Connect with us

Македонија

Владата го ограничи извозот на одделни житарици, брашно, сончоглед и сончогледови масла

Media Press

Published

на

Владата донесе Одлука, ќе се  ограничува извозот на одделни стоки.

Според оваа одлука се ограничува извозот на пченица, јачмен, пченка, брашно од пченица и наполица, семе на сончоглед, како и масла од семе од сончоглед.

Владата одлуката за ограничување на извозот на овие стоки ја донесе како превентива за да се избегнат шпекулативни дејствија на трговците и производителите и за заштита на домашното производство, домашниот пазар и граѓаните.

Оваа одлука е донесена како реципрочен одговор на сличните мерки што ги донесоа земјите во регионот.

Во образложението за оваа одлука Владата напоменува дека во Македонија, количини на пченица и пченка во приватните млинови, кои се различни од стоковите резерви, има доволно. Тука станува збор за количини за покривање на домашните потреби, односно во млиновите во земјата има преку 50.000 тони залихи од пченица, преку 10.000 тони пченка и над 8.000 тони јачмен, што се должи и на растот на домашното производство на пченица од 195 илјади тони во 2017 година, на 253 илјади тони во 2021 година.

Воедно, од Владата напоменуват дека стоковите резерви на основните производи како што се пченица, пченка, јачмен, сончогледово масло, нафтени деривати, и другите производи, ги има во доволни количини и нема потреба од дополнителна интервенција.

Македонија

Дијалогот со СОНК продолжува договорена следна средба на 17 мај

Media Press

Published

на

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска вчера оствари средба со претседателот на СОНК, Јаким Неделков, на која присуствуваа и претставници на синдикатот и Министерството за труд и социјална политика.

На средбата како што информираат од МТСП се разговарало за барањата кои се дел од одлуката за штрајк на вработените во детските градинки, а за кои во изминатиот период не бело отворена дискусија.
Исто така, се отворило и прашањето за платите на вработените за време на штрајк.
На состанокот било договорено дека дијалогот продолжува и воедно се договорила следна средба на 17.мај со цел изнаоѓање на решенија во рамки на позитивните законски прописи.
Страните разговарале и за формирање на работна група за нов Колективен договор за предучилишните установи, чија важност истекува со месец јуни.
„Новиот Колективен договор треба да понуди нови решенија кои ќе значат унапредување на предучилишното згрижување и воспитување“, вели министерката Тренчевска.

Прочитај повеќе

Македонија

Македонската претставничка Андреа Коевска не успеа да се избори за пласман во големото финале на Евросонг

Media Press

Published

на

Македонската претставничка на Евровизија 2022 Андреа Коевска не успеа да се пласира во финалето по настапот синоќа на евровизиската сцена во Торино.

Во второто полуфинале на Евровизија 2022 настапија 18 земји а само десет се изборија за место во финалето.

Македонската претставничка ја испеа „Circles“ во рамките на втората полуфинална вечер, но за жал не успеа да се избори за пласман во големото финале на Евросонг во Торино и се враќа дома.

Андреа настапи под реден број 11 и ја претставуваше Македонија.

Нејзиното учество беше неизвесно откако таа случајно или не, го фрли знамето на тиркизниот килим на отворањето на Евровизија за да се фотографира без него. Тоа предизвика лавина негативни коментари и осуда од јавноста, но и од Македонската Радио Телевизија.

Прочитај повеќе

Македонија

Потсетување до сите сточари, во тек е повикот за набавка на силоси за сточна храна

Media Press

Published

на

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги потсетува земјоделците – сточари дека во тек е јавен повик за набака на силоси за сточна храна со капацитет до 25 тони од мерката 121 „Инвестиции за модернизација на земјоделски стопанства“, подмерка 121.9 – Набавка на силоси.

Средствата се наменети за инвестиции за набавка на силоси за житни и индустриски зрнести култури (јачмен, овес, ‘рж, тритикале и пченка) во сточарството со максимален капацитет од 25 тони, предвидени со Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2022 година.

„ Ваков јавен повик се објавува за прв пат и има за цел да им помогнеме на сточарите да ги зголемат складишните капацитети за сточна храна. Максималната кофинансирана вредност на прифатливи трошоци по корисник за Мерка 121.9 изнесува еден милион денари. Средствата се доделуваат за период на реализација на деловниот план и се исплаќаат на годишно ниво“, информираат од МЗШВ.

Барателите на финансиска поддршка за овој јавен повик треба да го исполнат единствениот критериум наведен во јавниот повик , a тоа е да се регистрирани земјоделци – сточари со регистрирано одгледувалиште во Агенција за храна и ветеринарство и истото запишано во Единствениот регистар на земјоделски стопанства при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

За да можат да аплицираат на јавниот повик, барателите на финансиска поддршка треба да креираат електронско барање за финансиска поддршка со податоци за локација на инвестицијата, податоци за инвестицијата и електронски да ги прикачат потребните документи. Еден барател може да поднесе само едно барање за оваа мерка. Барањата кои не се поднесени електронски на e-baranje.ipardpa.gov.mk нема да се разгледуваат.

Барателите кои ги исполниле условите, се рангираат со бодување утврдено во Правилникот за поблиски критериуми за избор на корисници по мерките за рурален развој,  при што барањата со ист број на бодови ќе се рангираат според датумот и времето на поднесување на електронското барањето на e-baranje.ipardpa.gov.mk. Освен тоа, многу е битно барателите да го имаат предвид условот наведен во јавниот повик а тоа е дека не смеат да започнат со реализација на инвестицијата пред потпишување на  Договор за ко-финансирање со Агенцијата.

Освен задолжителното еклектронско аплицирање, сточарите баратели на финансиска поддршка за оваа мерка, потребно е документите да ги достават и во хартиена форма во писарницата на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, или за да биде појасно потребно е електронски пополнетите барања за финансиска поддршка да се превземат, испринтаат и потпишат и заедно со целокупната пропратна документација да се достават до Агенција. Писарницата на Платежната агенција врши прием на барања секој работен ден од 08:30 до 16.00 часот.

Прочитај повеќе