Connect with us

Македонија

Во тек е Велигденскиот пост – ПОСТИШ ЛИ БЕЗ ДА САКАШ?

Avatar

Published

на

Ако сето она што го правиме за време на постот не е заради љубовта кон Христа, тогаш нашиот пост навистина станува мачење и неподнослива мака, и уште предизвикува чувство на иритација и гнев во нашето срце, ова е една од поуките објавени во книгата
Христос е слобода.
„Ако жртвата што ја принесувате на Христос во форма на молитва, постење, милостина, покајание, е насилна, принудена, тогаш нема да ја достигне целта. Сите овие работи не се задолжителни затоа што каноните на Црквата така кажуваат. Каноните се манифестација на срцето, кое го сака Христос. Сфаќајќи ја нашата слабост, сфаќајќи што чувствувале светителите, исполнувајќи го сето ова, ние се обидуваме да ги имитираме, за да можеме да го допреме нивниот дух.
Кога сакаш, не се изморуваш да го правиш тоа. Кога сакаш, се принесуваш себеси како жртва. Мајка, кога ги сака своите деца, својот сопруг, се изморува од купувањето, од разни грижи, но загледајте се во нејзиното лице – ќе видите само радост и среќа и среќа. Ако нема љубов, дури да и побарате чаша вода – таа е мрзелива, не сака да го стори тоа, и се уморува.
Тоа е тајната на Великиот пост.

Постиш неволно? Не го прави тоа тогаш. Ако постиш со маки, со негодување, ако се присилуваш без слободна волја, тогаш навистина ќе се разболиш, бидејќи постот е лишување, подвиг. Но, кога постиш со љубов, Господ ќе ви даде многу духовни витамини“.

Извадок од книгата
Христос е слобода

обајвено на tiveriopol.mk

Избори 2024

Апасиев од Велес: На овие избори одиме на двоцифрен број пратеници

Avatar

Published

на

Вчера и официјално Левица ја започна кампањата за Парламентарните избори 2024 од Велес. Во присуство на огромен број граѓани, претседателот на #Левица, Димитар Апасиев заедно со претседателскиот кандидат проф. д-р Билјана Ванковска и носителот во ИЕ 3, Борислав Крмов се обратија пред велешани.

„На овие избори одиме на двоцифрен број пратеници, а на наредните СДС мора да падне под 10 пратеници и да исчезне, а Левица ќе има над 30 пратеници“ порача лидерот на партијата Апасиев.

Прочитај повеќе

Избори 2024

Димитар Ковачевски од Гевгелија: ВМРО-ДПМНЕ не нуди никаков план за јасен напредок во евроинтеграциите

Avatar

Published

на

„Со Мицкоски и ДПМНЕ е можно само враќање назад во изолација и режим, далеку од Европа. Ништо не е променето во ДПМНЕ, тоа е истата режимска партија, која сее раздор, навреди, омаловажувања и закани, која на граѓаните може да им понуди враќање во минатото и изолација“, ова го истакна претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски во обраќањето на митингот на СДСМ и Коалицијата за европска иднина во Гевгелија .

Тој додаде деја ВМРО-ДПМНЕ не нуди никаков план за јасен напредок во евроинтеграциите. „Напротив, се слушаат нивни изјави каде велат дека не треба да станеме членка сто години, а можеби и никогаш. Тоа е доказ дека ја продолжуваат политиката на Никола Груевски. Со нив, Македонија ќе се врати во чекалниците на ЕУ и во темното минато на недемократските процеси“, истакна Ковачески.

Прочитај повеќе

Избори 2024

Мицкоски од Охрид: Нашата цел е да ја вратиме Македонија во рацете на народот

Avatar

Published

на

„Почнуваме силно и одлучно, во финалната трка од која ќе победи народот на Македонија.„Платформа 1198″ е светилник на надежта, најдобрата изборна програма досега – за преобликување на иднината и јасна траекторија за успех на државата“, порача лидерот на ВМРО- ДПМНЕ Христијан Мицкоски на митингот во Охрид од каде ја стартуваа изборната кампања за парламентарните избори.

„Стојам денес пред вас на неколку дена од првиот круг на претседателските избори, и ви кажувам одговорно и гордо –  победуваме!

Нашата цел е да ја вратиме Македонија во рацете на народот! И да ја одземеме од рацете на 100-тина функционери од ДУИ и  нивните измеќари од СДСМ!       

Победата мора да е голема за да видат сите оние кои се прашуваат дали народот ќе дојде по своето, за да им докажеме и на најголемите скептици кои го потценуваат овој народ, дека Македонија и нејзините граѓани се горди и достоинствени и дека доаѓаат по своето, доаѓаат по својата единствена татковина Македонија. Доаѓаат да си ја земат државата во свои раце, затоа што лошо се живее, затоа што институциите се распаднати, затоа што државата е киднапирана од неколкумина од ДУИ и СДСМ и нема набавка или тендер кој не е злоупотребен, нема работник кој не е разочаран, нема пензионер кој не е загрижен, нема доктор и инженер кој не се прашува што бара тука, нема млад кој не е скептичен, и ретко човек кој не помислил дали да си оди од овде. Накусо нема надеж и сон кои не се уништени“ истакна Мицкоски на митингор во Охрид.

Прочитај повеќе