Connect with us

Василево

Со еколошка акција за засадување на дрвца Општина Василево го одбележа доаѓањето на пролетта

Media Press

Published

на

По повод почетокот на пролетта, локалната самоуправа Василево во соработка со ЈПКД „Турија“, општинските основни училишта и детската градинка, денеска реализираше голема еколошка акција во која на повеќе локации се засадени околу 300 млади садници на елка и црн бор, обезбедени од страна на општина Василево.

Со акцијата се опфатени повеќе локации во повеќе населени места и тоа: во дворот на локалната самоуправа, во паркот на влезот од с. Василево, во паркот пред ЈПКД „Турија“, Методиј Митев, во паркот  во с. Градашорци, на просторот покрај игралиштето во с. Пиперево, во двете основни општински училишта, во училишниот двор во с. Радичево и во дворот на детската градинка „Прва радост“, во Василево. Паралелно со ова спроведена е и акција на чистење на отпадот од споменатите локации.

„Првиот пролетен ден одсекогаш е асоцијација за будење на природата и активности посветени на екологијата и заштитата на животната средина. Денес,  општинската администрација заедно со вработените од ЈПКД „Турија“, Василево, вработените и учениците во училиштата, како и вработените и дечињата од детската градинка, заеднички спроведовме еколошка акција во која на повеќе локации во повеќе населени места садевме млади садници и го собиравме комуналниот отпад“, изјави градоначалникот на општина Василево Славе Андонов по повод денешната еколошка акција во која активно учествуваше.

„Генерално, грижата за животната средина и околината постојано е во фокусот на моите активности како градоначалник. Буквално од првиот ден сум на терен и заедно со комуналното препријатие се бориме со дивите депонии и  го расчистуваме отпадот. Денешната акција е мал влог во нашата иднина и позитивен пример кој се надевам ќе го следат и останатите мои сограѓани. Грижата кон природата мора да биде секојдневна, а нашиот однос кон околината пријателски, бидејќи наша цивилизациска обврска е да ја зачуваме за идните поколенија“, нагласи градоначалникот Андонов.

Василево

Фолкорен концерт во Сушево, Општина Василево

Media Press

Published

на

На 25 април на вториот ден од големиот христијански празник Воскресение Христово-Велигден, под покровителство на општина Василево,  КУД „Сушевски бисери“ од с.Сушево, организира фолклорен концерт, насловен како „Во чест на големата радосна вест“.

Во ритамот на македонската фолклорна музика ќе бидат изведени ора кои го отсликуваат животот на македонската нација низ вековите.

Како гости на концертот со своите изведби ќе настапат и:  ФА „Китка“, с. Ораовица, КУД „Кирил и Методи“, с. Иловица, ФА „Злевски бисери“, с. Злеово, ФА „Подарешани млади“, с. Подареш, ФА „Бучим“, Радовиш и Оркестар за народни инструменти при ООМУ  „Боро Џони“, Струмица.,

Концертот ќе се одржи на одбојкарското игралиште во с. Сушево со почеток во 15,00 часот.

Прочитај повеќе

Василево

Градоначалникот Андонов најави градежна офанзива во општина Василево

Media Press

Published

на

Денешната активност е вовед во градежната офанзива кој следува во наредните десетина денови  кога ќе бидат асфалтирани над 3 км  локални улици и патишта во вкупна вредност од околу 30 000  000 денари“, изјави градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, кој во придружба на дел од пратениците во Републичкото собрание и членови на Советот на општина Василево присуствуваше на почетокот на асфалтирањето на улицата во Градашорци која води од Домот на културата кон индустриската зона.

Градежната компанија ангажирана од Општина Васиево започна со асфалтирање на улицата во населеното место Градашорци, која води од Домот на културата кон индустрискта зона во должина од 432 метри и ширина од 5 метри од кои 3,5 се асфалтна лента и банкини од двете страни по околу 0,75 м.

Вкупниот буџет за реализација на овој проект изнесува 2 493 495 денари, средства кои општина Василево ги обезбеди преку Проектот за поврзување на локални патишта кој се реализира од страна на Министерството за транспорт и врски со финансиска поддршка од Светска Банка.

„На терен, преку  конкретни дела ствараме подобри услови за нашите сограѓани. Нивните потреби, барања и приоретите се наша обврска на чие реализирање, посветено работам од првиот ден на мандатот“, изјави градоначалникот Андонов на стартот,  на како што ја нарече, градежната офанзива во општина Василево.

Прочитај повеќе

Василево

Еколошките активности во општина Василево продолжуваат и во месец април

Media Press

Published

на

Активностите на расчистување и отстранување на сметотот од населените места кои општина Васаилево во соработка со ЈПКД „Турија“ Василево ги стартуваше со подобрувањето на временските услови пред почетокот на пролетта, во континуитет продолжуваат и во месец април.

Според информацијата од градоначалникот на општина Василево Слаев Андонов, екипите на ЈПКД „Турија“, Васлево работеле на расчистување на наносите од земја во центарот на населеното место Пиперево и улицата која води кон црквата. Во населеното место Владевци расчистена е дивата депонија а  со механизација извршено е порамнување на полскиот пат и негово оспособување во пресрет на засилините земјоделски активности.

Во населеното место Василево активноста е спроведена на  влезот од кај индустрискта зона односно просторот  покрај индустриските објекти од каде е отстранет комуналниот  отпад и диво израстената вегетација. Со активноста опфатен е и влезот на населеното место Добрашинци.

Со апел до граѓаните да се однесуваат поодговорно и отпадот да го депонираат на местата одредени за тоа, градоначалникот Андонов најавува дека општиата и комуналното претпријатие, посветено,  продолжуваат со еколошките активности и во останатите населени места.

Прочитај повеќе