Connect with us

Радовиш

Денеска се одбележува Светскиот ден на водите, ЈП Плаваја потсетува на животното значење на водата

Media Press

Published

на

Водата е во основата на одржливиот развој и е клучот за социо-економскиот развој, здравите екосистеми и за самиот опстанок на човекот. Тоа е од витално значење за намалување на глобалното оптоварување со болести и подобрување на здравјето, благосостојбата и продуктивноста на населението.

Како и секоја година и годинава од ЈП Плаваја Радовиш, потсетуваат на животното значење на водата и колку треба да се грижиме за нејзината правилна и наменска употреба, да помислуваме кога ја пролеваме без потреба дека некои наши соседи на повисоките места заради тоа може да немаат вода. Да не ја употребуваме водата за наводнување и полевање затоа што таа е произведена за пиење, апелираат од Плаваја.

„Секоја капка вода која капнува од Вашата чешма во водоснабдителниот систем на ЈП„Плаваја“ поминува низ повеќе фази: нејзино зафаќање, филтрирање, дезинфекција, трошиме скапа електрична енергија да ја пумпаме со пумпи и низ километарски цевководи за да ја донесеме до Вашите домови, затоа почитувани секоја капка вода е скапоцена, можеби денес не, но за идните генерации да. Затоа да ја чуваме водата и животната средина! За идните генерации“, велат од ЈП Плаваја по повод Светскиот ден на водата.

Од 1993-та година со одлука на ООН 22 Март, се одбележува како Светски ден на водата кој годинава е посветен на подземните води, и нивната важност.

Основен фокус на Светскиот ден на водата е да се поддржи постигнувањето на Целта за одржлив развој: вода и санитација за сите до 2030-та година.

Покрај тоа, особен фокус за значењето на питката (слатката) вода, е преземање на активности за справување со глобалната криза за вода и подигнување на свеста за 2,2 милијарди луѓе кои живеат без пристап до безбедна вода.

прикажи повеќе
Advertisement

Радовиш

Промоција на трудот „ГАЈДАРСКАТА ТРАДИЦИЈА ВО РАДОВИШКО“ на авторот М-р Александар Ицов

Media Press

Published

на

Народното творештво отсекогаш било плодна почва за научни и теоретски истражувања од повеќе аспекти. Едно од таквите научни истражување е магистарскиот труд  „ГАЈДАРСКАТА ТРАДИЦИЈА ВО РАДОВИШКО“ на  М-р Александар Ицов од Радовиш, со што гајдаџиството од радовишко како  културно наследство конечно е сместено во книга.

 Во рамките на Саемот на книги кој вчера беше отворорен во ОНБ Браќа Миладиновци, беше извршена промоција на првата книга од ваков вид во Радовиш.

Промотор на овој исклучително значаен труд за радовишкото фолклорно богатство беше Проф, д-р Драган Даутовски, а свој осврт за авторто даде и Томе Постолов професор по Македонски јазик и литература.

Во својот музички настап, м-р Александар Ицов беше поддржан од професор Александар Таушанов на гитара.

Прочитај повеќе

Радовиш

Расчистено разбојништво во Радовиш, наместо пари од казино украле коверти со исплатени тикети

Media Press

Published

на

Одделението за внатрешни работи Радовиш денеска поднесе кривична пријава против К.К. (27) од Радовиш поради сомнение дека сторил кривични дела разбојништво и спречување на докажување и против М.Т. (22) и О.А. (21), двајцата од радовишкото село Покрајчево, поради сомнение за разбојништво.

Како што информираат од МВР, на 9 мај годинава, во 4 часот, М.Т. и О.А. со закана со пиштол и нож кон вработени во казино на улица Свети Спасо Радовишки одзеле два коверта со исплатени тикети за кои сметале дека има пари.

По тоа, К.К. ги фрлил предметите со кое било извршено делото во канал во близина на селото Раклиш. По преземени мерки, полициски службеници од ОВР Радовиш ги пронашле предметите. Исто така, при претрес во домот во кој М.Т. живее под наем, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и две дробилки со остатоци од марихуана.

На 16 мај лицата биле лишени од слобода и во службен разговор со полициски службеници го признале делото. Во текот на денот тие ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка од Основен суд Струмица.

Прочитај повеќе

Радовиш

Околу 300 дечиња од ДГ„ Ацо Караманов“ од Радовиш се подготвуваат за одржување на големата завршна приредба

Media Press

Published

на

Околу 300 дечиња од ДГ „Ацо Караманов“ од Радовиш се подготвуваат за одржување на завршната приредба која традиционачно секој година се одржува по повод испраќањето на идните првачиња во прво одделение.

Овие денови односно на 16 и 18 мај се одржуваат генерланите проби за дечињата подготвени да се претстават пред своите родители и роднини.

„Завршната приредба ќе се одржи во четврток на 19 мај, со што на свечен начин околу 170 дечиња ќе бидат испратени во прво одделение“ рече диркеторката на градинката Љупка Тренчева, која активно беше вклучена во подготовките и генералните проби.

Прочитај повеќе