Connect with us

Радовиш

ЈАВЕН ПОВИК до невработените лица од Општина Радовиш за вклучување во обуки за асистенти за нега на лица со Алцхајмерова болест

Media Press

Published

на

ЈАВЕН ПОВИК до евидентирани невработени лица  од Општина Радовиш за вклучување во бесплатни обуки за: Асистент за нега на лица со Алцхајмерова болест. Од Црвен Крст од Радовиш кој е давател на услугата ги повикуваат сите заинтересирани лица да се се пријават во работниот клуб на Центарот за вработување најкасно до 15 март, или до исполнување на предвидениот опфат.

За Црвен Крст – општинска организација Радовиш се предвидени 9 позиции за асистенти за нега на лица со Алцхјмерова болест со завршено минимум основно образование.

Обуките ќе се спроведуваат од страна на верификувани спроведувачи на обуки,  и ќе започнат од месец април. За време на спроведувањето на обуката која ќе трае три месеци лицата ќе добиваат и паричен надомест.  

“Лицата вклучени во обуките ќе добијат месечен надомест од 9 000 мкд, со вклучено осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионалнa болест и данок на личен доход за времетраењето на обуката.

-Невработените лица кои ќе ја завршат обуката и успешно ќе го положат предвидениот испит, ќе се стекнат со Сертификат издаден од верификуваните спроведувачи на обука пропишан од Министерство за образование и наука.

-Невработените лица кои ќе ја завршат обуката ќе се стекнат со можност за вработување како давател на социјални услуги кај селектираниот правен субјек/работодавач, согласно стручната обука со минимален износ на месечна бруто плата од 30 780 мкд“, стои во Јавниот повик.

При селекција на пријавените кандидати во обуките критериумите ги утврдуват селектираните субјекти/работодавачи во соработка со Центарот за вработување и УНДП.

Условите, правата и обврските ќе бидат уредени со склучување на договор помеѓу Агенцијата за вработување на Република Македонија, селектираниот правен субјект/работодавач, спроведувачот на обука и селектираните кандидати.

Заинтересираните невработени лица можат да го изразат својот интерес и/или да поднесат Пријава во Центарите за вработување, секој работен ден од 09:00 до 14:00 часот.

Детални информации за мерката може да се добијат во надлежниот Центар за вработување, на контакт телефоните: 070 384 046 и 071 329 534 или на е-маил адреса rabotaimoznosti.mk@undp.org

Радовиш

Општина Конче доби донација од ,,Тика,,

Media Press

Published

на

Вчера Општина Конче доби голема донација од Република Турција- владината организација ,,Тика” предводена од генералниот Кординатор г-дин Halim Omer Soģut , при што беа доделени вкупно четириесет земоделски машини на повеке земјоделци од Република Македонија. Голема благодарност упати градоначалникот на општина Конче, г-н Златко Ристов.

Прочитај повеќе

Радовиш

Околу 420 дечиња годинава се згрижени во детската градинка „Ацо Караманов“, Радовиш

Media Press

Published

на

Детската градинка „Ацо Караманов“ во Радовиш подготвена ги дочека дечињата и оваа година. Околу 420 дечиња се распоредени во воспитни групи во објектите на трите градинки  Управна зграда, Детско изворче и Цветови во Радовиш и центрите за ран детски развој во населените места. Директорката Кистина Бехлимова Трајкова им посака добредојде на сите дичиња потенцирајќи дека секој почеток е предизвик но тие се подготвени.

Со исчистени и дезинфицирани простори, опремени со потребниот дидактички материјал и нагледни средства градинките се подготвени да им обезбедат безбедна и сигурна средина за престој, учење и развој на дечињата.

Прочитај повеќе

Радовиш

Приведени неколку лица во Полициска станица Радовиш, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка

Media Press

Published

на

Утринава околу 06.00 часот во Полициската станица Радовиш биле приведени Д.Ј., М.Ј. и С.П., сите од Радовиш. На 05.08.2022 во 06.00 часот на булевар „Александар Македонски“ во Радовиш бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Д.Ј., М.Ј. и С.П. од една страна и П.В. и Р.Т. од друга страна, сите од Радовиш. Д.Ј. и С.П. биле задржани во Полициската станица, а се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, информира СВР Струмица, Полициска станица Радовиш.

Утринава било приведено уште едно лице во раните утрински часови. Имено во 04.50 часот во Полициската станица Радовиш бил приведен Ф.Ј.(20) од Радовиш затоа што на улица „Илија Алексов“ во Радовиш агресивно се однесувал кон полициски службеници кои вршеле работни задачи. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно расчистување на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Прочитај повеќе