Connect with us

Радовиш

Ристов: За еколошки и енергетски независен град Радовиш, склучивме договор од скоро милион евра за проектот зелена топлина

Avatar

Published

на

Градоначалникот на Општина Радовиш Ацо Ристов на денешниот регионалниот отчет „Промени што носат иднина – 100 дена локална власт отчет на ВМРО-ДПМНЕ“ кој се одржа во Гевгелија,  најпрво ги спомна проблемите со кои се соочил со преземањето на функцијата а потоа ги спомна и реализираните проекти

„Во овие 100 дена период на прилагодување, најпрво започнав со студиозен пристап на капацитетите на општинската администрација но и на сите поголеми и помали проекти од различни области, а кои се со подеднакво значење за развојот на општина Радовиш. Но, за жал, уште на почетокот наидов на многубројни и сериозни проблеми и предизвици од неодговорното и несовесно работење на претходната локална власт, истакна Ристов.

Тој додаде дека при своето стапување на функцијата градоначалник затекнал сериозни проблеми во несовесното работење на образовните установи во делот на неискористување на одобрените финансии согласно потребите на учениците и образовниот кадар. Благодарение на сериозниот и практичен пристап, се успеа да се набави потребна количина на наставни помагала и опрема од средства кои доколку не реагирал ќе беа повлечени како неискористени.

„Веднаш започнавме со нова иницијатива за нова законска концесиска надомест од преработка на минерални суровини – односно одлагање на флотациска јаловина во рудникот Бучим, која во иднина ќе претставува сериозна можност за нов прилив во општинскиот буџет, а која итекако ја заслужуваат граѓаните на општина Радовиш. Побарав целосна ревизија на договорот за уличното осветлување и покренав сериозна иницијатива преку сите можни институции за решавање на проблемот со превисоките цени на електричната енергија и очекувам овој сериозен проблем наскоро да добие позитивна завршница“, рече Ристов.

Ристов посочи дека покренал иницијатива преку Министерството за труд и социјална политика за трајно решевање на статутот на вработените во детските градинки согласно закон, а со цел намалување на обврските на општинскиот буџет и превземање на истите од страна на централната власт.

Веднаш по преземањето на одговорноста прв човек на општина Радовиш, го изградивме новиот паркинг простор во урбаната заедница Комуна, рече Ристов за решавање на проблемот околу паркинг просторорот. Тој најави и изградба на нов градски пазар со што ќе го решат проблемот на граѓаните, особено на земјоделците.

„Ќе потенцирам некои од проектите кои се завршени или започнати во првите 100 дена од мојот мандат:

-Асфалтирана е дел од улицата „Бел Камен“;

-Асфалтиран пристапниот пат кон новиот проширен дел на градските гробиштата;

-Асфалтиран пристапен пат од населеното место Штурово до новото планирано излетничко место;

-Изградба на водовод и канализација на ул. кејска и ул 3 во УБ 9;

-Изградба на водовод и канализација на ул. бр 3 во УБ 9;

-Изградена мини брана и акумулирање на вода за наводнување и сточарство во с.Злеово;

-Исчистено речното корито на река Ступница во Подареш;

-Асфалтирање на спортско игралиште во ООУ „Кирил и Методиј“ – Ораовица;

– Реализиран проекот за спроведување на мерки за енергетска ефикасност во ООУ „Кирил и Методиј“;

-Пуштено во употреба подрачно училиште во с.Калаузлија, нагласи Ристов.

Ристов појасни дека исто така во тек се и неколку проекти кои сериозно ќе го подобрат квалитетот на живот во општина Радовиш. Во тек е изградба на мултифункционална сала за венчавки со галерија, изградба на улица Кејска и ул бр. 3 во урбан блок 9.2, изградба на улица бр. 3 во урбан блок 9, изградба на мост на река Марлада, избран е изведувач за изградба на локален пат Дамјан-Погулево.

„Ветивме дека Радовиш ќе биде еколошки и енергетски независен град.

-Набавивме ново возило во јавното претпријатие Плаваја за собирање на комунален отпад, ново после 30 години;

– Воведуваме субвенции за користење на велосипед и изградба на мали фотоволтаични проекти

– И она што е најважно, склучивме договор во износ од скоро милион евра за реализација на проектот зелена топлина“, нагласи Ристов меѓу другото.

Додаде дека за прв пат во Македонија воведуваат централно греење со најсовремена технологија за пет згради во општина Радовиш, со можност за проширување на услугара и кон останатите објекти и станбени згради.

Радовиш

Детската градинка во Радовиш организира работилница за уредување на дворните површини во објектите

Avatar

Published

на

Детската градинка во Радовиш организира работилница за уредување на дворните површини во објектите, во која се вклучија семејствата – родителите, вработените, локалната заедница.

„Тимската работа, дружење и размена на идеи секогаш дава резултати“, велат од градинката, од каде им се заблагодароват на сите оние кои се вклучија да ги разубават дворовите на Објектите, каде што престојуват нивните дечиња.

Прочитај повеќе

Радовиш

Регионална средба во ОНБ „Браќа Миладиновци“ во Радовиш

Avatar

Published

на

Регионална средба на библиотекари од јавни и училишни библиотеки денеска беше одржана во ОНБ „Браќа Миладиновци“ во Радовиш. Тема на расправа на средбата беше „Евидентирање на библиотеките од Македонија и нивно регистирање во светската библиотекарска организација ИФЛА“.

На средбата учествуваа библиотекари од југоисточниот регион, од Валандово, Богданци, струмица и Штип.

Прочитај повеќе

Радовиш

Завршена изградбата на помошен објект при Домот на културата „Ацо Караманов“ во Радовиш

Avatar

Published

на

Успешно заврши проектот „Реконструкција на Домот на културата Ацо Караманов во Радовиш“ за изградба на помошен објект – натстрешница која има за цел оградување на самата зграда на Домот на култура. Оваа нова структура има значајна услужна функција, осигурувајќи полесен пристап од дворот до бината на салата на Домот.

Овој проект е имплементиран од страна на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион со партнерство на о.Радовиш во рамки на Програмата за рамномерен регионален развој, со финансиска поддршка од Бирото за регионален развој.

Прочитај повеќе