Connect with us

Македонија

Интервентен фонд од 4 милиони евра за интервентни мерки за растително и сточарско производство

Media Press

Published

на

 „Ова е прв пат и прва година да се носи Програма за интервентен фонд, покрај редовните програми на Министерството, со која што  преку интервентни мерки им помагаме на земјоделците во оваа тешка состојба на економска криза со која се соочува целиот свет, Европа и регионот, информира министерот за земјоделство шумарство и водостопанство Љупчо Николовски на прес конференција.  

Со интервентниот фонд засега се предвидени 250 милиони денари за интервентни мерки во растителното и сточарското производство. „Ова се средства кои се надвор од директните плаќања за субвенции и коишто со Законот за извршување на буџет се предвидени како дополнителни средства преку коишто ќе интервенираме  во одредени категории на земјоделски стопанства и производители, со одредена поддршка. Ова се дополнителни средства кои ќе влезат во земјоделството“ појасни Николовски.

За интервентни мерки во растителното производството се предвидени 120 милиони денари или околу 2 милиони евра за субвенционирање на трошоците за ѓубрива. Според анализите поради регистрираниот пораст на цените на вештачките ѓубрива земјоделците ќе добијат поддршка  од 2.500 денари по хектар за направен трошок за набавени  вештачки ѓубриња и тоа во количина најмалку од 200 килограми по хектар. Оваа мерка е наменета за производителите на пченица и јачмен, како најзначајни стратешки култури. Корисници на оваа подмерка се земјоделците кои во производната 2021/2022 година имаат засеани површини со пченица и јачмен.

 Услов за користење на оваа финансиска поддршка е  при поднесување на барањата за субвенцијата физичките лица да приложат фискална сметка со пропратен документ за идентификација за припадноста на фискалната сметка (сметкопотврда или испратница) каде е назначен видот на вештачкото ѓубре и количината изразена во килограми, а правните лица ќе треба да приложат фактура со испратница каде е назначен видот на вештачкото ѓубре и количината изразена во килограми вклучително и доказ за извршено плаќање по фактура односно уплатница или извод од банка.

„Сите земјоделци кои од 01. декември 2021 до 30. април 2022 набавиле вештачки ѓубрива, или ќе набават во овој период и ќе ги користат за прихрана ги охрабруваме бидејќи државата е тука, Владата е тука, преку Програмата за интервентниот фонд ќе ги поддржи со 25% покривање на овие трошоци, покрај сите други мерки, политики, зелена нафта, дополнителни субвенции и сето она што го обезбедуваме за поддршка“ посочи Николовски

Во интервентниот фонд се предвидени и дополнителни средства за одгледувачите на јагниња и на свињи. Односно сточарите ќе добијат дополнителни 400 денари за предадено јагне во регистрирани кланици и 1.500 денари за предадени гоеници во регистрирани кланици.

За овие интеревентни мерки, земјоделците ќе можат да аплицираат од 1-ви мај годинава, што значи во овој помалку од месец и пол период ќе можат да ја комплетираат потребната документација. Исплатата за мерките ќе биде најдоцна до 30-ти јуни оваа година.

Македонија

Ограничените маржи на основните прехранбени производи ќе останат до крај на годината, владата донесе одлука

Media Press

Published

на

На предлог на Министерството за економија, Владата на денешната седница донесе одлука да се продолжи рокот на траење на мерката за ограничување на маржата на основните прехранбени производи, информира министерот за економија Крешник Бектеши.

Според Одлуката оваа мерка ќе се применува до 31 декември 2022 година.

“Имајќи предвид дека со оваа Одлука се ограничува растот на цените преку утврдување на висината на трговската маржа која треба да  влијание на растот на цените на мало на основните прехранбени производи, а состојбата на пазарот укажува дека цените не се стабилизирани, се наметна потребата да се продолжи рокот за следните 3 месеци од оваа година односно до 31 декември 2022 година. На овој начин, евентуалниот раст на цените во трговијата на големо и трговијата мало ќе биде предизвикан од растот на увозните и  берзанските цени, како и растот на производствените трошоци, напиша министерот Бектеши на својот Фејсбук профил.

Согласно одлуката висината на трговска маржа на трговските друштва и трговските поединци кои учествуваат во трговскиот ланец  на леб бел;, сечен на парчиња или цел, шеќер бел и сончогледово масло за јадење се утврдува  во висина до 5% во трговијата на големо  и до 5% во трговијата на мало.

Висината на трговска маржа на трговските друштва и трговските поединци кои учествуваат во трговскиот ланец  на брашно од пченица – тип 400 и тип 500, макарони и шпагети од тврда пченица, македонски бел ориз и трајно кравјо млеко со масленост од 2,8%, 3,2% и 3,5% млечна маст и јајца се утврдува во висина до 10% во трговијата на големо  и  до 10% во трговијата на мало

Прочитај повеќе

Македонија

СДСМ:Иницијативата на Мицкоски за референдум е спротивна на македонскиот Устав. ВМРО -ДПМНЕ:Џафери не е Уставен судија да толкува Устав

Media Press

Published

на

Иницијативата на Мицкоски за референдум е спротивна на македонскиот Устав, на државните и национални интереси и треба да се отфрли, е ставот на СДСМ по отфрлањето на иницијативата за референдум од страна на спикерот Џафери.

„Уставот како највисок правен акт е јасен: Во член 118, јасно предвидува дека Меѓународните договори што се ратификувани се дел од внатрешниот правен поредок и не може да се менуваат со Закон.

Договорот за добрососедство е меѓународен договор и согласно Уставот неговото правно дејство не може да се менува.

Очигледно е дека Мицкоски намерно ја има смислено и поднесено оваа иницијатива на правно неиздржан начин, спротивно на македонскиот Уставот. Само за да создава тензии, да го манипулира народот, свесен дека нема да успее“, соопштуваат од партијата.

 Реакцијата доѓа откако синоќа претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери, ја отфрли иницијативата за спроведување референдум за поништување на Законот за ратификација на Договорот за добрососедство, пријателство и соработка со Бугарија како неуставна.

„Џафери и власта не се во право по најмалку два основа. Џафери не е Уставен судија да толкува Устав, второ ова е билатерален договор, каде се спори законот за ратификација кој има сила на закон, а не меѓународен договор, реагираат од ВМРО ДПМНЕ.

„Со поништувањето на Законот за ратификација ќе престанеше важењето на договорот со Бугарија, зошто меѓународните договори важат само доколку се ратификувани.

Антимакедонската СДС избега од референдум само затоа што се плаши од народот и знае дека никој не го поддржува договорот со Бугарија“, стои во соопштението од центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.

Прочитај повеќе

Македонија

Недела останува неработен ден, Уставниот суд не донесе одлука

Media Press

Published

на

Уставниот суд на денешната седница не одлучуваше по иницијативата поднесена од Стопанската комора на Република Македонија во која е оспорен Законот за изменување и дополнување на Законот за работни односи кој во својата содржина опфаќа „работа во недела”, поради немање кворум. По иницијативата, како што велат од Судот, ќе се навратат тогаш кога Собранието на Република Македонија ќе го комплетира Уставниот суд со доволен број на судии.

,,Рефератот на овој предмет беше да не се поведе постапка, што значи законот да остане во правниот поредок и недела да остане неработен ден освен во дејностите од исклучоците.

Еден судија се изјаснил дека не го поддржува рефератот и поради тоа немало кворум за Одлука“, потврдуваат и од ССМ.

Прочитај повеќе