Радовиш
Во завршна фаза се започнатите работни на улицата „Кејска“ покрај Радовишка река

Published
2 месеци agoна
By
Media Press
Во завршна фаза се започнатите работни активности на улицата „Кејска“ и улицата бр. „2“ во Радовиш. Како што дознаваме од Општина Радовиш следува фаза на асфалтирање, со што кејот покрај Радовишка река ќе добие урбан изглед.

Поврзани содржини
Одржана првата бизнис средба во Радовиш
Од понеделник во ОНБ „Браќа Миладиновци„ во Радовиш „САЕМ НА КНИГИ 2022“
Пуштена во употреба новата Сала за венчавање – „Музеј на љубовта и уметноста“ во Радовиш
„САЕМ НА КНИГИ 2022“ ќе се одржи во Општинска народна библиотека „Браќа Миладиновци„ Радовиш
Радовишките пожарникари учествуваа во обука за давање на прва помош одржана од НАТО контингентот во Македонија
Општина Радовиш потпиша меморандум за соработка со УТМС за 15 стипендии
Радовиш
Околу 300 дечиња од ДГ„ Ацо Караманов“ од Радовиш се подготвуваат за одржување на големата завршна приредба

Published
20 часа agoна
мај 16, 2022By
Media Press
Околу 300 дечиња од ДГ „Ацо Караманов“ од Радовиш се подготвуваат за одржување на завршната приредба која традиционачно секој година се одржува по повод испраќањето на идните првачиња во прво одделение.
Овие денови односно на 16 и 18 мај се одржуваат генерланите проби за дечињата подготвени да се претстават пред своите родители и роднини.
„Завршната приредба ќе се одржи во четврток на 19 мај, со што на свечен начин околу 170 дечиња ќе бидат испратени во прво одделение“ рече диркеторката на градинката Љупка Тренчева, која активно беше вклучена во подготовките и генералните проби.

Радовиш
Избрани нов Лидер и нови членови на Координативното тело на Клубот на млади на Црвен крст Радовиш

Published
1 ден agoна
мај 16, 2022By
Media Press
Во просториите на Општинската организација на Црвен крст Радовиш, на 14 мај во саботата беше одржана Конститутивно-изборна седница на која се спроведоа изборите на Клубот на млади на Црвен крст Радовиш за мандатниот период 2022-2024 година.
Конститутивно-изборната седница ја отвори досегашниот ВД Лидер на Клубот на млади Илина Сандева.
Со тајно гласање на членовите за Лидер на Клубот на млади на Црвен крст Радовиш беше избрана Ангела Георгиева, додека пак за Заменик-лидер беше избрана Памела Митева. Избрани беа и членовите на Координативното тело на Клубот на млади на ОО на Црвен крст Радовиш: Ангела Георгиева -Лидер, Памела Митева -Заменик лидер, Александра Донева, Лина Ристова, Ангела Јанкулова, Дајана Гавалугова и Елена Ташкова
За претставник во Советот на млади на Црвен крст на Република Македонија беше избрана досегашниот ВД лидер на Млади- Илина Сандева.

Градоначалникот на Општина Радовиш Ацо Ристов ја одржа првата бизнис средба со претставниците од бизнис секторот во општината.
Според градоначалникот Ристов моторот кој ја придвижува општината е стопанството и бизнис секторот и без успешна релација и соработка со бизнис секторот нема успешна општина.

„Во развиените општества, деловниот ручек на Градоначалникот со стопанствениците е редовна активност – така ќе биде и кај нас. Оваа соработка ја подигаме на највисоко ниво, се со цел заеднички да се избориме за поубав живот на нашите сограѓани“ рече градоначалникот Ристов.

„Ќе продолжиме со чести средби и ќе ги вложиме сите заеднички напори за Радовиш да биде град со кој ќе се гордееме – креирајќи убава иднина за младите генерации. Радовиш е се што имаме. Продолжуваме заеднички да го градиме“ додаде Ристов.
Првата бизнис средба во вид на деловен ручек беше одржана во ресторан Амбасадор во Радовиш и според она што можеше да се забележи на лице место, имаше голем одзив.


Околу 300 дечиња од ДГ„ Ацо Караманов“ од Радовиш се подготвуваат за одржување на големата завршна приредба

Активности со боева муниција на место викано „Караорман“, Општина Гевгелија

Избрани нов Лидер и нови членови на Координативното тело на Клубот на млади на Црвен крст Радовиш

Одржана првата бизнис средба во Радовиш
