Радовиш
Хрватската амбасадорка во посета на Општина Радовиш

Published
2 месеци agoна
By
Media Press
Денеска во официјална посета на Радовиш беше Амбасадорката на Република Хрватска Нивес Тигањ/ Nives Tiganj.
На остварената средба како што информираат од општината, градоначалникот Ацо Ристов ја запозна амбасадорката со информации за Општина Радовиш и нејзините потенцијали.
Исто така на средбата се разговараше и за поддршката која Хрватска ја дава на Македонија во процесот на пристапување во Европската Унија.

Воедно се дискутираше за можностите за директна поддршка во реализирањето на различни активности, а заради решавање на проблемите и предизвиците со кои се соочува Општина Радовиш на локално и национално ниво.
Амбасадорката Нивес, заедно со градоначалникот Ристов во неофицијалниот дел го посети црковниот храм „Света Троица“ во Радовиш, Божји храм посветен на денот кога се празнува Светата Троица кој што е празник на целиот град и кој претставува и дел од верскиот туризам во Радовиш.

Поврзани содржини
ОО на СДСМ, Радовиш: Поминаа шест месеци локална власт на ВМРО -ДПМНЕ во Радовиш, нови проекти нема
Расчистено разбојништво во Радовиш, наместо пари од казино украле коверти со исплатени тикети
Одржана првата бизнис средба во Радовиш
Од понеделник во ОНБ „Браќа Миладиновци„ во Радовиш „САЕМ НА КНИГИ 2022“
Пуштена во употреба новата Сала за венчавање – „Музеј на љубовта и уметноста“ во Радовиш
„САЕМ НА КНИГИ 2022“ ќе се одржи во Општинска народна библиотека „Браќа Миладиновци„ Радовиш
Радовиш
Комплет одела за лична заштита при справување со шумски пожари за пожарникарите од ТППЕ Радовиш

Published
21 минута agoна
мај 19, 2022By
Media Press
Центарот за развој на Југоисточен плански регион денеска додели комплет одела за лична заштита при справување со шумски пожари на пожарникарите од ТППЕ Радовиш.
Ова донација е во рамките на проектот ,,Прекугранична соработка во справување со шумски пожари” финансиран од Европската Унија преку Интеррег –ИПА Програмата за прекугранична соработка меѓу Бугарија и Македонија и во склоп на престојниот Ден на пожарникарството-20 мај.
„Личната заштитна опрема е согласно Правилникот за видот и изгледот на униформата,видот на заштитна опрема и начинот и проверка и испитување на нејзина исправност.Останатиот дел од опремата дополнително ќе биде доставена“, рече градоначалникот Ацо Ристов .

Проектот е со времетраење од 24 месеци во која се вклучени обука на пожарникари од специјални обучувачи и добивање сертификат,потпишување Меморандум за соработка и размена на искуства со доброволните пожарникарски друштва од Асоцијацијата на југозападни општини на Република Бугарија.
Целта на проектот е воспоставување на координација и структура за спречување на се почестата појава на шумски пожари како природна катастрофа, меѓу двете земји како дел од партнерството во проектот.

Радовиш
Пожарникарите од ТППЕ од Радовиш одржаа показна вежба за брза интервенција при појава на пожар

Published
6 часа agoна
мај 19, 2022By
Media Press
ТППЕ од Радовиш денеска одржа ЕДНА ОД РЕДОВНИТЕ показни вешби за брза реакција при појава на пожари, која што се одржа во кругот на Спортската сала „25 Мај“ во Радовиш.

„Ова ќе биде редовна пракса и ќе се одржува еднаш месечно за подготвеноста да бида на повисоко ниво“, рече градоначалникот Ацо Ристов кој беше присутен при одржувањето на вежбата.
Екипата од ТППЕ покажа висока подготвеност доколку има потреба за брза реакција за интервенција на пожар на височина. Во вежбата беа вклучени три противпожарни возила.

Радовиш
ОО на СДСМ, Радовиш: Поминаа шест месеци локална власт на ВМРО -ДПМНЕ во Радовиш, нови проекти нема

Published
1 ден agoна
мај 18, 2022By
Media Press
ОО на СДСМ од Радовиш на денешната прес конференција со обвинување, за шест месеци локална власт на ВМРО ДПМНЕ во Радовиш, промовираат само проекти започнати од претходната власт. Од СДСМ прашуваат каде се најавените капитални проекти како што е нвиот Градски пазар во Радовиш, градскиот рекреативне центар со парк покрај Канлиевата воденица и други.

Комплет одела за лична заштита при справување со шумски пожари за пожарникарите од ТППЕ Радовиш

ООУ Крсте Петков Мисирков од Радовиш потпиша договор за збратимување со училиште од Ташкопру, Општина Јалова од Турција

Пожарникарите од ТППЕ од Радовиш одржаа показна вежба за брза интервенција при појава на пожар

ОО на СДСМ, Радовиш: Поминаа шест месеци локална власт на ВМРО -ДПМНЕ во Радовиш, нови проекти нема
