Македонија
Нема простор за паника и за непотребно купување, брашно има доволно за домашниот пазар, смирува Бектеши
Published
2 години agoна
By
Media Press„Има повеќе од доволна количина на брашно во државата, млиновите имаат задоволителна количина на залихи за да ги покријат потребите на домашниот пазар. Нема никаков простор да се создава паника кај граѓаните за непотребно купување на брашно, имајќи во предвид дека сите количини на брашно кои и се потребни на државата ги имаме во моментот“, изјави министерот за економија Крешник Бектеши по денешната посета на млинот „Кокра е арт“ во тетовското село Порој.
– Сакам да ги уверам граѓаните дека имаме доволна количина на брашно во домашните млинови, а цените на основните прехранбени производи во наредниот период ќе се намалуваат како резултат на одлуките коишто го донесе Владата за заштита на граѓаните од ценовни шокови. До крајот на неделата очекуваме целосна стабилизација на пазарот и во зависност од информациите ќе се укине и забраната за извоз која што беше донесена минатата недела. Наш приоритет е да се грижиме за граѓаните и да ги заштитиме од ценовни шокови – рече Бектеши.
Тој додаде дека институциите се во постојана комуникација со српските власти за обезбедување на дополнителни количини на пченица, со цел одредени наши компании производители на брашно кои се извозници во регионот, по стабилизација на пазарот да може и да извезуваат и да станат поконкурентни и во време на криза.
Министерот исто така кажа дека за применување на одлуките на Владата на терен се инспекторите на Државниот пазарен инспекторат.
– Во однос на прекршоците минатата недела ДПИ утврди неколку прекршоци во Скопје во неколку поголеми супермаркети кои се казнети. Се работи за 7 супермаркети кои согласно прекршоците се казнети со по 7.000 евра за непочитување на одлуките – рече Бектеши.
Поврзани содржини
Субвенции од 20.000 денари за ПВЦ прозорци, 15.000 денари за топлински пумпи и 80.000 денари за фотонапонски централи во домаќинствата, најави Владата
Се замрзнуваат цените на тоалетната хартија, влошките, влажни марамчиња, пелените
Државните институции заштедиле електрична енергија и во октомври најмалку за 15 отсто
Ограничените маржи на основните прехранбени производи ќе останат до крај на годината, владата донесе одлука
Маржата за трговија со струја ограничена на 10%, крајниот снабдувач ќе наплаќа 20% маржа
Граѓаните од 1 јули ќе може да поставуваат соларни панели за сопствени потреби, а вишоците електрична енергија ќе ги продаваат
Избори 2024
Апасиев од Велес: На овие избори одиме на двоцифрен број пратеници
Published
9 часа agoна
април 19, 2024By
Media PressВчера и официјално Левица ја започна кампањата за Парламентарните избори 2024 од Велес. Во присуство на огромен број граѓани, претседателот на #Левица, Димитар Апасиев заедно со претседателскиот кандидат проф. д-р Билјана Ванковска и носителот во ИЕ 3, Борислав Крмов се обратија пред велешани.
„На овие избори одиме на двоцифрен број пратеници, а на наредните СДС мора да падне под 10 пратеници и да исчезне, а Левица ќе има над 30 пратеници“ порача лидерот на партијата Апасиев.
Избори 2024
Димитар Ковачевски од Гевгелија: ВМРО-ДПМНЕ не нуди никаков план за јасен напредок во евроинтеграциите
Published
10 часа agoна
април 19, 2024By
Media Press„Со Мицкоски и ДПМНЕ е можно само враќање назад во изолација и режим, далеку од Европа. Ништо не е променето во ДПМНЕ, тоа е истата режимска партија, која сее раздор, навреди, омаловажувања и закани, која на граѓаните може да им понуди враќање во минатото и изолација“, ова го истакна претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски во обраќањето на митингот на СДСМ и Коалицијата за европска иднина во Гевгелија .
Тој додаде деја ВМРО-ДПМНЕ не нуди никаков план за јасен напредок во евроинтеграциите. „Напротив, се слушаат нивни изјави каде велат дека не треба да станеме членка сто години, а можеби и никогаш. Тоа е доказ дека ја продолжуваат политиката на Никола Груевски. Со нив, Македонија ќе се врати во чекалниците на ЕУ и во темното минато на недемократските процеси“, истакна Ковачески.
Избори 2024
Мицкоски од Охрид: Нашата цел е да ја вратиме Македонија во рацете на народот
Published
11 часа agoна
април 19, 2024By
Media Press„Почнуваме силно и одлучно, во финалната трка од која ќе победи народот на Македонија.„Платформа 1198″ е светилник на надежта, најдобрата изборна програма досега – за преобликување на иднината и јасна траекторија за успех на државата“, порача лидерот на ВМРО- ДПМНЕ Христијан Мицкоски на митингот во Охрид од каде ја стартуваа изборната кампања за парламентарните избори.
„Стојам денес пред вас на неколку дена од првиот круг на претседателските избори, и ви кажувам одговорно и гордо – победуваме!
Нашата цел е да ја вратиме Македонија во рацете на народот! И да ја одземеме од рацете на 100-тина функционери од ДУИ и нивните измеќари од СДСМ!
Победата мора да е голема за да видат сите оние кои се прашуваат дали народот ќе дојде по своето, за да им докажеме и на најголемите скептици кои го потценуваат овој народ, дека Македонија и нејзините граѓани се горди и достоинствени и дека доаѓаат по своето, доаѓаат по својата единствена татковина Македонија. Доаѓаат да си ја земат државата во свои раце, затоа што лошо се живее, затоа што институциите се распаднати, затоа што државата е киднапирана од неколкумина од ДУИ и СДСМ и нема набавка или тендер кој не е злоупотребен, нема работник кој не е разочаран, нема пензионер кој не е загрижен, нема доктор и инженер кој не се прашува што бара тука, нема млад кој не е скептичен, и ретко човек кој не помислил дали да си оди од овде. Накусо нема надеж и сон кои не се уништени“ истакна Мицкоски на митингор во Охрид.