Македонија
Учениците од основните училишта се ослободуваат од носењето маски

Published
2 месеци agoна
By
Media Press
Учениците од основните училишта се ослободуваат од носењето маски, но мерката останува за наставниците и техничкиот персонал,ове е една од трите мерки кои денеска ги биле усвоени од Комисијата за заразни болести,а кои таа ќе ги препорача на Главниот кризен штаб и на усвојување од Владата.
Другите две мерки се, капацитетот на исполнетост на затворени објекти, како опери, театри, кина се зголемува од 50 отсто на 75 проценти и се укинуваат сертификатите за престој во отворениот дел од угостителските објекти.
„Денеска имавме редовна седница на Комисијата за заразни болести на којашто прво ја разгледавме епидемиолошката состојба од минатата недела и врз основа на бројките од минатата недела, но и на оние критериуми кои ги спомнавме во соопштение минатиот пат, донесовме три мерки во согласност со тој нов алгоритам на процена на ризикот“, изјави претседателот на Комисијата, Александар Петличковски.
Тој посочи дека на учениците не им е забрането носењето маски во училиштата, доколку сметаат дека треба да ги носат.
– Право на избор е. Ако некој сака да носи маска, има дома возрасни членови на семејството и сака да ги заштити, не е забрането да носи маска, но задолжението, обврската ја укинуваме. Нема обврска за задолжително носење на маски во училиште, појасни Петличковски.
Портпаролот на Комисијата, Злате Мехмедовиќ рече дека засега начинот на изолација останува ист, а мерките ќе се олабавуваат или заоструваат во зависност од епидемиолошката состојба.
„За да не се доведеме во ситуација како што се доведоа земјите како што се Австрија, Германија, Велика Британија и Данска каде што имаше нагло зголемување на бројот на новозаразени, на хоспитализации и на починати“, истакна Мехмедовиќ.
Поврзани содржини
Владат го укина задолжителното носење на заштитни маски во затворен простор
Главниот координативен кризен штаб ѝ препорача на владата да ја укине обврската за носење на маски за средношколците
Шаренило од маски и бои на традиционалната Априлијада денеска во Радовиш
Министерот Шаќири појасни кога учениците ќе престанат да носат заштитни маски во училиштата
Ќе се формира Советодавна комисија за спроведување на План во случај на вонредно пореметување на пазарот со сурова нафта
Се укинуваат сертификатите за влез во моловите, за маските во училиштата не било дискутирано
Македонија
Платите во образование од септември ќе бидат зголемени во просек од над 3.500 денари

Published
1 ден agoна
мај 18, 2022By
Media Press
Дијалогот помеѓу Владата и Синдикатот за образование, наука и култура успешно заврши. Постигнат е договор за зголемување на платите во образованието во висина од 15 отсто, од септември оваа година, односно зголемување во просек од над 3.500 денари, во време на најголема светска економска криза, информираат од СДСМ.
„Ова зголемување на платите е најголемото досега и заедно со досегашните 21% зголемување е историски најголемата поддршка на вработените во образованието.
До пред само 5 години, максималното зголемување на платите беше 4%, без глобални кризи.
Сега, во услови на најголема економска и енергетска криза, покрај огромното процентуално зголемување, на вработените во образованието, преку колективните договори ќе им се овозможи и усогласување со минималната плата како и други придобивки. Воедно, ќе се дефинира методологија за континуиран раст на платите со што ќе се заштити стандардот на наставниците и ќе се овозможи континуирано зголемување на плата без потреба од дополнителна владина, институционална или политичка интервенција“, вели премиерот Ковачевски во својата објава на социјалните мрежи.
Тој апелираше до СОНК за брзо и целосно прифаќање на договорените услови и одговорност, за да можат надлежните институции да продолжат со потребните активности за реализација на покачувањето
Македонија
Дијалогот со СОНК продолжува договорена следна средба на 17 мај

Published
6 дена agoна
мај 13, 2022By
Media Press
Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска вчера оствари средба со претседателот на СОНК, Јаким Неделков, на која присуствуваа и претставници на синдикатот и Министерството за труд и социјална политика.
На средбата како што информираат од МТСП се разговарало за барањата кои се дел од одлуката за штрајк на вработените во детските градинки, а за кои во изминатиот период не бело отворена дискусија.
Исто така, се отворило и прашањето за платите на вработените за време на штрајк.
На состанокот било договорено дека дијалогот продолжува и воедно се договорила следна средба на 17.мај со цел изнаоѓање на решенија во рамки на позитивните законски прописи.
Страните разговарале и за формирање на работна група за нов Колективен договор за предучилишните установи, чија важност истекува со месец јуни.
„Новиот Колективен договор треба да понуди нови решенија кои ќе значат унапредување на предучилишното згрижување и воспитување“, вели министерката Тренчевска.
Македонија
Македонската претставничка Андреа Коевска не успеа да се избори за пласман во големото финале на Евросонг

Published
6 дена agoна
мај 13, 2022By
Media Press
Македонската претставничка на Евровизија 2022 Андреа Коевска не успеа да се пласира во финалето по настапот синоќа на евровизиската сцена во Торино.
Во второто полуфинале на Евровизија 2022 настапија 18 земји а само десет се изборија за место во финалето.
Македонската претставничка ја испеа „Circles“ во рамките на втората полуфинална вечер, но за жал не успеа да се избори за пласман во големото финале на Евросонг во Торино и се враќа дома.
Андреа настапи под реден број 11 и ја претставуваше Македонија.
Нејзиното учество беше неизвесно откако таа случајно или не, го фрли знамето на тиркизниот килим на отворањето на Евровизија за да се фотографира без него. Тоа предизвика лавина негативни коментари и осуда од јавноста, но и од Македонската Радио Телевизија.

ООУ Крсте Петков Мисирков од Радовиш потпиша договор за збратимување со училиште од Ташкопру, Општина Јалова од Турција

Пожарникарите од ТППЕ од Радовиш одржаа показна вежба за брза интервенција при појава на пожар

ОО на СДСМ, Радовиш: Поминаа шест месеци локална власт на ВМРО -ДПМНЕ во Радовиш, нови проекти нема

Платите во образование од септември ќе бидат зголемени во просек од над 3.500 денари
