Connect with us

Конче

Златко Ристов: Изградба на неколку улици во Општина Конче, дигитализација на општинските услуги, се само дел од проектите во првите 100 дена

Media Press

Published

на

Градоначалникот на Општина Конче Златко Ристов на регионалниот отчет „Промени што носат иднина – 100 дена локална власт отчет на ВМРО-ДПМНЕ“ во Гевгелија, рече дека со преземањето на функцијата наследил многу лоша состојба во општината.

„Иако затекнавме загрижувачка состојба со долг од над 25 милиони денари, тоа не не исплаши и ни дава храброст дека се разликуваме од нашите претходници“, изјави Ристов.

„Систематизација на работни места со ангажирање на работници и исплата на договори за истите со над половина милион денари;

-Потрошени средства за одржување на постоечката механизација и моторни возила, а истите затекнати во катастрофална лоша состојба“, биле дел од проблемите кои ги спомна градоначалникот Златко Ристов.

Тој посочи дека со неговото доаѓање комуникацијата помеѓу граѓаните и локалната самоуправа доби нов квалитет, односно општина за сите граѓани подеднакво без црни листи и црвени линии. Се започна проектот за дигитализација на општинските услуги. Одржувањето на јавната чистота и санирањето на дивите депонии се врши перманентно према капацитетите на ЈПКД Лакавица, посочи Ристов.

„Завршен проектот за реконструкција на довод со каптажи во с.Ракитец;

Направена реконструкција на потисен цевковод за село Габревци;

Во фаза на започнување е доградба на систем за фекална канализација во должина од 3,5 км во Конче;

Завршена реконструкција на дел од колектор на фекална канализација во село Долни Липовиќ;

Во завршна феза е проектот за реконструкција на локален пат село Д. Липовиќ-село Г.Липовиќ во должина од 3,6 км;

Изградба на улици 5,6 и 16 во с. Габревци со вкупна должина од 362 метри;

Започнување на проект за доградба на конаци во манастирот Св.Стефан-Конче“,рече Ристов.

Градоначалникот ги спомна и проектите кои што се предвидени за реализација во тековната 2022 година.

„Уредување на јавните површини,тротоари и паркинзи за сите населени места за кои имаме вкупно предвидени 6 милиони денари, изградба на 4 улици во Конче со вредност од 4 милиони денари, изградба на улица во село Ракитец во должина од 1116 метри, доградба на конак во манастирот Св.Стефан во вредност од 3 милиони и 200 илјада денари“, истакна Ристов на регионалниот отчет во Гевгелија, на кој присуствуваше и лидерот на ВМРО -ДПМНЕ Христијан Мицкоски .

Конче

Практична обука за справување со шумски пожари на пожарникарите од доброволното противпожарно друштво од Општина Конче

Media Press

Published

на

Дирекцијата за заштита и спасување во соработка со Општина Конче реалзира практична обука на противпожарното друштво од Општина Конче за справување со пожари на отворен простор во пресрет на летниот период. Обуката беше спроведена во соработка доброволни противпожарни друштва од Битола, Прилеп и Радовиш а беа вклучени и претставници од ПС од Радовиш и од  Здравствниот дом од Радовиш.

На 27 април се спроведе теоретски дел од обуката по што селдуваше и практичлна обука со  цел да бидат подготвени надлежните институции за справување со природни непогоди пред се  шумски пожари  и пожари на отворен простор.  

Во првиот дел тимовите пожарникари беа запознаени со материјално техничките средства и целата опрема која се користи при гаснење на шумски пожари од страна н Александар Ангелески магистар за заштита од пожари и  координатор на проектот.

Прочитај повеќе

Конче

Спроведена еко акција Генералка Викенд 2022, на локација покрај езерото Мантово, собрани над 200 вреќи отпад

Media Press

Published

на

Околу 100 волонтери во организација на Општина Конче , ЈПКД Лакавица и Рудник Боров Дол, викендот учествуваа во Генералка Викенд 2022 , еко акција која се спроведе на локација покрај езерото Мантово на потегот од Влашки колиби до браната каде беа собрани над 200 вреќи отпад.
За прв пат беше организирано и чистење на езерските води од страна на искусни нуркачи од клуб за подводни активности Охрид.


Од Општина Конче изразуваат благодарност до сите учесници во акцијата која беше спроведена со цел за подигање свеста кај граѓаните за поголема грижа кон природата и зачувување на чиста и здрава животна средина.

Од Општина Конче посебно изразуваат благодарност до компанијата
МЕН ЕНД МАУНТЕН која во соработка со Пакомак и Скопска Пивара  ја организираа акцијата Генералка Викенд на територија на општината односно на езерото Мантово.

Преку собраниот отпад за 10 килограми отпад од Министерство за земјоделство и шумарство и водостопанство и Министерството за животна средина и просторно планирање ќе бидат доделени дрвца кои ќе бидат засадени на територија на општина Конче.

Прочитај повеќе

Конче

Еколошка акција “Генералка Викенд 2022” ќе се спроведе на езерото Мантово

Media Press

Published

на

Општина Конче и ЈПКД “Лакавица” во недела на 08 мај годинава од 09:30 до 13:00 часот, на местото локалитет Влашки колиби на езерото Мантово, ќе организира еколошка акција “Генералка Викенд 2022” во организација со компанијата “Мен енд маунтен” во партнерство со Пивара Скопје и Пакомак.

“Генералка Викенд 2022” ќе се спроведе во викенд населбата и крајбрежјето на езеро Мантово , каде основна цел е да собереме што е можно повеќе отпад кој ќе биде транспортиран до најблиската ПАКОМАК или локална станица за отпад. Со секои 10 кг отпад, се добива едно дрвце за засадување преку Министерството за земјоделство и Министерството за животна средина и се придонесува во засадувањето на нови пристапни шуми. “Генералка викенд 2022”, е една од активностите кои ги спроведуваме за да придонесеме во подигнување на јавната свест за потребата од собирање и рециклирање на отпадот и позитивно да влијаеме за зачувување на животната средина“, велат од Општина Конче.

Оттаму додаваат дека воедно во склоп на “Генералка Викенд 2022” за прв пат под покровителство на Рудник “Боров Дол” и општина Конче ќе се изврши чистење на езерските води со искусни нуркачи од клубот за подводни дејности „Охрид“.

„Упатуваме повик до граѓаните од општина Конче и граѓани од соседните општини што помасовно да се вклучат во акцијата со цел за зачувување и создавање на чиста животна средина“, стои во апелот од Општина Конче.

Прочитај повеќе