Connect with us

Василево

Пролетно чистење на улиците во Општина Василево

Media Press

Published

на

ЈПКД „Турија“,Василево започна со пролетно чистење на улиците. Градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, денес изврши увид во текот на активностите кои се одвиваа на главната, влезна, улица во населеното место Василево, каде екипа на комуналното претпријатие работеше на отстранување на наталожената земја и другиот отпаден материјал покрај коловозната лента и тротоарот.

„Во договор сме со директорката на ЈПКД „Турија“, оваа активност да се спроведе и во останатите население места во кои улиците се со тротоари  што значи во наредните денови истата активност ќе се спроведе и на главните улици во селата Градшорци и Пиперево. Од улиците и тротоарите и просторот покрај  нив ќе биде отстранет целокупниот наносен материјал, главно земја и песок наталожени во текот на зимскиот период и истиот ќе биде однесен на депонијата“,  информираше градоначалникот на општина Василево во врска со пролетното чистење на  улиците и тротоарите во општината.

Андонов најави и  дека во наредниот период во координација со ЈПКД „Турија“, ќе следуваат и други активности од комуналната сфера.

Василево

Фолкорен концерт во Сушево, Општина Василево

Media Press

Published

на

На 25 април на вториот ден од големиот христијански празник Воскресение Христово-Велигден, под покровителство на општина Василево,  КУД „Сушевски бисери“ од с.Сушево, организира фолклорен концерт, насловен како „Во чест на големата радосна вест“.

Во ритамот на македонската фолклорна музика ќе бидат изведени ора кои го отсликуваат животот на македонската нација низ вековите.

Како гости на концертот со своите изведби ќе настапат и:  ФА „Китка“, с. Ораовица, КУД „Кирил и Методи“, с. Иловица, ФА „Злевски бисери“, с. Злеово, ФА „Подарешани млади“, с. Подареш, ФА „Бучим“, Радовиш и Оркестар за народни инструменти при ООМУ  „Боро Џони“, Струмица.,

Концертот ќе се одржи на одбојкарското игралиште во с. Сушево со почеток во 15,00 часот.

Прочитај повеќе

Василево

Градоначалникот Андонов најави градежна офанзива во општина Василево

Media Press

Published

на

Денешната активност е вовед во градежната офанзива кој следува во наредните десетина денови  кога ќе бидат асфалтирани над 3 км  локални улици и патишта во вкупна вредност од околу 30 000  000 денари“, изјави градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, кој во придружба на дел од пратениците во Републичкото собрание и членови на Советот на општина Василево присуствуваше на почетокот на асфалтирањето на улицата во Градашорци која води од Домот на културата кон индустриската зона.

Градежната компанија ангажирана од Општина Васиево започна со асфалтирање на улицата во населеното место Градашорци, која води од Домот на културата кон индустрискта зона во должина од 432 метри и ширина од 5 метри од кои 3,5 се асфалтна лента и банкини од двете страни по околу 0,75 м.

Вкупниот буџет за реализација на овој проект изнесува 2 493 495 денари, средства кои општина Василево ги обезбеди преку Проектот за поврзување на локални патишта кој се реализира од страна на Министерството за транспорт и врски со финансиска поддршка од Светска Банка.

„На терен, преку  конкретни дела ствараме подобри услови за нашите сограѓани. Нивните потреби, барања и приоретите се наша обврска на чие реализирање, посветено работам од првиот ден на мандатот“, изјави градоначалникот Андонов на стартот,  на како што ја нарече, градежната офанзива во општина Василево.

Прочитај повеќе

Василево

Еколошките активности во општина Василево продолжуваат и во месец април

Media Press

Published

на

Активностите на расчистување и отстранување на сметотот од населените места кои општина Васаилево во соработка со ЈПКД „Турија“ Василево ги стартуваше со подобрувањето на временските услови пред почетокот на пролетта, во континуитет продолжуваат и во месец април.

Според информацијата од градоначалникот на општина Василево Слаев Андонов, екипите на ЈПКД „Турија“, Васлево работеле на расчистување на наносите од земја во центарот на населеното место Пиперево и улицата која води кон црквата. Во населеното место Владевци расчистена е дивата депонија а  со механизација извршено е порамнување на полскиот пат и негово оспособување во пресрет на засилините земјоделски активности.

Во населеното место Василево активноста е спроведена на  влезот од кај индустрискта зона односно просторот  покрај индустриските објекти од каде е отстранет комуналниот  отпад и диво израстената вегетација. Со активноста опфатен е и влезот на населеното место Добрашинци.

Со апел до граѓаните да се однесуваат поодговорно и отпадот да го депонираат на местата одредени за тоа, градоначалникот Андонов најавува дека општиата и комуналното претпријатие, посветено,  продолжуваат со еколошките активности и во останатите населени места.

Прочитај повеќе