Connect with us

Василево

Општина Василево ја продолжува пролетната акција, денеска се чистеа јавните површини во Пиперево

Media Press

Published

на

ЈПКД „Турија“,  Василево, денеска ја продолжи својата пролетна акција со чистење на јавните површни во населеното место Пиперево. Го чистеше игралиштето во центарот на селото и просторот околу него.

„Како што веќе најавивме, комуналното претпријатие во соработка со општината спроведува акција на пролетно чистење низ населените места. Денес екипи на ЈПКД „Турија“ го чистеа просторот во и околу игралиштето во с. Пиперево, по што активноста продолжува и на просторот на  главната улица и тротоарот“,  информираше градоначалникот на општина Василево Славе Андонов за тековната комунална активност на пролетно чистење

Како што е планирано, тротоарите и просторот покрај нив се ослободуваат од тревите и земјата која се наталожила во изминатиот период, а паралелно се собира и расфрланиот комунален отпад.

Активноста на пролетно чистење  ќе продолжи и во наредните денови.

Василево

Фолкорен концерт во Сушево, Општина Василево

Media Press

Published

на

На 25 април на вториот ден од големиот христијански празник Воскресение Христово-Велигден, под покровителство на општина Василево,  КУД „Сушевски бисери“ од с.Сушево, организира фолклорен концерт, насловен како „Во чест на големата радосна вест“.

Во ритамот на македонската фолклорна музика ќе бидат изведени ора кои го отсликуваат животот на македонската нација низ вековите.

Како гости на концертот со своите изведби ќе настапат и:  ФА „Китка“, с. Ораовица, КУД „Кирил и Методи“, с. Иловица, ФА „Злевски бисери“, с. Злеово, ФА „Подарешани млади“, с. Подареш, ФА „Бучим“, Радовиш и Оркестар за народни инструменти при ООМУ  „Боро Џони“, Струмица.,

Концертот ќе се одржи на одбојкарското игралиште во с. Сушево со почеток во 15,00 часот.

Прочитај повеќе

Василево

Градоначалникот Андонов најави градежна офанзива во општина Василево

Media Press

Published

на

Денешната активност е вовед во градежната офанзива кој следува во наредните десетина денови  кога ќе бидат асфалтирани над 3 км  локални улици и патишта во вкупна вредност од околу 30 000  000 денари“, изјави градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, кој во придружба на дел од пратениците во Републичкото собрание и членови на Советот на општина Василево присуствуваше на почетокот на асфалтирањето на улицата во Градашорци која води од Домот на културата кон индустриската зона.

Градежната компанија ангажирана од Општина Васиево започна со асфалтирање на улицата во населеното место Градашорци, која води од Домот на културата кон индустрискта зона во должина од 432 метри и ширина од 5 метри од кои 3,5 се асфалтна лента и банкини од двете страни по околу 0,75 м.

Вкупниот буџет за реализација на овој проект изнесува 2 493 495 денари, средства кои општина Василево ги обезбеди преку Проектот за поврзување на локални патишта кој се реализира од страна на Министерството за транспорт и врски со финансиска поддршка од Светска Банка.

„На терен, преку  конкретни дела ствараме подобри услови за нашите сограѓани. Нивните потреби, барања и приоретите се наша обврска на чие реализирање, посветено работам од првиот ден на мандатот“, изјави градоначалникот Андонов на стартот,  на како што ја нарече, градежната офанзива во општина Василево.

Прочитај повеќе

Василево

Еколошките активности во општина Василево продолжуваат и во месец април

Media Press

Published

на

Активностите на расчистување и отстранување на сметотот од населените места кои општина Васаилево во соработка со ЈПКД „Турија“ Василево ги стартуваше со подобрувањето на временските услови пред почетокот на пролетта, во континуитет продолжуваат и во месец април.

Според информацијата од градоначалникот на општина Василево Слаев Андонов, екипите на ЈПКД „Турија“, Васлево работеле на расчистување на наносите од земја во центарот на населеното место Пиперево и улицата која води кон црквата. Во населеното место Владевци расчистена е дивата депонија а  со механизација извршено е порамнување на полскиот пат и негово оспособување во пресрет на засилините земјоделски активности.

Во населеното место Василево активноста е спроведена на  влезот од кај индустрискта зона односно просторот  покрај индустриските објекти од каде е отстранет комуналниот  отпад и диво израстената вегетација. Со активноста опфатен е и влезот на населеното место Добрашинци.

Со апел до граѓаните да се однесуваат поодговорно и отпадот да го депонираат на местата одредени за тоа, градоначалникот Андонов најавува дека општиата и комуналното претпријатие, посветено,  продолжуваат со еколошките активности и во останатите населени места.

Прочитај повеќе