Македонија
Србија ќе ја тргне забраната за извоз на пченица, пченка, брашно, масло за јадење за Македонија

Published
2 месеци agoна
By
Media Press
Во следните десетина дена Србија ќе ги испорача потребните количини пченица, пченка брашно и масло на Македонија, информира министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, кој денеска во Белград имаше работен состанок со потрeтседателот на Владата на Република Србија и министер за земјоделство, Бранислав Недимовиќ.

„Во рамки на инструментите што ги овозможува иницијативата „Отворен Балкан“, со потпретседателот на Владата на Република Србија, Недимовиќ, договоривме во следните 7 до 10 дена Србија за С. Македонија да ја тргне забраната за извоз на пченица, пченка, брашно, масло за јадење и да почне испораката за количините коишто се договорени помеѓу економските партнери помеѓу двете земји. Сите договори на нашите економски партнери од сите стопански комори ќе бидат реализирани. За договорените количини ќе биде испратено и писмо од претседателот на Владата на РС Македонија до премиерката на Р.Србија“, изјави министерот Николовски
Во изјавата Николовски порача граѓаните да бидат смирени, Македонија ќе има доволно количини од овие стратешки култури. Николовски додаде дека максимално се работи и на изнаоѓање на алтернативни пазари за македонските производи.
Поврзани содржини
Зошто се празнува 1 Мај како Меѓународен ден на трудот
Наменски јавен оглас за доделување на нови 5722 хектари земјоделско земјиште над 3 хектари
Уште шестмина руски дипломати ќе бидат протерани од Македонија, јавува Министерството за надворешни работи
Од резидентното население Македонци 58,48 отсто од граѓаните, Албанци 24,3 отсто
Македонската фудбалска репрезентација вечерва се враќа во Скопје, Македонија горда на сензационалниот триумф
Просечната нето плата во јануари порасна на 29.980 денари
Македонија
Дијалогот со СОНК продолжува договорена следна средба на 17 мај

Published
4 дена agoна
мај 13, 2022By
Media Press
Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска вчера оствари средба со претседателот на СОНК, Јаким Неделков, на која присуствуваа и претставници на синдикатот и Министерството за труд и социјална политика.
На средбата како што информираат од МТСП се разговарало за барањата кои се дел од одлуката за штрајк на вработените во детските градинки, а за кои во изминатиот период не бело отворена дискусија.
Исто така, се отворило и прашањето за платите на вработените за време на штрајк.
На состанокот било договорено дека дијалогот продолжува и воедно се договорила следна средба на 17.мај со цел изнаоѓање на решенија во рамки на позитивните законски прописи.
Страните разговарале и за формирање на работна група за нов Колективен договор за предучилишните установи, чија важност истекува со месец јуни.
„Новиот Колективен договор треба да понуди нови решенија кои ќе значат унапредување на предучилишното згрижување и воспитување“, вели министерката Тренчевска.
Македонија
Македонската претставничка Андреа Коевска не успеа да се избори за пласман во големото финале на Евросонг

Published
4 дена agoна
мај 13, 2022By
Media Press
Македонската претставничка на Евровизија 2022 Андреа Коевска не успеа да се пласира во финалето по настапот синоќа на евровизиската сцена во Торино.
Во второто полуфинале на Евровизија 2022 настапија 18 земји а само десет се изборија за место во финалето.
Македонската претставничка ја испеа „Circles“ во рамките на втората полуфинална вечер, но за жал не успеа да се избори за пласман во големото финале на Евросонг во Торино и се враќа дома.
Андреа настапи под реден број 11 и ја претставуваше Македонија.
Нејзиното учество беше неизвесно откако таа случајно или не, го фрли знамето на тиркизниот килим на отворањето на Евровизија за да се фотографира без него. Тоа предизвика лавина негативни коментари и осуда од јавноста, но и од Македонската Радио Телевизија.
Македонија
Потсетување до сите сточари, во тек е повикот за набавка на силоси за сточна храна

Published
6 дена agoна
мај 11, 2022By
Media Press
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги потсетува земјоделците – сточари дека во тек е јавен повик за набака на силоси за сточна храна со капацитет до 25 тони од мерката 121 „Инвестиции за модернизација на земјоделски стопанства“, подмерка 121.9 – Набавка на силоси.
Средствата се наменети за инвестиции за набавка на силоси за житни и индустриски зрнести култури (јачмен, овес, ‘рж, тритикале и пченка) во сточарството со максимален капацитет од 25 тони, предвидени со Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2022 година.
„ Ваков јавен повик се објавува за прв пат и има за цел да им помогнеме на сточарите да ги зголемат складишните капацитети за сточна храна. Максималната кофинансирана вредност на прифатливи трошоци по корисник за Мерка 121.9 изнесува еден милион денари. Средствата се доделуваат за период на реализација на деловниот план и се исплаќаат на годишно ниво“, информираат од МЗШВ.
Барателите на финансиска поддршка за овој јавен повик треба да го исполнат единствениот критериум наведен во јавниот повик , a тоа е да се регистрирани земјоделци – сточари со регистрирано одгледувалиште во Агенција за храна и ветеринарство и истото запишано во Единствениот регистар на земјоделски стопанства при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
За да можат да аплицираат на јавниот повик, барателите на финансиска поддршка треба да креираат електронско барање за финансиска поддршка со податоци за локација на инвестицијата, податоци за инвестицијата и електронски да ги прикачат потребните документи. Еден барател може да поднесе само едно барање за оваа мерка. Барањата кои не се поднесени електронски на e-baranje.ipardpa.gov.mk нема да се разгледуваат.
Барателите кои ги исполниле условите, се рангираат со бодување утврдено во Правилникот за поблиски критериуми за избор на корисници по мерките за рурален развој, при што барањата со ист број на бодови ќе се рангираат според датумот и времето на поднесување на електронското барањето на e-baranje.ipardpa.gov.mk. Освен тоа, многу е битно барателите да го имаат предвид условот наведен во јавниот повик а тоа е дека не смеат да започнат со реализација на инвестицијата пред потпишување на Договор за ко-финансирање со Агенцијата.
Освен задолжителното еклектронско аплицирање, сточарите баратели на финансиска поддршка за оваа мерка, потребно е документите да ги достават и во хартиена форма во писарницата на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, или за да биде појасно потребно е електронски пополнетите барања за финансиска поддршка да се превземат, испринтаат и потпишат и заедно со целокупната пропратна документација да се достават до Агенција. Писарницата на Платежната агенција врши прием на барања секој работен ден од 08:30 до 16.00 часот.

Околу 300 дечиња од ДГ„ Ацо Караманов“ од Радовиш се подготвуваат за одржување на големата завршна приредба

Активности со боева муниција на место викано „Караорман“, Општина Гевгелија

Избрани нов Лидер и нови членови на Координативното тело на Клубот на млади на Црвен крст Радовиш

Одржана првата бизнис средба во Радовиш
