат мерки за непречено преминување на државната граница на повеќе од
850 воени и цивилни моторни возила, 8 авиони, 24 хеликоптери, 5 беспилотни
летала, вооружување, муниција, опрема и материјално-технички средства на
вооружените сили на странските држави, на територијата на Република Македонија.
„Вежбата
„Swift Response – 22“ е дел од вежбата „DEFENDER EUROPE 22“, со учество на
поголем број припадници на армиите од НАТО Алијансата и Партнерството за мир, и
ќе се изведува истовремено на 5 локации низ Европа“, се наведува во
владиното соопштение.
Поврзани содржини
Што се е предвидено во Предлог-одлуката за прераспределба на Буџетот во 2023 година
Симулациска вежба при пожар, рушевини и евакуација на лица од ООУ „Никола Карев“ во Радовиш
ДОМ останува во Владата но под одредени услови
Четворица нови министри и пет заменик-министри, предлага Ковачевски по преговорите за влез во Влада на Алијанса за Албанците
Владата донесе одлука, казина и обложувалници на оддалеченост не помалку од 500 метри од основни и средни училишта
Започна исплатата на финансиска поддршка, кој се ќе добие помош од Владата?
Македонија
Петок неработен ден за сите граѓани на Република Македонија
Published
5 дена agoна
декември 6, 2023By
Media Press
Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ„ бр.21/98 и 18/07), 8 декември 2023 година (петок), ‘’Св. Климент Охридски”, е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија.
Mинистерството за труд и социјална политика на сите граѓани им го честита празникот “Св.Климент Охридски”.
Македонија
ОЈО Скопје го изготви Барањето за екстрадиција од Турција на Љупчо Палевски, осомничен за две убиства
Published
5 дена agoна
декември 6, 2023By
Media Press
Основното јавно обвинителство Скопје го изготви Барањето за екстрадиција од Република Турција на Љупчо Палевски, првоосомничен за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.
Основното јавно обвинителство Скопје го изготви Барањето за екстрадиција од Република Турција на лице осомничено за две кривични дела – Грабнување од член 141 од Кривичниот законик, како и две убиства на свиреп начин (едно на малолетно лице и едно од користољубие) заедно казниви по член 123 став 3 од Кривичниот законик“ стои во известувањето од ОЈ – Скопје.
„Јавниот обвинител побара од надлежните власти во Република Турција екстрадиција на лицето за кое е распишана меѓународна потерница, а од ИНТЕРПОЛ, Анкара е добиена информација дека на 05.12.2023 година е уапсен во Република Турција.
Во прилог на барањето за екстрадиција до турските власти ќе биде доставена комплетната потребна документација – наредбата за истражна постапка против осомничениот, решението со кое од Основниот кривичен суд Скопје му е определен бранител по службена должност и му е одреден притвор, како и наредбата за издавање меѓународна потерница“ соопштуваат од Основното јавно обвинителство Скопје .
„Креаторот, планерот, главниот координатор и директниот извршител на овие кривични дела, е фатен и лишен од слобода од пријателска Турција на нивната територија“, соопшти доцна синоќа на прес – конференција министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
Љупчо Палевски – Палчо, првоосомничениот за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, вчера беше уапсен во Турција, а за останатите четворица осомничени судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје определи мерка притвор од 30 дена по барање на Јавното обвинителство кое отвори истражна постапка за две убиства на свиреп начин по кривичната пријава добиена од Министерството за внатрешни работи.
Повеќе на:https://mvr.gov.mk/vest/29348
Македонија
МЗШВ: Објавен јавен повик преку програмата за рурален развој за поддршка при набавка на комбајни за жито
Published
1 недела agoна
декември 1, 2023By
Media Press
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги информира земјоделците дека Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, распиша јавен повик за доставување на барања за користење на средства од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2023 година, за мерката 121 Инвестиции за модернизација на земјоделски стопанства, односно подмерка 121.12 Набавка на комбајни за жито.
Како корисници се јавуваат земјоделски стопанства запишани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства во МЗШВ, согласно Законот за земјоделство и рурален развој, и поседуваат минимум 10 хектари обработлива земјоделска површина под пченица, јачмен, р`ж, тритикале и/или овес.
Максималната вредност на кофинансирана сума по корисник изенсува 3 милиони денари. Финансиските средства се наменети за инвестиции во набавка на комбајни за жито. Средствата се доделуваат за период на реализација на деловниот план и се исплаќаат на годишно ниво.
Крајниот рок за доставување на барањата е до 30 декември 2023 година. Заинтересираните земјоделци своите барања ги поднесуваат електронски по извршена регистрација на e-baranje.ipardpa.gov.mk.
Повеќе информации за повикот, како и упатството за регистрација на барателите во системот за електронско поднесување на барање, земјоделците можат да погледнат на веб страната на АФПЗРР www.ipardpa.gov.mk
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги повикува земјоделците, да се заознаат со условите од јавниот повик и навремено да аплицираат, искористувајќи ја можноста за поддршка, модернизирајќи го своето земјоделско производство.

Современо противпожарно возило за гаснење на шумски пожари и спасување доби ТППЕ од Радовиш

Изработена е првата карта за опасности од поплави за Радовиш

Пред два дена исчезнало лице со нарушно здравје од својот дом од Струмица

Здравствен дом – Радовиш потпиша Меморандум за соработка со ЗПОРК, повеќе бесплатни прегледи во 2024 за пензионерите
