Босилово
Се одржа прославата на БЕНЛИ ТАШ – Камен на плодноста, во Општина Босилово

Published
2 месеци agoна
By
Media Press
Река од трактори полни луѓе се движеа меѓу сртот на селата Дрвош и Иловица во општина Босилово. Тешкиот и непрооден пат не ги спречи да стигнат до нивната крајна дестинација Бенли Таш – каменот на плодноста. Како што информираат од Општина Босилово, возобновени се обичаите и верувањата поврзани со ова место со цел популаризација на богатата традиција во погражденскиот регион.

„Во колективната меморија на жителите Бенли Таш е камен кој дава плодност на оние кои ќе минат низ неговиот отвор во форма на капија. Прославата на Бенли Таш има и културно- уметнички карактер. За промоција на етно кулинарството и на музичкиот фолклор организаторите обезбедуваат посебна трпеза со стари специјалитети, а културно-уметничките друштва го оживеаја мелосот. Качамакот е посебна одлика на нашиот крај“, велат од Општина Босилово.

Поврзани содржини
Еколошка пролет во Босилово, со пластични шишиња до овошни садници
Во Општина Босилово официјално беше извршено примопредавањето на функцијата градоначалник
Училиштата во Општина Босилово имаат услови за одржување настава со фисичко присуство на учениците
Наскоро нова детска градинка и во општина Босилово
Марија Брзакова од Босилово веќе три дена е исчезната, ја бара и полицијата
Едукација на земјоделците од Општина Босилово за Агрометеоролошките станици, за заштита на земјоделските култури и животната средина
Босилово
Еколошка пролет во Босилово, со пластични шишиња до овошни садници

Published
2 месеци agoна
март 21, 2022By
Media Press
Општина Босилово денеска започна со реализација на една креативна и интересна кампања насловена како „Еколошка пролет во Босилово!“ Кампањата ќе се реализира во наредните два месеци и ќе опфати повеќе активности и настани, но она што посебно е интересно е тоа што Општина Босилово денес ќе врши дистрибуција на овошни садници во замена за пластични шишиња.

„Акцијата ќе се одвива од порта на порта. Ќе го посетиме секој дом и на секој граѓанин ќе му биде понудена можност за замена на пластични садови (ПЕТ пластика) со овошни садници. Целта е да ја намалиме количината на пластичен отпад во општината, но во исто време да испратиме порака до граѓаните дека пластиката има употребна вредност. Пластиката треба да се селектира и да се депонира односно транспортира на соодветно место“ – истакна Ристо Манчев, градоначалник на општина Босилово по повод денешната акција.

Покрај наведената акција, во Босилово веќе извесен период се реализираат активности за чистење на „диви“ депонии, а ќе бидат реализирани и голем број други еколошки активности и тоа:
- Пролетно пошумување на падините на планината Огражден со садници од црн бор (1.000 броја).
- Акција за собирање на отпадна ПЕТ пластика во училиштата и организирање на едукативни предавања за учениците за селекција и рециклирање на отпад
- Собирање на електричен и електронски отпад по населените места.
- Дистрибуција на канти за отпад и вклучување на неколку населени места во системот на организирано собирање на сметот.
- Волонтерски акции за чистење на смет покрај јавни површини, туристички локации и верски објекти
- Набавка на контејнери за одделни фракции на отпад (стакло, ПЕТ пластика и отпадни батерии)
- Рекултивизација на “диви“ депонии,
- Акции за организиран откуп на пластичен отпад
- Хортикултурно уредување на јавни површини, и др.
Од општина Босилово потенцираат дека интересот за оваа акција е голем, и дека голем број на млади волонтери, активисти се вклучуваат во нејзината реализација и нагласуваат дека оваа кампања ќе се организира секоја година, со цел почиста и поздрава животна средина.
Босилово
Стојанче Ангелов и градоначалникот Ристо Манчев на увид на критичните точки за поплавување во Општина Босилово

Published
5 месеци agoна
декември 21, 2021By
Media Press
Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов заедно со грдоначалникот на Општина Босилово, Ристо Манчев, изврши увид на критичните точки за поплавување на реката Струмица, а и на месните локални канали каде што се излева водата од реките и пороите при поројни врнежи од дожд, како што беа неодамнешните декемвриски поплави во оваа општина.

Притоа, беа разгледани потребите и можностите за идна координација на употреба на ресурсите и субјектите од Системот за управуваање со кризи (СУК). Посетата беше остварена на покана на градоначалникот на општината Ристо Манчев.

Градоначалникот Манчев рече дека заеднички заклучок по извршениот увид било дека е потребна итна интервенција и редовно чистење и одржување речните корите и канали со цел да се избегнат идни катастрофални поплави.
Босилово
Во Општина Босилово официјално беше извршено примопредавањето на функцијата градоначалник

Published
7 месеци agoна
октомври 28, 2021By
Media Press
Новиот градоначалник Ристо Манчев од редовите на ВМРО ДПМНЕ и официјално ја презеде функцијата од досегашниот градоначалник Зоран Зимбаков.
„Од денеска во служба на граѓаните, сите заеднички ќе чекориме кон модерна и просперитетна општина Босилово! Пред сите нас претстои многу работа, претстојат многу предизвици и обврски на кои што сме подготвени соодветно да одговориме. Потребите на граѓаните се на прво место и заедно ќе ги создаваме промените и проектите со кои ќе градиме нова иднина. Општина Босилово- општина за сите“, вели Манчев во однос на преземањето на фукцијата градоначалник.

Промоција на трудот „ГАЈДАРСКАТА ТРАДИЦИЈА ВО РАДОВИШКО“ на авторот М-р Александар Ицов

Расчистено разбојништво во Радовиш, наместо пари од казино украле коверти со исплатени тикети

Околу 300 дечиња од ДГ„ Ацо Караманов“ од Радовиш се подготвуваат за одржување на големата завршна приредба

Активности со боева муниција на место викано „Караорман“, Општина Гевгелија
