Connect with us

Струмица

Реализацијата на основниот буџет на Општина Струмица надминува 100 проценти

Media Press

Published

на

Советот на општина Струмица вчера ја одржа седмата седница на којашто беа усвоени повеќе предлог извештаи, одлуки и програми на Општината, јавни претпријатија и локални институции. Советниците го усвоија извештајот за извршувањето на буџетот за четвртиот квартал од 2021 година, годишниот извештај на Општината и предлог-завршната сметка на буџетот за 2021 година.

Во четвртиот квартал од 2021 година, вкупните приходи во Буџетот на општина Струмица имаат реализација од 98 проценти, од кои основниот буџет е реализиран со 104 проценти. Вкупните оперативни расходи се реализирани со 95 проценти а капиталните расходи имаат реализација од 77 проценти во однос на планираните за 2021 година.

Реализацијата на основниот буџет надминува 100 проценти затоа што општина Струмица има добиено 60.000.000 денари од Министерството за транспорт и врски за изградба на социјална населба во Турското маало, проект планиран во Буџетот за 2022 година.

Струмица

Намален интересот за користење на природен гас во Струмица

Media Press

Published

на

Прочитај повеќе

Струмица

Реконструиран објектот на итната медицинска служба во Струмица

Media Press

Published

на

Прочитај повеќе

Струмица

Во текот на вчерашниот ден се случиле две сообраќајни несреќи во струмичко

Media Press

Published

на

Вчера во 05.30 часот во СВР Струмица било пријавено дека на локален пат кој води од крстосница со магистрален пат А4 кон село Доброшинци, струмичко, В.В.(54) од село Чанаклија, струмичко, управувајќи товарно моторно возило „ивеко“ со струмички регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и излетал од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот А.М.(38) од Струмица, а возачот и сопатникот С.Р.(26) од Струмица се здобиле со телесни повреди, констатирани во Медицински центар Струмица. Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица.

Исто така вчера околу 15.50 часот во СВР Струмица било пријавено дека на улица „24-ти Октомври“ во Струмица, М.К.(25) од село Дабиле, струмичко, управувајќи мотоцикл „сузуки“ со струмички регистарски ознаки, удрил во паркирано патничко моторно возило „шевролет“ со струмички регистарски ознаки.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, кој бил пренесен во Медицински центар Струмица, а увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица.

Прочитај повеќе