Радовиш
ЈАВЕН ПОВИК до невработените лица од Општина Радовиш за вклучување во обуки за асистенти за нега на лица со Алцхајмерова болест
Published
2 години agoна
By
Media PressЈАВЕН ПОВИК до евидентирани невработени лица од Општина Радовиш за вклучување во бесплатни обуки за: Асистент за нега на лица со Алцхајмерова болест. Од Црвен Крст од Радовиш кој е давател на услугата ги повикуваат сите заинтересирани лица да се се пријават во работниот клуб на Центарот за вработување најкасно до 15 март, или до исполнување на предвидениот опфат.
За Црвен Крст – општинска организација Радовиш се предвидени 9 позиции за асистенти за нега на лица со Алцхјмерова болест со завршено минимум основно образование.
Обуките ќе се спроведуваат од страна на верификувани спроведувачи на обуки, и ќе започнат од месец април. За време на спроведувањето на обуката која ќе трае три месеци лицата ќе добиваат и паричен надомест.
“Лицата вклучени во обуките ќе добијат месечен надомест од 9 000 мкд, со вклучено осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионалнa болест и данок на личен доход за времетраењето на обуката.
-Невработените лица кои ќе ја завршат обуката и успешно ќе го положат предвидениот испит, ќе се стекнат со Сертификат издаден од верификуваните спроведувачи на обука пропишан од Министерство за образование и наука.
-Невработените лица кои ќе ја завршат обуката ќе се стекнат со можност за вработување како давател на социјални услуги кај селектираниот правен субјек/работодавач, согласно стручната обука со минимален износ на месечна бруто плата од 30 780 мкд“, стои во Јавниот повик.
При селекција на пријавените кандидати во обуките критериумите ги утврдуват селектираните субјекти/работодавачи во соработка со Центарот за вработување и УНДП.
Условите, правата и обврските ќе бидат уредени со склучување на договор помеѓу Агенцијата за вработување на Република Македонија, селектираниот правен субјект/работодавач, спроведувачот на обука и селектираните кандидати.
Заинтересираните невработени лица можат да го изразат својот интерес и/или да поднесат Пријава во Центарите за вработување, секој работен ден од 09:00 до 14:00 часот.
Детални информации за мерката може да се добијат во надлежниот Центар за вработување, на контакт телефоните: 070 384 046 и 071 329 534 или на е-маил адреса rabotaimoznosti.mk@undp.org
Поврзани содржини
ОО на Црвен Крст – Радовиш, во соработка со ЈЗУ Здравствен Дом -Радовиш, организира бесплатен преглед на очен притисок
Одржана втората обука во Црвен крст Радовиш за регрутирање на млади волонтери
40 крводарители упатија порака низ највисокиот чин на хуманоста во новата 2024 година
ОО на Црвен крст- Радовиш, со пригодна свеченост го одбележаа Светскиот ден на волонтерството 5-ти Декември
ОО на Црвен крст од Радовиш со повеќе активности во месец Ноември, месец за борба против болести на зависности
„Женска акција“ Радовиш реализира проект „Дигитални вештини – Предизвици и можности за жените“
Радовиш
Ликовна изложба „Соочување“ на Томе Даневски во Националната галеријата „Мала Станица“ во Скопје
Published
4 недели agoна
март 23, 2024By
Media PressВчера со почеток во 20.00 ч. во Националната галеријата „Мала Станица“ во Скопје беше отворена самостојна изложба „Соочување“, на ликовниот уметник од Радовиш Томе Даневски, на која беа изложени преку 30-тина дела од истоименатa едиција.
Посетителите ги очекуваше богатство од разиграна колористика со длабоко експресивна тематика, која Ви нуди можност да бидете сведоци на соочувањето на универзалната и теолошката енергија. На изложбата беа присутни и голем број радовишани, роднини и пријатели на Даневски, како и љубители и поддржувачи на уметноста.
Изложбата ќе биде отворена до 25 март.
Радовиш
Бесплатен преглед на очен притисок во очната амбуланта во Здравствен дом – Радовиш, по повод Светска недела на глауком
Published
1 месец agoна
март 14, 2024By
Media PressПо повод неделата на глаукомот, ОО на Црвен Крст – Радовиш, во соработка со ЈЗУ Здравствен Дом -Радовиш, денеска организира бесплатен преглед на очен притисок, во очната амбуланта во Радовиш а утре во просториите на Здравниот Дом – Конче, со почеток од 09:00 до 13:30 часот.
Доктор Весна Пешева Јанковски апелира до граѓаните барем еднаш годишно да направат офталмолошки преглед, со цел навреме да се открие глаукомот. Итересот за прегледи беше голем, само за час и половина беа прегледани 60 граѓани.
Денеска се вршеа прегледи со безконтактен апарат, кој за жал беше позајмен од приватна болница, бидејќи очната амбуланта го нема и мерењето на очен притисок се прави по една посложена процедура со ставање капки за анестезија и со контактен апарт со окото.
Оваа активност Црвен крст – Радовиш, ја организира во рамките на ЦКА – ПХВ програмата, а со цел да се подигне свеста да се прават превентивни прегледи на очен притисок после 40-тата година, како и да се покрене иницијатива за набавка на овој навидум мал но многу вреден апарат.
Инаку на денешните прегледи очен притисок беше измерен кај 125 луѓе. Кај 24 луѓе беше детектиран покачен очен притисок, со понатамошен совет да се направи комплетен офталмолошки преглед со цел поставување на точна дијагноза.
Радовиш
Нарушен јавниот ред и мир во село Подареш, со физичка пресметка помеѓу три лица
Published
1 месец agoна
март 13, 2024By
Media PressВчера во 12.30 часот во Полициската станица Радовиш било пријавено дека околу 12.10 часот во село Подареш, радовишко, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Г.П. и Х.П. од една страна и С.Х. од друга страна, сите од село Подареш .
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопштива СВР Струмица, ПС Радовиш.