Connect with us

Струмица

Градоначалникот Костадинов на средба со струмичките земјоделци заедно со министерот Николовски

Media Press

Published

на

Градоначалникот на Општина Струмица Костадин Костадинов денеска учествуваше на тематската средба којашто се одржа во домот на АРМ, а што ја организираше министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, со земјоделците и откупувачите на зелка и директорите на државните институции од оваа област.

На средбата се разговараше за пласманот на пролетната зелка по актуелните случувања со војната меѓу Русија и Украина и светската криза. За моменталната состојба во градинарскиот сектор земјоделците го информираа ресорниот министер од кого побараа поддршка во субвенции, но и помош во изнаоѓање на нови пазари. Притоа беше потенцирано дека се бараат алтернативни пазари за струмичките земјоделски производи.

Министерот Николовски потенцираше дека Владата на Република Македонија е подготвена да интервенира дополнително преку програмите кои веќе ги има донесено или преку нови мерки и механизми се со цел да се обезбеди пласман на земјоделското производство.

Николовски потсети дека од вчера веќе е усвоена програмата за интервентниот фонд во земјоделство преку кој ќе бидат исплатени околу пет милиони евра наменети за интервентни мерки.

Струмица

Во текот на вчерашниот ден се случиле две сообраќајни несреќи во струмичко

Media Press

Published

на

Вчера во 05.30 часот во СВР Струмица било пријавено дека на локален пат кој води од крстосница со магистрален пат А4 кон село Доброшинци, струмичко, В.В.(54) од село Чанаклија, струмичко, управувајќи товарно моторно возило „ивеко“ со струмички регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и излетал од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот А.М.(38) од Струмица, а возачот и сопатникот С.Р.(26) од Струмица се здобиле со телесни повреди, констатирани во Медицински центар Струмица. Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица.

Исто така вчера околу 15.50 часот во СВР Струмица било пријавено дека на улица „24-ти Октомври“ во Струмица, М.К.(25) од село Дабиле, струмичко, управувајќи мотоцикл „сузуки“ со струмички регистарски ознаки, удрил во паркирано патничко моторно возило „шевролет“ со струмички регистарски ознаки.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, кој бил пренесен во Медицински центар Струмица, а увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица.

Прочитај повеќе

Струмица

Започнаа инфраструктурните активности за изградба и обележување на велосипедски патеки во Струмица

Media Press

Published

на

Започнаа инфраструктурните активности за изградба и обележување на велосипедски патеки во градот Струмица со што Проектот „Струмица – Паметен вело град“ станува реалност.

Градоначалникот Костадин Костадинов со соработниците и претседателот на Советот Марјан Даскаловски и членови на истиот извршија увид во стартните активности.

„Урбаната мобилност со велосипед има огромен потенцијал во Струмица бидејќи најголем дел од патувања се на блиски растојанија, а поголем дел од градот е на рамен терен. Велосипедот е транспорт погоден за климата, погоден за здравјето на човекот, погоден за семејниот буџет. Градежните работи за изградба и обележување на велосипедските патеки во Струмица ќе траат 12 месеци. Вкупната инвестиција изнесува 295.000 евра. Овие средства се 100% донација од Европската Унија“ изјави градоначалникот Костадинов.

Прочитај повеќе

Струмица

Заврши 30-то издание на Фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“ во Струмица, со балетската претстава „Болеро“

Media Press

Published

на

Со балетската претстава „Болеро“ од Морис Равел во кореографија на Саша Евтимова, а во изведба на Македонската опера и балет, синоќа заврши 30-то издание на Фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“.

Оваа балетска претстава беше одиграна во чест на актерката Дарија Ризова која ја доби наградата за најдобро актерско остварување. Ризова наградата ја доби за улогата на Маша во претставата „Нема да биде крај на светот“ по текст на Аднан Лугониќ, во режија на Нина Николиќ, копродукциска претстава на Македонскиот народен театар, Перипетија продукција-Скопје и Сараевскиот воен театар САРТР- Сараево.

Наградата која се состои од златен медалјон со ликот на Шишков и парична награда во износ од 1.500 евра, на Ризова и ја врачи претседателот на Советот на општина Струмица, Марјан Даскаловски.

Тој им ги врачи и специјалните награди на актерите Фаик Мефаиловски, Огнен Дранговски и Илина Чоревска, режисерот Васил Христов и на претставата „Злосторство и казна“ во изведба на Драмски куклен тетар од Враца, Бугарија за кои одлука донесе фестивалското жири.

Прочитај повеќе