ЈАВЕН ПОВИК до евидентирани невработени
лица од Општина Радовиш
за вклучување во бесплатни
обуки за: Асистент
за нега на лица со Алцхајмерова болест. Од Црвен Крст од Радовиш
кој е давател на услугата ги повикуваат сите заинтересирани лица да се се пријават во работниот клуб на Центарот за вработување
најкасно до 15 март, или до
исполнување на предвидениот опфат.
За Црвен Крст – општинска организација Радовиш се предвидени 9 позиции за асистенти за нега на лица со Алцхјмерова болест со завршено минимум основно образование.
Обуките ќе се спроведуваат од страна на верификувани спроведувачи на обуки, и ќе започнат од месец април. За време на спроведувањето на обуката која ќе трае три месеци лицата ќе добиваат и паричен надомест.
“Лицата вклучени во обуките ќе добијат месечен надомест од 9 000 мкд, со вклучено осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионалнa болест и данок на личен доход за времетраењето на обуката.
-Невработените лица кои ќе
ја завршат обуката и успешно ќе го положат предвидениот испит, ќе се стекнат со
Сертификат издаден од верификуваните спроведувачи на обука пропишан од
Министерство за образование и наука.
-Невработените лица кои ќе ја завршат обуката ќе се стекнат со можност за вработување како давател на социјални услуги кај селектираниот правен субјек/работодавач, согласно стручната обука со минимален износ на месечна бруто плата од 30 780 мкд“, стои во Јавниот повик.
При селекција на пријавените кандидати во
обуките критериумите ги утврдуват селектираните субјекти/работодавачи во
соработка со Центарот за вработување и УНДП.
Условите, правата и обврските ќе бидат
уредени со склучување на договор помеѓу Агенцијата за вработување на Република Македонија,
селектираниот правен субјект/работодавач, спроведувачот на обука и
селектираните кандидати.
Заинтересираните невработени лица можат да
го изразат својот интерес и/или да поднесат Пријава во Центарите за
вработување, секој работен ден од 09:00 до 14:00 часот.
Детални информации за мерката може да се
добијат во надлежниот Центар за вработување, на контакт телефоните: 070 384 046
и 071 329 534 или на е-маил адреса rabotaimoznosti.mk@undp.org