Радовиш
Ќе има ли доволно огревно дрво за граѓаните и по која цена, од Подружница Плачковица -Радовиш смируваат

Published
2 месеци agoна
By
Media PressГраѓаните да не паничат ќе има доволно огревно дрво и за оние кои не склучиле досега договор, велат од ЈП „Национални шуми“, Подружница – Плачковица. Според раководителот Ивана Божинова поради големиот интерес за краток временски период, биле принудени да престанат со склучување договори. Но по завршувањето на тендерската постапка за сеча и превоз, како што рече Божинова ќе продолжат со склучуване на договори.

Онаку за околу еден месец биле склучени договори за 7.000 метри кубни огревно дрво за следната грејна сезона, а само за споредба за минатата сезона биле испорачани вкупно 12.000 метри кубни.
Од Подружница Плачковица велат дека огревно дрво има доволно согласно планираната количина.

Цените засега се непромените но има најава за промена на истите, за што граѓените ќе бидат известени. Еден кубик дабово дрво се продава по цена од 2450 денари како и претходните години, а еден метар кубен бука се продава по 2370 денари . Покрај овие два вида огревно дрво има и друга категорија за која за еден кубик купувачите треба да се издвојат 1860 денари.
Инаку во јавноста се шират информации дека во моментот само приватните компании продаваат огревно дрво, но според тоа што го утврдивме на терен во овој период и тие не испорачуваат, и по се изгледа ќе ја анализираат состојбата, како енергетската криза ќе се одрази врз цената. Според она што го дознаваме тие вршат сеча на огревно дрво од закупени проватни шуми.
Радовиш
Пожарникарите од ТППЕ од Радовиш одржаа показна вежба за брза интервенција при појава на пожар

Published
4 часа agoна
мај 19, 2022By
Media Press
ТППЕ од Радовиш денеска одржа ЕДНА ОД РЕДОВНИТЕ показни вешби за брза реакција при појава на пожари, која што се одржа во кругот на Спортската сала „25 Мај“ во Радовиш.

„Ова ќе биде редовна пракса и ќе се одржува еднаш месечно за подготвеноста да бида на повисоко ниво“, рече градоначалникот Ацо Ристов кој беше присутен при одржувањето на вежбата.
Екипата од ТППЕ покажа висока подготвеност доколку има потреба за брза реакција за интервенција на пожар на височина. Во вежбата беа вклучени три противпожарни возила.

Радовиш
ОО на СДСМ, Радовиш: Поминаа шест месеци локална власт на ВМРО -ДПМНЕ во Радовиш, нови проекти нема

Published
1 ден agoна
мај 18, 2022By
Media Press
ОО на СДСМ од Радовиш на денешната прес конференција со обвинување, за шест месеци локална власт на ВМРО ДПМНЕ во Радовиш, промовираат само проекти започнати од претходната власт. Од СДСМ прашуваат каде се најавените капитални проекти како што е нвиот Градски пазар во Радовиш, градскиот рекреативне центар со парк покрај Канлиевата воденица и други.
Радовиш
Општина Радовиш се приклучува кон кампањата „Мојот данок, за мојата општина!“

Published
1 ден agoна
мај 18, 2022By
Media Press
Општина Радовиш како партнер-општина на Проектот на УСАИД за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите се приклучува кон кампањата „Мојот данок, за мојата општина!“
Едукативната кампања „ Мојот данок, за мојата општина! “има за цел да ја информира јавноста дека плаќањето данок на имот е должност на секој граѓанин-даночен обврзник, но во исто време и придонес на поединецот за градење на подобра иднината на општината.
„Доколку поседувате имот во одредена општина, тогаш автоматски сте даночни обврзници со законско право на даночно решение за вашиот имот, но, и законска обврска и лична должност за навремено подмирување на данокот.
Секој граѓанин-даночен обврзник треба да знае дека со навремено подмирувамена данокот на имот, го полни директно општинскиот буџет, преку кој се реализираат сите планирани јавни и инфраструктурни проекти. Со ова, едноставно кажано, секој од нас лично придонесува за развојот на општината, која во иднина ќе ја красат: нови градинки, нови игралишта, нови улици, нови училишта, ново осветлување, нови паркови, еколошки проекти, нови проекти за економски развој.
Оваа кампања оттаму, цели и да придонесе кон навремено и прецизно информирање на даночните обврзници за сите права и обврски, како и правата и обврските на општината поврзани со данокот на имот“, велат од Општина Радовиш.

ООУ Крсте Петков Мисирков од Радовиш потпиша договор за збратимување со училиште од Ташкопру, Општина Јалова од Турција

Пожарникарите од ТППЕ од Радовиш одржаа показна вежба за брза интервенција при појава на пожар

ОО на СДСМ, Радовиш: Поминаа шест месеци локална власт на ВМРО -ДПМНЕ во Радовиш, нови проекти нема

Платите во образование од септември ќе бидат зголемени во просек од над 3.500 денари
