Василево

Градоначалникот Андонов потпиша Декларација за подобрување и унапредување на положбата на женското претприемништво

Градоначалникот на Општина Василево, Славе Андонов во рамки на Националната платформа за женско претприемништво денеска ја потпиша Декларацијата за подобрување и унапредување на положбата на женското претприемништво, како придонес во развојот но  и поддршка на женското претприемништво на национално и пред се на локално ниво. Декларацијата му беше доставена од координаторката на Националната платформа за женско претприемништво за Југоисточниот плански регион, Ксенија Вангелова.

„Препознавајќи го женското претприемништво како сила која продонесува во развојот на претприемачкиот екосистем и воопшто економијата во земјата се обврзуваме да ја демонстрираме нашата заложба за подигање на политиките за значењето на женското претприемништво на национално и локално ниво“, стои меѓу другото во Декларацијата што денес ја потпиша градоначалникот Славе Андонов.

Ставот на градоначалникот Андонов е дека согласно своите можности и во рамки на законските овластувања ќе се залага за создавање на поволно деловно опкружување и соодветна поддршка за развој на претприемничкиот потенцијал на жените; ќе биде партнер во креирањето на реформскиот процес преку поттикнување на поголемо учество на жените во процесот на одлучување, како и зајакнување на капацитетите на граѓанските организации за женско претприемништво и формирањето на локални клубови за женско претприемништво.

Заложба на Андонов ќе биде и промовирањето на позитивни примери на жени претприемачи како двигатели на промените во јавната политика, со што ќе се придонесе и за поголема видливост на платформата и активно ќе се промовира родовата активност.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago