Connect with us

Струмица

Со симболичното предавање на клучот на градот од страна на градоначалникот Костадинов на карневалистите, започнува Струмичкиот карневал

Avatar

Published

на

Градоначалникот на Општина Струмица, Костадин Костадинов, денес симболично ќе го предаде клучот од Општината на претставници од Организацијата на Струмичкиот Карневал, охрабрувајќи ги да бидат добри домаќини на гостите и посетителите на Струмица во седмицата која претстои. Со овој чин, овогодинешното, јубилејно издание на карневалот официјално ќе биде прогласено за отворено.

Во претстојните карневалски денови, општината ќе биде домаќин на голем број туристи и посетители, а во Струмица ќе пристигнат и високи претставници и членови на Федерацијата на Европски Карневалски Градови – ФЕКГ од Шведска, Словенија, Србија, Германија, Холандија, Турција, Хрватска, и многу други.

Драго ми е што по две години пауза, Струмица повторно ќе ги обедини љубителите на автентичните маски и паради на нашиот културен идентитет. Денес и официјално ќе го предадам “клучот“ од Општината на Карневалот и со овој потег пред сѐ, пожелувам уште едно успешно струмичко чудо кое ќе го збогати нашето секојдневие. Воедно, ги охрабрувам Организаторите, како добри домаќини да ги пречекаат нашите овогодинешни гости – еминентни претставници на Федерацијата на Европски Карневалски Градови, кои на мое задоволство ги има во голем број.“ – изјави Градоначалникот на Општина Струмица, г-дин Костадин Костадинов.

Со учество во карневалот, покрај домашните карневалисти, ќе се приклучат и познати карневалски групи од Балканот, меѓу кои и познатата Афро-Бразилска перкусиона група “Paranauê“ од Солун, Грција, кои повеќе од 20 години се дел од сите поголеми карневали во Грција, а настапувале и како предгрупа на светски познати ѕвезди, меѓу кои и Боб Дилан и Ману Чао.

Оваа година, карневалските празнувања ќе траат 8 дена, завршувајќи на 9. март, на празникот “Тримери“ со традиционалниот тримерски ручек и враќање на клучот од Општината. Главната карневалска вечер ќе се одржи на 5. март (сабота), додека карневалското дефиле ќе се одвива по скратена маршрута.

Во деновите на карневалското празнување ќе се одржат повеќе активности, меѓу кои концерт под маски на музичкото училиште „Боро Џони”, детски карневал, доделување награди на најдобрите карневалски маски, афоризми, карикатури и литературни творби на тема – “карневал“. Покрај редовните активности, во знак на јубилејот – 30 години организирано одржување на Струмичкиот Карневал, ќе се одржи и промоција на монографија.

прикажи повеќе
Advertisement

Струмица

Пред два дена исчезнало лице со нарушно здравје од својот дом од Струмица

Avatar

Published

на

На 09.12.2023 година во Полициската станица Струмица, Т.Д.(64) од Струмица пријави дека од домот се оддалечил неговиот син М.Д. (29), кој бил со нарушено здравје. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Прочитај повеќе

Регион

Пронајдена и одземена марихуана, пријава за физички напад, дел од вчерашниот билтен на СВР Струмица

Avatar

Published

на

На 22.11.2023 година во 21.25 часот во Струмица, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица го лишиле од слобода Н.Ш.(23) од Струмица. При преглед на патничко возило „фиат“ со струмички регистарски ознаки, кое го управувал, била пронајдена и одземена марихуана. За настанот бил запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по документирање на случајот против Н.Ш. ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 22.11.2023 во 10.25 часот во Полициската станица Струмица, Ж.Т.(64) од Струмица пријавила дека на 20.11.2023 во Струмица била физички нападната од Е.К.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 22.11.2023 во 11.50 часот во Полициската станица Струмица Е.А.(68) од село Радичево, струмичко, пријавила дека во село Радичево била касната од куче скитник.

Прочитај повеќе

Струмица

Завршија сите планирани јавни собири со граѓаните од урбаните и месните заедници во Општина Струмица

Avatar

Published

на

Во населените места Добрејци и Просениково се одржаа последните средби со граѓаните од Општина Струмица, со што и завршија сите планирани јавни собири со граѓаните од урбаните и месните заедници.

На средбите градоначалникот Костадин Костадинов со неговиот тим, советници и претставници на општинските јавни претпријатија, со граѓаните разговараа на актуелни теми, ги разгледуваа реалните потреби и ги утврдија приоритетните проекти коишто ќе се реализираат следната година со средства од општинскиот буџет, информираат од општината.

„Со јавните собири и буџетскиот форум, општина Струмица уште еднаш го потврди високото ниво на транспарентност и отчетност во своето работење и активното учество на граѓаните во креирањето на локалните политики и општинскиот развој“ вели градоначалникот Костадин Костадинов кој е иницијатор на ваквите средби со цел активно вклучување на граѓаните во креирањето.

Прочитај повеќе