Connect with us

Регион

И според последните податоци има нови случаи на Ковид -19 во Радовиш

Media Press

Published

на

Во последните 24 часа направени се 2.535 тестови, а регистрирани се 328 нови случаи на КОВИД-19,  од нив во Југоистокот 12. Во Радовиш се регистрирани 5 нови случаи, во Гевгелија и Валандово по 4, Струмица 2 и Богданци 1 нов случај.

Од вкупниот број на позитивни (328), регистрирани се 65 реинфекциии.

Регистрирани се 4 починати лица од кои едно починато лице: од Кичево кое починало вчера во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени 3 починати лица од: Штип, Гостивар и Струмица  во периодтот од 09 до 12 март. Од пријавените лица кои се на возраст од 48 до 77години, две се починати во болнички услови и едно лице во домашни услови.

Од вкупно регистрираните починати лица (4), кај 3 лица се регистрирани коморбидитети. Регистрирани сe 237 оздравени пациенти.

Досега во земјата се направени вкупно 1.928.498 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 302.224, бројот на оздравени пациенти е 291.144, на починати е 9.159, а бројот на активни случаи изнесува 1.921.

Регион

Санкции за 46 возачи кои возеле побрзо од дозволеното на подрачјето на ОВР Радовиш и Валандово

Media Press

Published

на

Во текот на вчерашниот ден во периодот од 07.00 до 14.00 часот на подрачјата на Одделенијата за внатрешни работи Радовиш и Валандово била спроведена контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од дозволената. Притоа, биле констатирани 46 прекршувања на брзината, од кои 29 на подрачје на Радовиш и 17 на подрачје на Валандово.

Сите констатирани прекршоци биле соодветно санкционирани, информира СВР Струмица.

Прочитај повеќе

Регион

Регистрирани се нови 521 случаи на КОВИД-19, од нив 38 во Југоистокот

Media Press

Published

на

 Во последните 24 часа направени се 1.231 тестови, а регистрирани се нови 521 случаи на КОВИД-19. Од нив 38 во Југоистокот.

Гевгелија – 13, Струмица –  12, Радовиш –  7, Богданци –  4 и Валандово–  2.

Од вкупниот број на позитивни (521), регистрирани се 120 реинфекции.

Регистрирани сe 485 оздравени пациенти од кои 25 во Југоистокот: Во Струмица –  16, Гевгелија – 7, Богданци–  2 и Радовиш 1.

Во текот на изминатите 24 часа пријавени се 2 починати лица, од Скопје (78г) и Струга(48г). Двете лица се починати во болнички услови.

Досега во земјата се направени вкупно 2.139.217 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 336.560, бројот на оздравени пациенти е 323.536, на починати е 9.429, а бројот на активни случаи изнесува 3.595

Прочитај повеќе

Регион

Нови 40 случаи на Ковид во Југоистокот во последните три дена

Media Press

Published

на

Во последните 3 дена (од 12.08 до 14.08.2022) направени се 2.095 тестови, а регистрирани се 889 нови случаи на КОВИД-19. Од нив цо Југоистокот се забележани 40 нови случаи, во Гевгелија – 17, Струмица – 16, Радовиш – 7 и Валандово, Богданци, по 2

Од вкупниот број на позитивни (889), регистрирани се 199 реинфекции.

Регистрирани сe 1.228 оздравени пациенти од:

Струмица – 33, Гевгелија –  20, Радовиш – 13, Валандово  10 и Дојран – 1.

Во текот на изминатите 3 дена (12.08 – 14.08.2022) пријавени се 7 починати лица, од: 3 починати.

Досега во земјата се направени вкупно 2.136.393 тестирање на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 335.451, бројот на оздравени пациенти е 322.468, на починати е 9.424, а бројот на активни случаи изнесува 3.559

Прочитај повеќе