Connect with us

Струмица

Струмица останува верна на традицијата, започна Струмичкиот карневал

Media Press

Published

на

Со симболичното предавање на клучот од градот од страна на градоначалникот Костадин Костадинов на претседателот на Организациониот одбор на карневалот, Александар Цицимов, на платото пред Центарот за култура „Антон Панов“, синоќа, свечено беше отворено годинашното издание на Струмичкиот карневал.

„Нема ништо поубаво од чувството на задоволство, поради фактот дека Струмица и струмичани остануваат верни на негувањето на својата вековна традиција под маски. По пауза од две години, поради пандемијата од Ковид – 19, овој наш град повторно има причина да се радува и со полни гради да ги живее еднонеделните Карневалски свечености“, рече градоначалникот Костадин Костадинов во своето обраќање.

Струмица

Во текот на вчерашниот ден се случиле две сообраќајни несреќи во струмичко

Media Press

Published

на

Вчера во 05.30 часот во СВР Струмица било пријавено дека на локален пат кој води од крстосница со магистрален пат А4 кон село Доброшинци, струмичко, В.В.(54) од село Чанаклија, струмичко, управувајќи товарно моторно возило „ивеко“ со струмички регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и излетал од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот А.М.(38) од Струмица, а возачот и сопатникот С.Р.(26) од Струмица се здобиле со телесни повреди, констатирани во Медицински центар Струмица. Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица.

Исто така вчера околу 15.50 часот во СВР Струмица било пријавено дека на улица „24-ти Октомври“ во Струмица, М.К.(25) од село Дабиле, струмичко, управувајќи мотоцикл „сузуки“ со струмички регистарски ознаки, удрил во паркирано патничко моторно возило „шевролет“ со струмички регистарски ознаки.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, кој бил пренесен во Медицински центар Струмица, а увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица.

Прочитај повеќе

Струмица

Започнаа инфраструктурните активности за изградба и обележување на велосипедски патеки во Струмица

Media Press

Published

на

Започнаа инфраструктурните активности за изградба и обележување на велосипедски патеки во градот Струмица со што Проектот „Струмица – Паметен вело град“ станува реалност.

Градоначалникот Костадин Костадинов со соработниците и претседателот на Советот Марјан Даскаловски и членови на истиот извршија увид во стартните активности.

„Урбаната мобилност со велосипед има огромен потенцијал во Струмица бидејќи најголем дел од патувања се на блиски растојанија, а поголем дел од градот е на рамен терен. Велосипедот е транспорт погоден за климата, погоден за здравјето на човекот, погоден за семејниот буџет. Градежните работи за изградба и обележување на велосипедските патеки во Струмица ќе траат 12 месеци. Вкупната инвестиција изнесува 295.000 евра. Овие средства се 100% донација од Европската Унија“ изјави градоначалникот Костадинов.

Прочитај повеќе

Струмица

Заврши 30-то издание на Фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“ во Струмица, со балетската претстава „Болеро“

Media Press

Published

на

Со балетската претстава „Болеро“ од Морис Равел во кореографија на Саша Евтимова, а во изведба на Македонската опера и балет, синоќа заврши 30-то издание на Фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“.

Оваа балетска претстава беше одиграна во чест на актерката Дарија Ризова која ја доби наградата за најдобро актерско остварување. Ризова наградата ја доби за улогата на Маша во претставата „Нема да биде крај на светот“ по текст на Аднан Лугониќ, во режија на Нина Николиќ, копродукциска претстава на Македонскиот народен театар, Перипетија продукција-Скопје и Сараевскиот воен театар САРТР- Сараево.

Наградата која се состои од златен медалјон со ликот на Шишков и парична награда во износ од 1.500 евра, на Ризова и ја врачи претседателот на Советот на општина Струмица, Марјан Даскаловски.

Тој им ги врачи и специјалните награди на актерите Фаик Мефаиловски, Огнен Дранговски и Илина Чоревска, режисерот Васил Христов и на претставата „Злосторство и казна“ во изведба на Драмски куклен тетар од Враца, Бугарија за кои одлука донесе фестивалското жири.

Прочитај повеќе