Connect with us

Радовиш

Првите пролетни денови во Општина Радовиш започнаа со еколошки активности

Avatar

Published

на

По повод почетокот на пролетта и денешниот светски ден на водите Општина Радовиш заедно со ЈП Плаваја Радовиш, спроеведоа неколку еколошки активности.

Денес беше спроведена акција за чистење на дивата депонија кај пологонот во Радовиш.

Екипи на ЈП Плаваја работеа на собирање на сметот и другиот отпад кои несовесни граѓани го фрлале на оваа локација каде што во близина е резервоарот за вода, а исто така овде се одржуваат обуки за младите лица кои полагаат возачки испит.

ЈП Плаваја и Општина Радовиш упатуваат апел до граѓаните да се грижат за животната средина и да не фрлаат ѓубре насекаде околу себе, бидејќи со тоа не само што се ствара грда слика за очите, туку се загадуваат и подземните води кои се значајни за опстанокот на животниот свет. Посебно се потенцира значењето на питката вода за која 2,2 милијарди луѓе во светот живеат без пристап до безбедна вода за пиење.

Радовиш

Поставена мини-фотоволтаична централа на Домот на Културата во Калуѓерица

Avatar

Published

на

Поставена мини-фотоволтаична централа на Домот на Културата во населено место Калуѓерица, со кое се предвидува намалување на трошоците за електрична енергија за улично осветлување за 30 %.

Градоначалникот Ацо Ристов заедно со претставници од партмерите вклучени во проектот, изврши увид во работните активности и како што вели овој проект е предвиден за намалување на трошоците на електрична енергија за улично осветлување во руралните населени места преку искористување на обновливи извори на енергија.

Партнери во проектот се Општина Радовиш, Ромалитико, “ Мрежа за рурален развој, УСАИД Проект “Програма за развој на заедницата“ и ЛАГ Плачковица.

Прочитај повеќе

Радовиш

Детската градинка во Радовиш организира работилница за уредување на дворните површини во објектите

Avatar

Published

на

Детската градинка во Радовиш организира работилница за уредување на дворните површини во објектите, во која се вклучија семејствата – родителите, вработените, локалната заедница.

„Тимската работа, дружење и размена на идеи секогаш дава резултати“, велат од градинката, од каде им се заблагодароват на сите оние кои се вклучија да ги разубават дворовите на Објектите, каде што престојуват нивните дечиња.

Прочитај повеќе

Радовиш

Регионална средба во ОНБ „Браќа Миладиновци“ во Радовиш

Avatar

Published

на

Регионална средба на библиотекари од јавни и училишни библиотеки денеска беше одржана во ОНБ „Браќа Миладиновци“ во Радовиш. Тема на расправа на средбата беше „Евидентирање на библиотеките од Македонија и нивно регистирање во светската библиотекарска организација ИФЛА“.

На средбата учествуваа библиотекари од југоисточниот регион, од Валандово, Богданци, струмица и Штип.

Прочитај повеќе