Македонија

Дали задолжителното носење маски во училиштата ќе премине во право на избор на родителите

Комисијата за заразни болести ќе расправа за епидемиолошката состојба во земјава и дали задолжителното носење маски во училиштата ќе премине во право на избор на родителите, откако скринингот покажа дека нема широка распространетост на вирусот во образовните установи. Од над 2.000 тестирани помалку од 1 процент ученици биле позитивни.

Според информациите од ИЈЗ се намалува бројот на заразени, починати и хоспитализирани од ковид-19. Минатата недела се регистрирани 3.702 нови позитивни случаи, што е намалување од 39,5 отсто во однос на претходната седмица.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 476 нови случаи на Ковид-19 од направени 2.781 тестови. Од нив во југоистокот најголем број во Гевгелија 16, во Радовиш 3 и во Струмица и Богданци по 2 нови случаи.  Од вкупниот број на позитивни во државата 68 се реинфекции. Починале 9 лица, дополнително се пријавени уште 8 починати во период од 16 до 27 февруари. Оздравеле 524 пациенти. Бројот на активни случаи изнесува 3.431, а досега починале 9 027.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

4 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago