Струмица
Зелен лавиринт во форма на срце во големиот градски парк во Струмица
Published
2 години agoна
By
Media Press
Во големиот градски парк, на вториот ден од пролетта, беше отворен зелен лавиринт во форма на срце, најголем во државата.
Лавиринтот е на површина од 625 метри квадратни, патеките се долги 190 метри, а засадени се 270 садници.

Зелениот лавиринт го отворија градоначалникот на Општина Струмица Костадин Костадинов и директорот на ЈПКД „Комуналец“ Зоран Горгиев, а на овој прекрасен настан присуствуваа голем број на деца кои уживаа во него.
„Младите струмичани треба да бидат горди на овој лавиринт затоа што идејата е нивна, поддржана од мене како градоначалник и реализирана со многу труд од „Комуналец“ Струмица. Ова не е само обичен проект, навидум мал, но пораката што сакаме да ја пуштиме заедно со децата е многу силна. Ако сите заедно се согласиме дека потребна ни е чиста Струмица и здрава животна средина, тогаш треба да ја менуваме свеста“, порача градоначалникот Костадинов

Поврзани содржини
Завршија сите планирани јавни собири со граѓаните од урбаните и месните заедници во Општина Струмица
Пет лица од струмичко вршеле јавен превоз, без да поседуваат соодветна документација
ЦУК Струмица доби теренско возило со ИКТ опрема за ноќни операции и рано откривање на шумски пожари
Струмичанец се сомничи дека украл 179 кутии разновидни цигари
Општина Струмица и официјално е примена во Мрежата на силни градови во светот
Денеска се навршуваат 79 години од ослободувањето на Струмица
Регион
Пронајдена и одземена марихуана, пријава за физички напад, дел од вчерашниот билтен на СВР Струмица
Published
1 недела agoна
ноември 23, 2023By
Media Press
На 22.11.2023 година во 21.25 часот во Струмица, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица го лишиле од слобода Н.Ш.(23) од Струмица. При преглед на патничко возило „фиат“ со струмички регистарски ознаки, кое го управувал, била пронајдена и одземена марихуана. За настанот бил запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по документирање на случајот против Н.Ш. ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 22.11.2023 во 10.25 часот во Полициската станица Струмица, Ж.Т.(64) од Струмица пријавила дека на 20.11.2023 во Струмица била физички нападната од Е.К.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 22.11.2023 во 11.50 часот во Полициската станица Струмица Е.А.(68) од село Радичево, струмичко, пријавила дека во село Радичево била касната од куче скитник.
Струмица
Завршија сите планирани јавни собири со граѓаните од урбаните и месните заедници во Општина Струмица
Published
2 недели agoна
ноември 21, 2023By
Media Press
Во населените места Добрејци и Просениково се одржаа последните средби со граѓаните од Општина Струмица, со што и завршија сите планирани јавни собири со граѓаните од урбаните и месните заедници.

На средбите градоначалникот Костадин Костадинов со неговиот тим, советници и претставници на општинските јавни претпријатија, со граѓаните разговараа на актуелни теми, ги разгледуваа реалните потреби и ги утврдија приоритетните проекти коишто ќе се реализираат следната година со средства од општинскиот буџет, информираат од општината.

„Со јавните собири и буџетскиот форум, општина Струмица уште еднаш го потврди високото ниво на транспарентност и отчетност во своето работење и активното учество на граѓаните во креирањето на локалните политики и општинскиот развој“ вели градоначалникот Костадин Костадинов кој е иницијатор на ваквите средби со цел активно вклучување на граѓаните во креирањето.
Струмица
Пет лица од струмичко вршеле јавен превоз, без да поседуваат соодветна документација
Published
2 недели agoна
ноември 20, 2023By
Media Press
Во периодот од 23.15 часот на 17.11.2023 до 04.00 часот на 18.11.2023 на магистрален пат Радовиш – Штип и на локален пат за село Тополница, радовишко, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Радовиш извршиле контрола на три патнички возило „фиат“, едно патничко возило „мерцедес“ и едно патничко возило „фолксваген“, сите со струмички регистарски ознаки, управувани од жители на Струмица и струмичко. При контролата било констатирано дека лицата со возилата вршат јавен превоз, без да поседуваат соодветна документација. По целосно документирање на настаните ќе бидат поднесени соодветни пријави.

МЗШВ: Објавен јавен повик преку програмата за рурален развој за поддршка при набавка на комбајни за жито

Општинската библиотека ,,Браќа Миладиновци” во Радовиш одбележа 66 ГОДИНИ ПОСТОЕЊЕ

Трансформација на салата Борис Трајковски за одржување на 30-от министерски состанок на ОБСЕ

Посебен режим на сообраќај на 29 и 30 ноември во Скопје
