Василево
Градоначалникот Андонов потпиша Декларација за подобрување и унапредување на положбата на женското претприемништво

Published
2 месеци agoна
By
Media Press
Градоначалникот на Општина Василево, Славе Андонов во рамки на Националната платформа за женско претприемништво денеска ја потпиша Декларацијата за подобрување и унапредување на положбата на женското претприемништво, како придонес во развојот но и поддршка на женското претприемништво на национално и пред се на локално ниво. Декларацијата му беше доставена од координаторката на Националната платформа за женско претприемништво за Југоисточниот плански регион, Ксенија Вангелова.
„Препознавајќи го женското претприемништво како сила која продонесува во развојот на претприемачкиот екосистем и воопшто економијата во земјата се обврзуваме да ја демонстрираме нашата заложба за подигање на политиките за значењето на женското претприемништво на национално и локално ниво“, стои меѓу другото во Декларацијата што денес ја потпиша градоначалникот Славе Андонов.

Ставот на градоначалникот Андонов е дека согласно своите можности и во рамки на законските овластувања ќе се залага за создавање на поволно деловно опкружување и соодветна поддршка за развој на претприемничкиот потенцијал на жените; ќе биде партнер во креирањето на реформскиот процес преку поттикнување на поголемо учество на жените во процесот на одлучување, како и зајакнување на капацитетите на граѓанските организации за женско претприемништво и формирањето на локални клубови за женско претприемништво.
Заложба на Андонов ќе биде и промовирањето на позитивни примери на жени претприемачи како двигатели на промените во јавната политика, со што ќе се придонесе и за поголема видливост на платформата и активно ќе се промовира родовата активност.

Поврзани содржини
Градоначалникот Андонов најави градежна офанзива во општина Василево
Еколошките активности во општина Василево продолжуваат и во месец април
Велигденски турнир во мал фудбал – Доброшинци 2022
Општина Василево ќе субвенционира набавка на инвертер клими за своите сограѓани
Пролетно чистење во село Едрениково, општина Василево
Општина Василево масовно се приклучи на еко акцијата ЗА ЧИСТИ РИДОВИ
Василево
Фолкорен концерт во Сушево, Општина Василево

Published
4 недели agoна
април 19, 2022By
Media Press
На 25 април на вториот ден од големиот христијански празник Воскресение Христово-Велигден, под покровителство на општина Василево, КУД „Сушевски бисери“ од с.Сушево, организира фолклорен концерт, насловен како „Во чест на големата радосна вест“.
Во ритамот на македонската фолклорна музика ќе бидат изведени ора кои го отсликуваат животот на македонската нација низ вековите.
Како гости на концертот со своите изведби ќе настапат и: ФА „Китка“, с. Ораовица, КУД „Кирил и Методи“, с. Иловица, ФА „Злевски бисери“, с. Злеово, ФА „Подарешани млади“, с. Подареш, ФА „Бучим“, Радовиш и Оркестар за народни инструменти при ООМУ „Боро Џони“, Струмица.,
Концертот ќе се одржи на одбојкарското игралиште во с. Сушево со почеток во 15,00 часот.
Василево
Градоначалникот Андонов најави градежна офанзива во општина Василево

Published
1 месец agoна
април 14, 2022By
Media Press
„Денешната активност е вовед во градежната офанзива кој следува во наредните десетина денови кога ќе бидат асфалтирани над 3 км локални улици и патишта во вкупна вредност од околу 30 000 000 денари“, изјави градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, кој во придружба на дел од пратениците во Републичкото собрание и членови на Советот на општина Василево присуствуваше на почетокот на асфалтирањето на улицата во Градашорци која води од Домот на културата кон индустриската зона.

Градежната компанија ангажирана од Општина Васиево започна со асфалтирање на улицата во населеното место Градашорци, која води од Домот на културата кон индустрискта зона во должина од 432 метри и ширина од 5 метри од кои 3,5 се асфалтна лента и банкини од двете страни по околу 0,75 м.
Вкупниот буџет за реализација на овој проект изнесува 2 493 495 денари, средства кои општина Василево ги обезбеди преку Проектот за поврзување на локални патишта кој се реализира од страна на Министерството за транспорт и врски со финансиска поддршка од Светска Банка.

„На терен, преку конкретни дела ствараме подобри услови за нашите сограѓани. Нивните потреби, барања и приоретите се наша обврска на чие реализирање, посветено работам од првиот ден на мандатот“, изјави градоначалникот Андонов на стартот, на како што ја нарече, градежната офанзива во општина Василево.
Василево
Еколошките активности во општина Василево продолжуваат и во месец април

Published
1 месец agoна
април 11, 2022By
Media Press
Активностите на расчистување и отстранување на сметотот од населените места кои општина Васаилево во соработка со ЈПКД „Турија“ Василево ги стартуваше со подобрувањето на временските услови пред почетокот на пролетта, во континуитет продолжуваат и во месец април.
Според информацијата од градоначалникот на општина Василево Слаев Андонов, екипите на ЈПКД „Турија“, Васлево работеле на расчистување на наносите од земја во центарот на населеното место Пиперево и улицата која води кон црквата. Во населеното место Владевци расчистена е дивата депонија а со механизација извршено е порамнување на полскиот пат и негово оспособување во пресрет на засилините земјоделски активности.

Во населеното место Василево активноста е спроведена на влезот од кај индустрискта зона односно просторот покрај индустриските објекти од каде е отстранет комуналниот отпад и диво израстената вегетација. Со активноста опфатен е и влезот на населеното место Добрашинци.
Со апел до граѓаните да се однесуваат поодговорно и отпадот да го депонираат на местата одредени за тоа, градоначалникот Андонов најавува дека општиата и комуналното претпријатие, посветено, продолжуваат со еколошките активности и во останатите населени места.


Промоција на трудот „ГАЈДАРСКАТА ТРАДИЦИЈА ВО РАДОВИШКО“ на авторот М-р Александар Ицов

Расчистено разбојништво во Радовиш, наместо пари од казино украле коверти со исплатени тикети

Околу 300 дечиња од ДГ„ Ацо Караманов“ од Радовиш се подготвуваат за одржување на големата завршна приредба

Активности со боева муниција на место викано „Караорман“, Општина Гевгелија
