Connect with us

Струмица

Триесетина маски со околу 1000 учесници беа дел од официјалната поворка на Струмичкиот карневал

Media Press

Published

на

Традиционалниот маскенбал, главната карневалска вечер и детскиот карневал, уште еднаш потврдија дека струмичани се вистински мајстори за забава под маски. Радовишките „Газели“ од студиото за модерен балет, исто така беа дел и од овогодишниот Струмички карневал

Иако временски услови не беа баш наклонети, сепак имаше голем број посетители кои уживаа во струмичката карневалска магија. Ова потврдува дека и на струмичани и на гостите им недостасуваше карневалот кој две години не се одржуваше поради пандемијата од Ковид 19. Триесетина маски со околу 1000 учесници беа дел од официјалната поворка на новото издание на струмичкиот карневал. Градоначалникот на Општина Струмица Костадин Костадинов и неговата сопруга беа маскирани во гроф и грофица.

И на трите настани, како дел од богатата понуда на годинашното издание на Струмичкиот карневал, имаше богата и разновидна понуда на маски во кои имаше вложено многу труд, љубов и почит кон вековната карневалска традиција.

Карневалските празнувања продолжуваат денеска со објавувањето на резултатите за најуспешните маски од карневалската вечер во Центарот за култура „Антон Панов“, а на градскиот плоштад традицонално на чист понеделник, ќе се вари и јаде бел грав.

Вечер ќе биде отворена изложбата на карикатури и афоризми и ќе се доделуваат наградите од наградниот конкурс

Струмица

Во текот на вчерашниот ден се случиле две сообраќајни несреќи во струмичко

Media Press

Published

на

Вчера во 05.30 часот во СВР Струмица било пријавено дека на локален пат кој води од крстосница со магистрален пат А4 кон село Доброшинци, струмичко, В.В.(54) од село Чанаклија, струмичко, управувајќи товарно моторно возило „ивеко“ со струмички регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и излетал од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот А.М.(38) од Струмица, а возачот и сопатникот С.Р.(26) од Струмица се здобиле со телесни повреди, констатирани во Медицински центар Струмица. Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица.

Исто така вчера околу 15.50 часот во СВР Струмица било пријавено дека на улица „24-ти Октомври“ во Струмица, М.К.(25) од село Дабиле, струмичко, управувајќи мотоцикл „сузуки“ со струмички регистарски ознаки, удрил во паркирано патничко моторно возило „шевролет“ со струмички регистарски ознаки.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, кој бил пренесен во Медицински центар Струмица, а увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица.

Прочитај повеќе

Струмица

Започнаа инфраструктурните активности за изградба и обележување на велосипедски патеки во Струмица

Media Press

Published

на

Започнаа инфраструктурните активности за изградба и обележување на велосипедски патеки во градот Струмица со што Проектот „Струмица – Паметен вело град“ станува реалност.

Градоначалникот Костадин Костадинов со соработниците и претседателот на Советот Марјан Даскаловски и членови на истиот извршија увид во стартните активности.

„Урбаната мобилност со велосипед има огромен потенцијал во Струмица бидејќи најголем дел од патувања се на блиски растојанија, а поголем дел од градот е на рамен терен. Велосипедот е транспорт погоден за климата, погоден за здравјето на човекот, погоден за семејниот буџет. Градежните работи за изградба и обележување на велосипедските патеки во Струмица ќе траат 12 месеци. Вкупната инвестиција изнесува 295.000 евра. Овие средства се 100% донација од Европската Унија“ изјави градоначалникот Костадинов.

Прочитај повеќе

Струмица

Заврши 30-то издание на Фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“ во Струмица, со балетската претстава „Болеро“

Media Press

Published

на

Со балетската претстава „Болеро“ од Морис Равел во кореографија на Саша Евтимова, а во изведба на Македонската опера и балет, синоќа заврши 30-то издание на Фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“.

Оваа балетска претстава беше одиграна во чест на актерката Дарија Ризова која ја доби наградата за најдобро актерско остварување. Ризова наградата ја доби за улогата на Маша во претставата „Нема да биде крај на светот“ по текст на Аднан Лугониќ, во режија на Нина Николиќ, копродукциска претстава на Македонскиот народен театар, Перипетија продукција-Скопје и Сараевскиот воен театар САРТР- Сараево.

Наградата која се состои од златен медалјон со ликот на Шишков и парична награда во износ од 1.500 евра, на Ризова и ја врачи претседателот на Советот на општина Струмица, Марјан Даскаловски.

Тој им ги врачи и специјалните награди на актерите Фаик Мефаиловски, Огнен Дранговски и Илина Чоревска, режисерот Васил Христов и на претставата „Злосторство и казна“ во изведба на Драмски куклен тетар од Враца, Бугарија за кои одлука донесе фестивалското жири.

Прочитај повеќе