Connect with us

Конче

Средношколците од Конче втора недела немаат превоз до училиште

Avatar

Published

на

66 ученици средношколци од Општина Конче втора недела не одат на училиште поради проблеми со превозот до СОУ „Коста Сусинов“ во Радовиш.

Денеска реагираа и од Сојузот на средношколци од каде соопштија дека учениците од Конче втора недела немаат превоз за до училиштето во Радовиш. Оттаму бараат од општината Радовиш да им обезбеди бесплатен превоз на учениците, затоа што, како што велат, е нивна должност.

„Не само што 66 ученици изгубија цела недела настава, туку превоз до СОУ „Коста Сусинов“ нема и за време на оваа недела. Сојузот на средношколци ја повикува Општина Радовиш да ја исполни својата законска обврска. Превозот до училиштетото е право на секој ученик, а не привилегија дарувана од институциите. Истиот не е знак на нивна добра волја, туку должност кон граѓаните и средношколците“, реагираат од Сојузот на средношколци, од каде додаваат дека Сојузот презема обврска да го информира и Народниот правобранител за овој проблем.

 Со проблемот е запознаен и градоначалникот на Општина Конче Златко Ристов, кој рече дека тие ја завршиле целата постапка за доделување на линии,  ја  утврдиле цената корегирана со покачување од 30% и ја доставиле до СОУ Коста Сусинов, Радовиш.

„Останува  училитетето да склучи договор до превизниците“ рече Ристов во врска со овој проблем.

Конче

Општина Конче заедно со граѓаните ќе го креира Буџетот за наредната година

Avatar

Published

на

Општина Конче започнува со средби со граѓаните со цел прибирање на предлози и идеи за креирање на општинскиот Буџет за наредната година.

„Ве повикуваме да се вклучите со Ваши идеи и проекти за изготвување на БУЏЕТ за 2024 година. Сите идеи доставени до Општина Конче, ќе бидат разгледани и согласно потребите планирани и креирани во наредниот Буџет. Започнуваме на 10.12.2023 год. во училишна зграда Дедино со почеток во 12 часот. Продолжуваме во Конче , во дом на културата со почеток во 14 часот“ објави градоначалникот Златко Ристов на социјалните мрежи, повикувајќи ги граѓаните да земат масовно присуство.

Прочитај повеќе

Конче

Завршна презентација на проектот NETOURAL кој успешно го спроведе Општина Конче во изминатите две години

Avatar

Published

на

Одржана завршна презентација на проектот NETOURAL кој успешно го спроведе Општина Конче во изминатите две години, прекуграничен проект со република Грција, а во партнерство со здружението Туристички сојуз од Струмица.

Градоначалникот Златко Ристов во своето обраќање спомна што се е направено преку овој проект во Општина Конче и колку е значаен за промовирање на културното и природното наследство.

Преку овој проект во Општина Конче се уредени простории за промовирање на туризмот и за потребите на општината.

Прочитај повеќе

Конче

Општина Конче наскоро ќе започне со изградба на прочистителна станица на отпадни води за населено место Ракитец

Avatar

Published

на

Општина Конче наскоро ќе започне со изградба на прочистителна станица на отпадни води за населено место Ракитец, за што се обезбедени средства и е потпишан договор за реализација на овој проект.

На јубилејната 15-та година од постоењето на Центар на Југоисточен плански регион, градоначалникот на Општина Конче Златко Ристов потпиша договор за реализација на проект-Изградба на прочистителна станица на отпадни води за населено место Ракитец, во вредност од 8.631.200 денари, каде 5.184.482 денари се обезбедени преку ЦРЈИПР, односно Биро за рамномерен регионален развој , а остатокот од општински средства.

„Со тоа се врши заштита на животната средина каде ќе вложиме повеќе средства во иднина…Продолжуваме со грижата за чиста и еколошка средина во сите населени места!“ објави градоначалникот Ристов на социјалните мрежи.

Прочитај повеќе