Connect with us

Радовиш

ИЗВОРНИ МИНИЈАТУРИ -можност за уживање во врвниот музичко-сценски фолклор на концертот на ТАНЕЦ во центарот за култура во Радовиш

Media Press

Published

на

Целовечерен концерт на Националниот ансамбл за македонски народни игри и песни ,,ТАНЕЦ” во Центарот за култура ,,Ацо Караманов” – Радовиш. Можност за едно посебно доживување на сите љубители на врвниот музичко-сценски фолклор. Концертот ќе се одржи на 17 март во Четврток со почеток од  20:00 часот.

Во овој период од седумдесет и три години, народните игри и песни во Македонија Професионалниот ансамбл за народни игри и песни „Танец“, оформија свој единствен, препознатлив музичко-сценски жанр, пред македонската и меѓународната публика. „Танец“ е главната сила што стои зад еден врвен сценскиот репертоар, кој брои повеќе од деведесет кореографски постановки. „Танец“ значел многу во минатото, значи и за сегашноста, но уште повеќе ќе значи за иднината, кога изворниот фолклор целосно ќе исчезне од неговата природна средина и ќе остане да опстојува единствено во архивите и на сцените. Во таа смисла, „Танец“ ќе стане еден од главните столбови, паметникот и фундаментот на македонскиот народен бит од кој ќе црпат знаења сите културно-уметнички друштва во земјава и светот.

Серијата концерти насловени „Изворни минијатури“ е посветен на изворите, Програмата е конципирана врз фрагменти, односно избор од автентични фолклорни творби врз кои се темелат познатите кореографии на ансамблот.

Проектот „Изворни минијатури”е замислен како сценско-едукативен караван низ неколку градови на земјата, вклучително и Радовиш, со кој ансамблот се враќа кон изворите, односно кон никулците од кои р’ти репертоарот на ансамблот „Танец“.

Во богатата ПРОГРАМА публиката ќе може да ги препознае изворните бисери кои со години ги слушала во рамките на антологиските кореографии на „Танец“: Тешкото,(Изворно оро во сценска адаптација од 1950 година), Глувонемо (Изворно оро во сценска адаптација К’лцногаод 2004 година), Копачка (Изворно оро во сценска адаптацијаод 2005 година) Ситното (Изворно оро, дел од кореографската постановка „Пијанец“ од 2013 година), Машкото  (Изворно оро, дел од кореографската постановка „Солунка“ од 1973 година), На трипата (Изворно оро, дел од кореографската постановка „Рудо јагне“ од 2001 година), Патрунино (Изворно оро, дел од кореографската постановка „Егејка“ од 2018 година), Кукурикупетле (Изворно оро, дел од кореографската постановка „Радовишки собор“ од 2019 година), Тоска (Изворно оро, дел од кореографската постановка „Радовишки собор“ од 2019 година).

Потоа, Треченица (Изворно оро, дел од кореографската постановка „Радовишки собор“ од 2019 година), Адана (Изворно оро, дел од кореографската постановка „Раштак“ од 2015 година), Ситналиса (Изворно оро, дел од кореографската постановка „Раштак“ од 2015 година), Женско крстено (Изворно оро, дел од кореографската постановка „Ѓурѓовден“ од 1966 година) Изведува: Ансамбл „Танец“. Малешевка (Изворно оронструментална изведба на оро фрагмент од кореографската постановка „Малешевка“ од 2010 година) Исполнува: Изворниот оркестар на „Танец“.

„Рашири оро ,девојко“ (Изворна песна) „Лено, Јелено“ (Изворна песна) „Тури мајко,тури“ (Изворна песна) „Димитрија, дејгиди, џанам“ (Изворна песна) Исполнува: Машко вокално трио на „Танец“.

„Там дек ќе падни мојта руса коса“ (Изворна песна) „Ој јаворе, јаворе“ (Изворна песна) „Задремала,џанам,млада невеста“ (Изворна песна) „Ој, Јеленчице“(Изворна песна) „Ајде,мала Стана,болна лега“ (Изворна песна) Исполнува: Женско вокално трио на „Танец“

ТАНЕЦ е првиот професионален фолклорен ансамбл во Македонија, кој е формиран во 1949 година со цел да ги собира и негува македонските традиционални песни и игри, народните носии и инструменти, и преку соодветен уметнички израз, сценски да го поставува и претставува она што е највредно од богатата ризница на македонскиот народ. ТАНЕЦ, чие име го симболизира македонскиот народен танц (оро) е амбасадор на македонската народна уметност и култура каде и да се појави – без разлика дали е на најоддалечените континенти или меѓу неговите сонародници и во странство и дома. Како конзерватор на уметноста и жив и подвижен музеј на нашето културно богатство. Танец ја шири низ светот убавината на македонските танци и песни, оставајќи свој белег на сцените во Азија, Америка, Австралија, Африка и секаде низ Европа.

Во текот на своите 72 години од своето постоење, ТАНЕЦ има учествувано на повеќе од 5000 концерти и фестивали, пред преполните концертни сали во: Њујорк, Сиднеј, Мелбурн, Тел Авив, Рим, Париз, Лондон, Монтреал, Торонто, Аделаида, Мелбурн … Ансамблот не препознава ниту граници, ниту растојанија. Се чувствува како дома насекаде и вратите му се широко отворени каде и да оди.

Ансамблот ТАНЕЦ поседува уникатна збирка на оригинални традиционални носии со исклучителна вредност и убавина, од различни региони во земјата (повеќе од 2000 автентични носии), така што секој концерт на Ансамблот обезбедува единствено аудио-визуелно искуство на публиката ширум светот. Репертоарот се состои од повеќе од деведесет кореографии и неколку стотици вокални, инструментални и вокално-инструментални творби, преку кои ансамблот ги претставува богатите разновидни изворните бисери.

