Connect with us

Македонија

ЛЕВИЦА ќе ги оспори двојазичните униформи на полицијата пред Уставен суд

Media Press

Published

на

Левица ќе ја оспори неуставната владина Уредба за униформата и ознаките на Униформата на полицијата пред Уставниот суд. За време на економска и енергетска криза, Владата на СДСМ и ДУИ својата неспособност ќе ја прикрива со решавање на непостоечки прашања во општеството, кои водат кон разнебитување на унитарниот карактер на државата, реагираат од Левица во однос на двојазочните униформи.

„Скандалозната Уредба е спротивна на амандманот V од Уставот, согласно кој службен јазик на целата територија е македонскиот јазик и неговото писмо. Следствено на тоа, оваа Уредба е спротивна и на Законот за полиција согласно кој, полицијата ја врши унифицирано својата работа на целата територија на државата. Притоа, веќе постои Правилник со кој се уредуваат ознаките на униформата и согласно кој, истите се идентични на целата територија на државата и истите не може да се разликуваат во зависност од општините каде се извршува работата“ соопштуваат од Левица.

„Во изминатите две години, македонското население доживеа низа човечки трагедии, како последица на коруптивните кадри на оваа владејачка коалиција. СДСМ покажува дека нивниот фокус не е веќе на добивање на следните избори, туку задржување на овој мандат по секоја цена, додека ДУИ ја користи нестабилноста на мнозинството за да обезбеди политички поени. Сепак, ова нема да ја спречи владината коалиција да ја закити оваа против-уставна Уредба со невистинити квалитети за инклузивност и прогресивност.  

Зад овие флоскули стојат регресивни мотиви и желби. Политичката и општествена застапеност на албанската заедница е остварена и одамна на оптимално ниво, но, таа улога многу долго ја врши истата криминална партија, која непрестано покажува дека не ги штити интересите на албанските жители, туку исклучиво работи на зголемување на расцепот во нашето општество, стои во соопштението од Левица.

Според Левица од највисоко значење е запирање на овие процеси, затоа што македонската државност е загрозена од сите страни – во внатрешната и во надворешната политика, и потребно е да се застане во одбрана на принципите кои ни го сочинуваат суверенитетот.

Македонија

Ограничените маржи на основните прехранбени производи ќе останат до крај на годината, владата донесе одлука

Media Press

Published

на

На предлог на Министерството за економија, Владата на денешната седница донесе одлука да се продолжи рокот на траење на мерката за ограничување на маржата на основните прехранбени производи, информира министерот за економија Крешник Бектеши.

Според Одлуката оваа мерка ќе се применува до 31 декември 2022 година.

“Имајќи предвид дека со оваа Одлука се ограничува растот на цените преку утврдување на висината на трговската маржа која треба да  влијание на растот на цените на мало на основните прехранбени производи, а состојбата на пазарот укажува дека цените не се стабилизирани, се наметна потребата да се продолжи рокот за следните 3 месеци од оваа година односно до 31 декември 2022 година. На овој начин, евентуалниот раст на цените во трговијата на големо и трговијата мало ќе биде предизвикан од растот на увозните и  берзанските цени, како и растот на производствените трошоци, напиша министерот Бектеши на својот Фејсбук профил.

Согласно одлуката висината на трговска маржа на трговските друштва и трговските поединци кои учествуваат во трговскиот ланец  на леб бел;, сечен на парчиња или цел, шеќер бел и сончогледово масло за јадење се утврдува  во висина до 5% во трговијата на големо  и до 5% во трговијата на мало.

Висината на трговска маржа на трговските друштва и трговските поединци кои учествуваат во трговскиот ланец  на брашно од пченица – тип 400 и тип 500, макарони и шпагети од тврда пченица, македонски бел ориз и трајно кравјо млеко со масленост од 2,8%, 3,2% и 3,5% млечна маст и јајца се утврдува во висина до 10% во трговијата на големо  и  до 10% во трговијата на мало

Прочитај повеќе

Македонија

СДСМ:Иницијативата на Мицкоски за референдум е спротивна на македонскиот Устав. ВМРО -ДПМНЕ:Џафери не е Уставен судија да толкува Устав

Media Press

Published

на

Иницијативата на Мицкоски за референдум е спротивна на македонскиот Устав, на државните и национални интереси и треба да се отфрли, е ставот на СДСМ по отфрлањето на иницијативата за референдум од страна на спикерот Џафери.

„Уставот како највисок правен акт е јасен: Во член 118, јасно предвидува дека Меѓународните договори што се ратификувани се дел од внатрешниот правен поредок и не може да се менуваат со Закон.

Договорот за добрососедство е меѓународен договор и согласно Уставот неговото правно дејство не може да се менува.

Очигледно е дека Мицкоски намерно ја има смислено и поднесено оваа иницијатива на правно неиздржан начин, спротивно на македонскиот Уставот. Само за да создава тензии, да го манипулира народот, свесен дека нема да успее“, соопштуваат од партијата.

 Реакцијата доѓа откако синоќа претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери, ја отфрли иницијативата за спроведување референдум за поништување на Законот за ратификација на Договорот за добрососедство, пријателство и соработка со Бугарија како неуставна.

„Џафери и власта не се во право по најмалку два основа. Џафери не е Уставен судија да толкува Устав, второ ова е билатерален договор, каде се спори законот за ратификација кој има сила на закон, а не меѓународен договор, реагираат од ВМРО ДПМНЕ.

„Со поништувањето на Законот за ратификација ќе престанеше важењето на договорот со Бугарија, зошто меѓународните договори важат само доколку се ратификувани.

Антимакедонската СДС избега од референдум само затоа што се плаши од народот и знае дека никој не го поддржува договорот со Бугарија“, стои во соопштението од центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.

Прочитај повеќе

Македонија

Недела останува неработен ден, Уставниот суд не донесе одлука

Media Press

Published

на

Уставниот суд на денешната седница не одлучуваше по иницијативата поднесена од Стопанската комора на Република Македонија во која е оспорен Законот за изменување и дополнување на Законот за работни односи кој во својата содржина опфаќа „работа во недела”, поради немање кворум. По иницијативата, како што велат од Судот, ќе се навратат тогаш кога Собранието на Република Македонија ќе го комплетира Уставниот суд со доволен број на судии.

,,Рефератот на овој предмет беше да не се поведе постапка, што значи законот да остане во правниот поредок и недела да остане неработен ден освен во дејностите од исклучоците.

Еден судија се изјаснил дека не го поддржува рефератот и поради тоа немало кворум за Одлука“, потврдуваат и од ССМ.

Прочитај повеќе