Connect with us

Регион

Онлајн средба на медиумските работници од Југоисточниот регион: Почитување и унапредување на етичката рамка на известување

Avatar

Published

на

Подобрување и унапредување на етичката рамка за известување за поголема кредибилност на медиумите на пазарот и стекнување поголема доверба кај јавноста беше основата за дискусија на денешната онлајн средба на медиумските работници од Југоисточниот регион во земјава, заедно со Советот за етика во медиумите. На Средбата присуствуваа новинари, дописници и уредници кои дадоа свои видувања и размислувања за тоа како да се подобри етичкиот пристап на известување во услови кога медиумскиот простор е опкружен со контуинирани дезинформации и лажни вести.

,,Подобрување на етичкиот кодекс на известување значи и подобрување на бизнисот на медиумот. Со пласирање на информации кои се базирани на етичкиот кодекс добива кредибилитет и го подобрува угледот на пазарот, а паралелно ја зајакнува соработката со заедницата. Како Совет на етика овде сме да ги слушнеме мислењата од директните чинители, како што се новинарите за да укажат со кои проблеми се соочуваат и во која насока треба да се движиме за да ја подобирме етичката рамка, кажа Марина Тунева, извршна директорка на СЕММ

За етичките предизвици во медиумите и саморегулацијата зборуваше Мирче Адамчевски, претседател на Комисијата за жалби при Советот за етика. Тој повтонро укажа дека етичкиот кодекс најмногу се крши од страна на онлајн меидумите, каде што и понатаму се шират дезинформации, лажни вести, при што авторите најчесто го нарушуваат членот 1 од Кодексот, односно неетичко, нефер и неточно информирање.

,,Осумдесет проценти од претставките до нас во Комисијата се однесуваат на известување од онлајн меидуми. И понатаму има текстови со лаги, непроверени извори, сè почесто наидуваме на изразот  „се дознава“, без да се каже изворот, одат со сензационалистички наслови и на тој начин се манипулира јавноста и деградира новинарството“ рече Мирче Адамчевски.

Со наведување на неколку примери за кои добиле поплаки и претставки, Теофил Блажевски од Комисијата за жалби при СЕММ посочи на кои точки од етичкиот кодекс треба да се работи за да се унапреди начинот на известување.

,,Кај нас Кодексот е донесен во 2001 година. Но, секоја рамка треба да се унапредува. Анализирајки ги поплаките, сфативме дека треба да се размислува за да се подобрат членовите 1, 3, 7, 8, 9, 13 од Кодексот, за да нема заблуди при известувањето. Медиумите имаат голема улога, но притоа мора да се заштити јавноста од дезинформации, непрофесионално известување, посебно сега кога сè уште сме во пандемија, но и во услови кога има агресија над Украина“, рече Блажевски

Медиумските работници од Југоистокот се согласија дека етичката рамка треба да се унапреди, да се известува професионално без лажни вести и сензационализам. Паралелно побараа да се зајакне Регистарот на професионални онлајн медиуми, за да се укаже на заедницата кои интернет портали работат според етичкиот кодекс.

Онлајн средбата беше организиран во рамките на проектот ,,Поддршка на слободата на изразување во медиумите во Северна Македонија“, што го имплементира СЕММ а го финансира ЕУ и со поддршка преку програмата Цивика Мобилитас.

прикажи повеќе
Advertisement

Регион

Пронајдена и одземена марихуана, пријава за физички напад, дел од вчерашниот билтен на СВР Струмица

Avatar

Published

на

На 22.11.2023 година во 21.25 часот во Струмица, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица го лишиле од слобода Н.Ш.(23) од Струмица. При преглед на патничко возило „фиат“ со струмички регистарски ознаки, кое го управувал, била пронајдена и одземена марихуана. За настанот бил запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по документирање на случајот против Н.Ш. ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 22.11.2023 во 10.25 часот во Полициската станица Струмица, Ж.Т.(64) од Струмица пријавила дека на 20.11.2023 во Струмица била физички нападната од Е.К.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 22.11.2023 во 11.50 часот во Полициската станица Струмица Е.А.(68) од село Радичево, струмичко, пријавила дека во село Радичево била касната од куче скитник.

Прочитај повеќе

Регион

„Биди подготвен за безбедно патување“, превентивни активности на МВР…

Avatar

Published

на

Во текот на вчерашниот ден (13.11.) на подрачјето на Секторите за внатрешни работи Штип, Велес и Струмица беа реализирани превентивни активности, од кои поголем дел посветени на законската обврска за носење на зимска опрема во возилата, која почнува од утре 15.11.

Така, на подрачјето на СВР Штип, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Свети Николе под мотото – „Биди подготвен за безбедно патување“ практично ја најавија законската обврска за носење на зимска опрема во возилата, а пак во Кавадарци на подрачјето на СВР Велес полициски службеници од Отсекот за превенција при овој сектор исто така спроведоа превентивни активности на истата тема. Притоа, на возачите им беа делени едукативни материјали изработени во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.

На подрачјето на СВР Струмица поточно во средното општинско училиште „Димитар Влахов“ со средношколците од втора и од четврта година беше одржана едукативна работилница посветена на превенцијата на врсничкото насилство.

Прочитај повеќе

Регион

ЦУК Струмица доби теренско возило со ИКТ опрема за ноќни операции и рано откривање на шумски пожари

Avatar

Published

на

Во Регионалниот ЦУК Струмица, извршено  примопредавање на возило FORD KUGA ST X LINE со ИКТ опрема за ноќни операции добиено од реализација на Проект за ефикасно откривање и управување со шумски пожари со цел зголемување на подготвеноста и размена на практики со Грција („еФИДАР“  – eFIDAR). Примопредавањето беше извршено во присуство на директорот на ЦУК, заменик Директорот, националните партнери во проектот Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, како и вработените во РЦУК Струмица.

Конкретно, преку реализирање на проектот за  рано откривање на пожари и нивно движење за превенција и справување со катастрофи eFIDAR, со финансиска помош од ИНТЕРРЕГ ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Грција – Република Македонија, 2014-2020,  се изврши примопредавање на набавеното теренско возило FORD KUGA ST X LINE со ИКТ опрема за ноќни операции.

Основната цел на ова возило а врз основа на надлежностите и задачите како и следење на состојбите со пожари возилото преку GPS, е планирано да биде поврзано со дроновите и Командниот центар во Струмица заради ефикасно рано откривање на шумски пожари, со зголемена прецизност, намалување ниски стапки на лажни аларми и способност за 24/7 работа што ќе го покаже потенцијалот на ваквата иновативна технологија којашто ќе придонесе кон рано предупредување за ризик од катастрофи од шумски пожари“ информираат од Центар за управување со кризи.

Прочитај повеќе