Влез : 150 денари.

Радовиш

Радовиш, домаќин на САЕМ ЗА ЛОКАЛЕН РАЗВОЈ – ЛАГ ЕКСПО 2022

Media Press

Published

на

Денес за прв пат во Радовиш, но и во Македонија се одржува САЕМ ЗА ЛОКАЛЕН РАЗВОЈ – ЛАГ ЕКСПО 2022. Учесници се тимот на Програмата на УСАИД за развој на заедницата, имплементирана од Мрежата за рурален развој на Северна Македонија и Балканската мрежа за рурален развој поддржана од We Effect, во соработка со ЛАГ Плачковица како домаќин и ЛАГ Абер 2015, ЛАГ Беласица-Огражден, ЛАГ Бојмија и ЛАГ Малеш-Пијанец како партнери. На настанот се обратија Џери Дајбл, претставничка на Канцеларијата на УСАИД во Северна Македонија и Абдулшуќур Абедини заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство. Помеѓу присутните се и градоначалници на општините од регионот како и претставници од граѓанскиот и приватниот сектор од државата и земјите од Западен Балкан и ЕУ. ЛАГ ЕКСПО 2022 е прв саем од ваков тип во нашата земја каде низ презентации и панел дискусии претставници на Локалните акциски групи (ЛАГ-ови) од Македонија, Албанија, Србија, Косово и Хрватска ги претставија своите активности и дискусии за локалниот развој кој ги засега сите рурални заедници. САЕМСКАТА МАНИФЕСТАЦИЈА започна со свечено отварање од страна на градоначалникот на општина Радовиш г-дин Ацо Ристов. Поставени се штандови од повеќе општини кои ги претставија своите производи и активности кои се реализираат на териториите на ЛАГ-овите Бојмија, Беласица-Огражден, Малеш-Пијанец, Абер 2015 и Плачковица, пропратено со пригодна културно-уметничка програма.Целта на настанот е да се презентираат и да се споделат искуствата на Локалните акциски групи од Република Северна Македонија, како и од земјите на Западен Балкан и Европската Унија согласно LEADER пристапот како дел од политиките за локален/рурален развој.Програмата на УСАИД за развој на заедницата го унапредува одржливиот развој на руралните средини во Северна Македонија преку зголемена вклученост на локалните чинители во препознавање и приоретизација на вистинските потреби на заедницата – при тоа потпирајќи се на сопствените ресурси и на зголемениот ангажман на јавниот, приватниот и граѓанскиот сектор во заедничките социо-економски и еколошки иницијативи.

Прочитај повеќе

Радовиш

Радовиш ќе биде домаќин на САЕМ ЗА ЛОКАЛЕН РАЗВОЈ – ЛАГ ЕКСПО 2022, во организација на ЛАГ Плачковица

Media Press

Published

на

Радовиш ќе биде домаќин на САЕМ ЗА ЛОКАЛЕН РАЗВОЈ – ЛАГ ЕКСПО 2022. На поставени штандови од 18 општини, околу 50 изложувачи ќе ги претстават своите производи и активности кои се реализираат на териториите на ЛАГ-овите. Саемот ќе се одржи во петок, на 23 септември 2022 година, пред Центарот за култура „Ацо Караманов” во Радовиш, со почеток во 14:00 часот, во рамките на Програмата на УСАИД за развој на заедницата, имплементирана од Мрежата за рурален развој на Македонија и Балканската мрежа за рурален развој поддржана од We Effect, во соработка со ЛАГ Плачковица како домаќин и ЛАГ Абер 2015, ЛАГ Беласица-Огражден, ЛАГ Бојмија и ЛАГ Малеш-Пијанец како партнери.

САЕМСКАТА МАНИФЕСТАЦИЈА ќе започне во 14:00 часот, со свечено отварање од страна на градоначалникот на општина Радовиш Ацо Ристов а домаќин ќе биде ЛАГ Плачковица.

ЛАГ ЕКСПО 2022 е прв саем од ваков тип во Радовиш и во Македонија, каде низ презентации и панел дискусии претставници на Локалните акциски групи (ЛАГ-ови) од Македонија, и гостите од Албанија, Србија, Косово Босна и херцеговина и Хрватска ќе ги претстават своите активности и ќе дискутираат за локалниот развој кој ги засега сите рурални заедници.

САЕМСКАТА МАНИФЕСТАЦИЈА ќе започне во 14 часот и ќе трае до 18 часот. Целта на настанот е да се презентираат и да се споделат искуствата на Локалните акциски групи од Република Македонија, како и од земјите на Западен Балкан и ЕвропскатаУнија

Прочитај повеќе

Радовиш

Реализиран настан „Возење велосипеди – промовирање на велосипедот како превозно средство“ во организација на ООУ Никола Карев, Радовиш

Media Press

Published

на

ООУ „Никола Карев“, Радовиш денеска реализира настан „ВОЗЕЊЕ ВЕЛОСИПЕДИ – ПРОМОВИРАЊЕ НА ВЕЛОСИПЕДОТ КАКО ПРЕВОЗНО СРЕДСТВО.

„Настанот се организира по повод Меѓународниот ден на мирот – 21 Септември и Меѓународниот Ден без автомобили 22 Септември, а во согласност со програмата на училиштето за одбележување на еколошки и други важни датуми“, истакна директорот на ООУ Никола Карев, Радовиш, Кире Јанковски.

Настанот се реализира со ученици од предметна настава за време на 4-ти час.

Истиот беше обезбеден со полициска придружба и асистенција на утврдената маршрута, со претходно доставено барање до надлежниот орган, ОВР Радовиш.

Прочитај повеќе